Автор: Николоска Биљана
Post Views: 199 Деновиве охрѓани во дел од парковката површина на болничкиот комплекс, во непосредна близина на инсталационите цевки за парно и вода забележале лисица. Според нивните кажувања лисицата била окотена тука бидејќи имало и 5 мали лисици. За оваа појава побаравме одговор од првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Тој беше затечен од состојбата бидејќи денес му беше првиот работен ден после искористување на годишениот одмор. Објективот на нашата камера не ја регистрира лисицата, но имаше видливи траги дека престојувала тука, според ископаните дупки, пердуви од кокошки,...
Почна дислокацијата на такси постојките во Охрид
Post Views: 204 За 10 дена такси постојката на влезот од Горна порта, Кошишта ќе прерасне во пешачка зона. Оваа локација е само една од неколкуте во градов кои ќе се дислоцираат, согласно одлука на охирдскиот Совет. Како што изјави Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај, ваквите зафати се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, а секако тоа се реализира во координација со стручните служби на општината и сообраќајните инспектори при СВР Охрид, „Во летниот период заради оваа такси станица се формираше едно тесно сообрќајно...
Во Охрид одбележан Денот на пензионерите
Post Views: 182 Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца годинава за прв пат го одбележуваат 20 јуни, денот на пензионерите. Ова здружение постои цели 64 години. Годинава Локалната Самоуправа на Охрид, на охридските пензионери им дала средства, овој ден да го одбележат скромно и без помпезности, како што изјави претседателот на Извршниот одбор на ЗП Ѓорѓи Трпчески.„Поканети беа од Локалната самоуправа и од оправдани причини поради нивните активности во Поградец денес тие не присуствуваа, но во некоја друга пригода ќе не удостојат и ќе бидат присутни на нашите активности. Затоа...
Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“
Post Views: 223 Денес отпочна интернационалната ликовна колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание. Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината.„Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски.Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...
Тешка сообраќајка кај Подмоље
Post Views: 163 Младо момче од Охрид го загуби животот во сообраќајна незгода. Тешката сообраќајна незгода се случила синоќа во 1 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид -Кичево кај надвозникот кај с. Подмоље. На лице место почина дваесет годишниот Жарко Цепенкароски од Охрид. Според извештајот на МВР сообраќајната незгода се случила кога патничкото возило марка „шкода фелиција“, удрило во еден од бетонските столбови од надвозникот, при што настанал пожар, а потоа и експлозија. {loadposition content9}
Ресторанот на гробишта доби нов закупец
Post Views: 544 Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ. Оваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП...
Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството
Post Views: 174 Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е препознатлива меѓу охриѓани посебно од страна на хуманите крводарители, кои секогаш масовно се одзиваат, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст.„Одзивот е навистина задоволителен, уште од раните утрински часови од 9 часот континуирано крводарителите доаѓаат и даруваат крв. Минатата година имавме преку 100 единици и годинава се надевам дека...
Што произведува ЈП „Градски Гробишта“
Post Views: 182 Обновено производството на готови бетонски производи. ЈП „Градски Гробишта“, со цел да ја подобри финансиската состојба се зафати со нови дејности. Директорот на ЈП Зоран Симоноски нагласува дека и порано Градски гробишта како работна единица во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ , дел од тие производи ги работеле, но од за него непознати причини тоа производство било занемарено, за сега повторно да го активираат. „Со оглед на бројот на вработени со оглед на другите трошкови што ги имаме само со приходите досега што биле во ЈП, направивме анализа дека не можеме да...
Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа
Post Views: 182 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи. Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...
Дали ќе се асфалтира ул. Нада Филева?
Post Views: 259 Нада Филева е една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата која остана неасфалтирана повеќе од 7 децении како што кажуваат жителите од овој потег. За нив неприфатливо е како може во 21 век на само неколку метри од центарот на градот, жителите, посебно децата на зима да поминуваат низ кал. На лето пак туристите сместени во куќите кои издаваат апартмани да голтаат прашина. Според нив, фактите говорат дека на оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и се соочуваат со овој проблем. Жителите на ул „Нада Филева“...
Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид?
Post Views: 215 Денес е распишан тендер за изградба на покриен зелен пазар во Охрид. ЈП „Градски пазар“ ќе избира најповолна понуда за изградба на новиот објект по пат на јавно приватно партнерство. Новиот затворен пазар според веќе изготвената физибилити студија треба да се гради на површина од 6779 метри квадратни на три нивоа, П плус два, како што најави општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски.„Според физибилити студијата економска оправданост постои само ако општината добие 1230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето кое треба да е опремен со 192 тезги по хасап систем...
И оваа година “Цветни балкони – Цветен Охрид“
Post Views: 168 300 жардинери со саксиско цвеќе денес беа поделени на 100 тина охридски семејства. Ова цвеќе од расадникот на претпријатието „Охридски Комуналец“ќе се пресели во нивните дворови. Денешните подарени садници се само дополнителен мотив, охридските дворови да го добијат вистинскиот лик и да претставуваат одмор не само за нивните очи туку и другите да се восхитуваат, велат граѓаните.„Супер се искрено кажано и за охрид и за нашите домови. Повеќе ќе се заинтересираат луѓето за своите домови преку ваквите акции. Добро е совршено така треба да продолжат народот треба да одгледува...