Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Почна големата акција на рсчистување на НП „Галичица“ во должина од 13 км, пред големиот Балкански самит „Adventure next balkans“. Голем број активисти, вљубеници во природата, како и учениците од ОУ „Христо Узунов“ излегоа да ја поддржат оваа акција бидејќи како што и самите кажаа балканскит бисер во пресрет на летната туристичка сезона треба да биде беспрекорно чист. „Овде сме за да ја исчистиме „Галичица“, на местата каде што очекуваме туристи, тоа е нашата професионална мотивација, мислиме дека овие дестинации мора да бидат чисти, за да може да ги...
Одбележан Денот на реката Црн Дрим
Post Views: 7 Еден и пол милиони луѓе живеат и зависат реката Црн Дрим. Затоа треба да се работи на подигнување на јавната свест на локалните заедница за значението на овој природен ресурс како потенцијал за хидро енергија, риболов и останато. Вчера во срцето на реката Црн Дрим, нејзините извори на познатото Острово во Св Наум, активистите на ЕД „Грашница“ организираа целодневен настан за одбележување на 5 ти мај денот на реката Црн Дрим. Како што истакна Ѓоко Зороски целта е да се укаже на сите трендови кои се однесуваат на загадувањето на Охридското Езеро и Црниот Дрим и...
Од државата нема ни „п“ од промоција на големиот Балкански самит „Adventure next balkans“
Post Views: 7 Шест дена не делат од започнувањето на големиот балкански Самит „Adventure next balkans“, кој ќе се одржи од 10 до 12 мај во Охрид. Во тој период доаѓа висока клиентела пред која треба да се претставиме во најдобро светло, но за жал затајува промоцијата од државата, односно од страна на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, велат организаторите на овој настан. Александар Јованоски од „кластерот Еден“ од Охрид, вели дека очекувале Агенцијата да изготви видео спот и голем број билборди, како јавноста би се информирала за овој несекојдневен настан од кој...
Грозданов: Поликлиика ќе се гради се чека измена на деталниот план
Post Views: 11 Изградбата на охридската поликлиника чека промена на ДУП, открива Цветко Грозданов, првиот човек на АДССДП од интерес на Р.Македонија. Според него засега се оди согласно планираното, но се јавил еден проблем, односно неопходноста од промена на постоечкиот ДУП. Како што првично беше најавено, таму требаше да никне голема зграда во форма на ГЕ како што е тоа зградата Кифла на Туристичка, која што ќе го зафати просторот од влезот на ОУ „Григор Прличев“, да врти према гимназија и да се спои со куќата во која живеат семејствата од социјално ранливите категории и во...
Грозданов: Ќе се продолжуваат договорите за социјалните станов, без право на откуп
Post Views: 6 На 20 ти април годинава истече рокот на корисниците на социјалните станови, во Охрид. Жителите на ул „Карпош Војвода“, во станбениот комплекс кој има 71 стан, се во исчекување, што ќе биде понатака, односно под кои услови ќе се склучат новите договори. За оваа проблематика директно одговара првиот човек на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Р Македонија, Цветко Грозданов. Тој вели нема потреба од загриженост, сите станари кои доследно се придржувале кон 5 годишниот договр, без да го прекршат договорите ќе...
Хуманитарни пакети за ранливата категорија граѓани
Post Views: 11 Општина Охрид во соработка со Црвениот крст, денес на 40 семејства од ранливата категортија додели хуманитарни пакети. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, од името на Локалната самоуправа на сите граѓани им го честиташе големиот христијански празник Велигден како и Првомајските празници. Тој истакна дека посебно денес, се она што му го посакува на неговите најблиски истото им го посакува и на граѓаните кои денес застанаа на ред за да добијат хуманитарни пакети. „И денеска на оваа акција во која еден дел од граѓаните добија хуманитарни пакети. Овој чин...
Наскоро поделба на МЈП „Проаква“
Post Views: 9 До крај на месец април годинава треба да биде завршен делбениот биланс на МЈП Проаква. Очекувањата на првиот човек на претпријатието Томе Паскалоски, се дека со поделбата помеѓу Охрид и Струга, претпријатието ќе застане на свои нозе. Иницијативата за поделбата на „Проаква“ што стопанисува со водоводот и колекторскиот систем на Охридско Езеро, односно раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, се провлекува речиси една деценија. „Моите очекувања се оптимистички . Јас секогаш сум отпимист и не застанувам со оваа постапка. Додека трае мојот мандат...
Стужанец со нож ранил двајца охриѓани во тепачка во казино
Post Views: 13 Во охридското казино „Адмирал“, синоќа, стружанец со нож тешко повредил две лица од Охрид. Охридската полиција утринава го уапси 35 годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, откако во 1:30 часот, во казиното го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот откако со нож ги нападнал и тешко ги повредил двајцата охриѓани веднаш со своето возило го напуштил казиното и се упатил во правец кај Струга. „Таму тој се обидел да се самоповреди во пределот...