Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

На Охрид му треба подобро претставување на саемите

Post Views: 173 Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа соработка.„Ги...

Продолжи со читање

Монографија по повод 50 години од матурата

Post Views: 207 Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура,  Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели  Стојкоски.„Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма...

Продолжи со читање

Ќе се издава ресторанот на охридските гробишта

Post Views: 169 После три месеци пауза, на повидок е повторно отварање на ресторанот во кој се прават задуши кај охридските гробишта. Функционирањето на овој ресторан е од посебна важност за граѓаните на Охрид, бидејќи секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга.  „Се надевам дека огласот за издавање под закуп на ресторанот нареднта недела ќе биде објавен.  Интересот е огромен така да ќе видиме кога ќе го објавиме огласот кој се посериозни кои навистина сакаат да се јават “ – најавува Симоноски.За...

Продолжи со читање

На охридските градски гробишта има тоалети

Post Views: 216 ЈП „Градски гробишта“ на само неколку дена од празникот Духовден, на големо се подготвува да ги уреди гробиштата. Но, граѓаните забележуваат дека недостасуваат јавни санитарни јазли. Првиот човек на ЈП, Зоран Симоноски не се согласува со ваквата забелешка и појаснува дека имаат тоалети, кои се функционални и истите се со задоволителен квалитет.„Не се согласувам дека во овој простор воопшто нема тоалети во самиов објект покрај тоалет за вработените имаме тоалети од отворен тип за граѓаните“– вели Симоноски.Симоноски го оправдува барањето на граѓаните дека треба...

Продолжи со читање

Писи – педија, нов софтвер во Охрид

Post Views: 186 За првпат во Македонија се јавува нов софтвер, Писи-педија, кој денес и официјално беше промовиран. Како што изјави Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ, новиот софтвер има две карактеристики, односно спој на википедија електронската енциклопедија од една страна, со мудл, софтвер наменет за електронско тестирање од друга страна.„Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и на учениците кои излегоа од тука. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30...

Продолжи со читање

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 180 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата. „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат...

Продолжи со читање

Високи треви, грда слика за туристичкиот бисер Охрид

Post Views: 172   Нашиот град Охрид интензивно се рекламира како атрактивна туристичка дестинација. Тоа е добро. Но, која е сликата  што ја добиваат гостите при првиот контакт со Охрид. За жал, првата слика која ја добиваат туристите при самиот влез во градот тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Охрид. Насекаде дури и во централното градско подрчје градот е обраснат со високи треви, дел на јавните површини, во дворните места на станбените објекти, во запуштените куќи. Граѓаните велат дека на нашиот туристички бисер не му одговара една таква слика и дека туристите не...

Продолжи со читање

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Post Views: 178 Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат.„Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност...

Продолжи со читање

Арман, македон е името на власите каде и да се

Post Views: 217 Власите не боледуваат од национализам, живеат во различни држави, секаде лојални на државата и се што направиле било резултат на заедничкото живеење, истакна претседателот на здружението „Луњина“ од Охрид Драган Коровешоски.  Денес власите од цела земја го прославуваат 23 мај, националникот ден на власите. За правата на власите зборуваше Коровешоски.„Р. Македонија е единствена држава во светот која ги признала Власите, за разлика од РМ власите во сите други држави побарале признавање при што онаму каде што се најбројни во Грција и Романија, сеуште немаат добиено нивно...

Продолжи со читање

Оштетена тартан патеката

Post Views: 202 Не се штеди тартан-подлогата на стадионот Билјанини извори. Дел од оваа подлога на неколку места е оштетена. За настанатите штети, до ЈП „Билјанини извори“ реагираат од АК Охрид. Како што за ТВМ изјави тренерот Влатко Димитров, тие бараат да се води поголема грижа од страна на ЈП за нејзиното одржување.„Патеката наша е одлична, брза, квалитетна, меѓутоа не се штеди од страна на некои други фактори, пример ако има музички настап не се штеди патеката се влечат огромни звучници и на многу места е оштетена патеката од тие звучници како и од камионитие, многутонски камиони...

Продолжи со читање

Поплавите ќе ја загрозат безбедноста на храната

Post Views: 172 Колку е безбедна и квалитетна храната во Р. Македонија. Ова е најпоставуваното прашање изминативе години, а одговорот на тоа треба да го даде Агенцијата за храна и ветеринарство како и институциите кои што ја испитуваат храната, вели професор Владимир Какуринив.„Она што е чуство кај граѓаните во РМ нарочно после последните инциденти со млекото, што беа со афлатоксинот, беа да, да, системот функционира во РМ но треба да биде подобрен и треба да се внимава на внесување на вакви производи во Р. Македонија,  – вели Какуринов.Поплавите кои што деновиве се актуелни...

Продолжи со читање

Охрид деновиве дише и живее со хуманост

Post Views: 169 Граѓаните и компаниите од Охрид покажаа висок степен на хуманост, солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Од денес пред општинската зграда е отворен нов пункт, каде од 9 часот наутро па се до 16 часот може сите кои сакаат да донираат хуманитарна помош. Бакрачески на своите сограѓани им порача, секој во рамките на своите можности да продолжат и понатаму да донираат, со цел на настраданите во поплавите да им покажеме  дека не се сами и имаат пријатели...

Продолжи со читање