Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Младински искуства за безбеден сообраќај

Post Views: 6   40 млади луѓе од 5 различни земји Македонија, Естонија, Словачка, Романија и Полска учат и разменуваат искуства за безбедносните аспекти на возењето. Исто така тие креираат материјали за информирање на младите луѓе во Европа и дебатираат на теми поврзани со сообраќајот. Претседателот на невладината организација ГЕТ ИНОВАЦИЈА од Битола, Ана Дајовска вели дека работат во групи на различни активности. Додава дека ќе се запознаат со процесот на учење, тимската работа, интеркултурното искуство кое што го имаат во Македонија но и да ја запознаат и нашата култура...

Продолжи со читање

Охрид има музички таленти

Post Views: 6   Охрид има музички таленти. Тоа и денес го покажаа учесниците на традиционалните регионални смотри по хорско пеење и оркестар кое се одржа во ОУ „Христо Узунов“. Размислувањата на учениците се дека преку овие смотри добиваат поголем елан и љубов кон музиката и музичкото творештво, а заедно со своите наставници денес биле тука да ги покажат своите умеења, знаења и способности. „Ова натпреварување за мене е позитивен настан има многу дружба пеење но пред се дојдени сме овде да го покажеме нашето знаење.За мене ова натпреварување значи прекрасно искуство од кое...

Продолжи со читање

Дали Колекторот ќе прерасне во Јавно претпријатие на државно ниво?

Post Views: 12   Поделбата на „Проаква“ што стопанисува со водоводот и колекторскиот систем на Охридско Езеро, односно раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, не е новина . Иницијатива за спроведување на една ваква постапка се провлекува речиси една деценија. Но како во моментов стојат работите околу таа поделба успеавме да добиеме информации од општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Тој кажа дека во тек е делбениот биланс на претпријатието кое го спроведува комисија специјално формирана за тоа. „Се надеваме дека од цела оваа состојба по завршување на...

Продолжи со читање

Охридските ракометари на гости во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 12  Голманот на РК Охрид 2013, Колев денес не успеа да одбрани ниту еден удар од учениците од ОУ „Христо Узунов“. Локалните херои, охридските ракометари денес беа во посета на ова училиште. Директорот Тони Симоноски вели дека многу имиња од репрезентативци се потпишале на влезот од нивната спортска сала и нагласи дека нивна интенција во иднина ќе биде спортистите да бидат нивни почести гости дури да одржат тренинг на некој од часовите по физичка култура. „Ова за нас претставува сериозна работа од повеќе аспекти, пред се од воспитно образовен карактер, бидејќи...

Продолжи со читање

Јузмески: Туристичките водичи мора да ја зборуваат вистината за нашето културно-историско наследство

Post Views: 8   Поголем број домашни и странски туристички водичи поради незнаење или некои сосема други причини свесно и намерно честопати грубо ја извртуваат нашата историја. Познато е дека во нашата земја работат туристички водичи на црно со сомнителна наобразба. Ова пред се се однесува не само на водичите од нашата земја туку и на оние што доаѓаат, главно од соседните земји, кои на туристите им ја презентираат својата верзија на нашата култура и историја, сметаат дел од професионалните туристички работници. Треба да ги застапуваме нашите традиционални и културни...

Продолжи со читање

Оливер Арсовски: Чест е да се биде прв човек на најпрестижниот фестивл

Post Views: 21   Чест и привилегија е да се биде прв човек на најпрестижниот фестивл, истакна Оливер Арсовски, новиот директор на НУ „Охридско лето“, при неговото прво официјално обраќање во јавноста. Арсовски веќе една недела е на оваа функција и најави дека за десетина дена ќе биде презентирана програмата за овогодинешното издание на фестивалот. Тој исто така кажа дека ќе внесе мали измени и програмски новитети. „Јас како музичар долги години, децении настапувам на Охридско лето и овој фестивал го сметам за најпрестижен не само во Македонија туку и во регионот и пошироко....

Продолжи со читање

Нови мопеди за охридските поштари

Post Views: 10   Нови мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките. Македонски пошти набави 120 мопеди наменети за достава на поштенски пратки. Мопедите се со препознатлива жолта боја со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми. Охридската подружница најверојатно ќе добие околу десеттина, открива првиот човек Сејфула Хани. Целта е задоволни корисници а со тоа и успешна компанија, додава тој. Хани нагласи дека овој чекор на Македонски пошти посебно ќе ги израдува...

Продолжи со читање

Што значи хуман третман на бездомни кучиња

Post Views: 10   Што значи висок степен на хуман третман на кучиња скитници. На оваа проблематика работеа претставници од Југозападниот плански регион во соработка со невладиниот сектор. Тие направија истражување и веќе посочуваат кои мерки треба да се преземат за надминување на проблемот. Проектниот координатор од ЈПР Арбреша Влаши вели доколку почне стерилизација, кастрација и вакцинација на 70 одсто од бездомните кучиња, проблемот ќе се реши во период од две години. Таа додава дека потребна е волја да се постави систем за функционирање на привремени прифатилишта за кучиња...

Продолжи со читање