Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Панихида за Св Кирил и Методиј. Во рамките на годинешната програма за чествувањето на Свети Кирил и Методиј, денес во салата на КУД „Ѓердан“ се одржа Панихида и свеченост. Најмладите играорци од КУД „Ѓердан“, како и нивните гости од Кавадарци, велат дека со задоволство се подготвувале за изврдба на македонските ора, посебно на големиот празник. „Ова ми е петта година каде што учествувам на овој патрон. Ќе се претставиме со ора од Егејска Македонија охридски игри…различн. Традицијата продолжува, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан“ Татијана...
Течат реконструктивните зафати во болницата „Св Еразмо“ од Охрид
Post Views: 10 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид е во напредна фаза од својата реконструкција. Како што информираше директорот на оваа здравствена установа д-р Митко Тилев со градежните зафати се отпочнало на почетокот од оваа година и до април 2017 година треба да биде реконструиран целиот болнички комплекс, Со овој проект како што појасни Тилев ќе се реновира и адаптира постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид, но и делот каде што треба да се пресели Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св...
Касами: Македонските стоматолози квалитетно работат затоа се ценети насекаде во светот
Post Views: 7 Од година во година расте бројот на странците но и нашинци што работат во странство, кои својата стматолошка нега ја доверуваат во нашите Стоматолошки ординации. Еден од аспектите секако дека е финансискиот, но кога станува збор за техника, технологија и методологија, рамо до рамо се носиме со светските трендови, открива претседателот на Здружението на албанските стоматолози во Р. Македонија, Недим Касами. Тој вели дека во Македонија се внесува квалитетен и современ материјал кој се применува во стоматологијата. „Материјалите се апсолутно исти, доаѓаат од познати...
Македонија подготвена за евро проектот Натура 2000
Post Views: 14 Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000. Реализацијата на овој проект финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри законодавството од областа на заштитата на природата. Даниел Богнер, тим лидерот на проeктот „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“ истакна дека Македонија се труди да се приближи кон ЕУ, а во таа насока некои од законите на нашата земја треба да се приближат до европските. „Се однесува на заштита на природата, има две директиви кои треба да се имплементираат овде и ние започпнуваме со тоа. Ние ја спремаме...
Изложба на фрески и икони со Св Климент ќе бидат претставени во Рим
Post Views: 11 Македонија во чест на Св Кирил. И годинава традиционално по 48 пат во Рим, Италија ќе се одржи оваа значајна манифестација посеветена на големиот светец. Годинава во рамки на оваа манифестација Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид, ќе има своја изложба на оргинални икони, фреско копии и тематски фотографии. Милчо Георгиески советник-кустос на Галеријата на икони, појаснува дека минатата година на оваа манифестација била традиционалната охридска резба и нејзините поддржувачи, додека пак годинава тоа е во знакот на одбележување на двете значајни...
Судската администрација во Охрид повторно на штрајк
Post Views: 7 Охридската судска администрација штрајкува. Се додека не се исполни нивното барање за исплата на штрајкувачките барања, односно покачување на плата во висина од 35 насто, исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства, штрајкот ќе трае, како што изјави претседателот на Здружението на судска администрација на РМ, Борче Мирчевски. Тој додаде дека со преговори не успеале да ги исполнат нивните барања, па затоа го продолжуваат штрајкот. „Во овој момент ги имаме информациите од цела Македонија, немаме никакви...
Ќе се уредува паркингот наспроти Центарот за обука на вода
Post Views: 12 Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение. „Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме...
Крстевска: Се чуствува мало намалување на букинзите поради политичката криза во земјава
Post Views: 5 Политичката криза во земјава има влијание на претстојната туристичката сезона. Тоа се погласно се слуша од претставниците на хотелскиот сектор на охридско – струшкото крајбрежје, кои коментираат дека не само што е намален бројот на резервации од странски гости туку има и откажување на аранжмани. Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска, не негира за таквата состојба, но убедува дека има минимално откажување на резервациите. „Точно се чуствува мало намалување на букинзите, но она што на терен го видовме во Охрид е дека...