Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 „Не можејќи да ја прикријат сликата на инфериорност и дијаметрална различност во работењето помеѓу оваа и минатата локална власт, а фрустрирани од многубројните реализирани проекти кои секојдневно се презентираат во јавноста, СДСМ- Охрид денес како и три години наназад се обиде преку замена на тези да го прикрие девастирачкото однесување кое беше одлика на нивното 8 годишно брутално уништување на вредностите на градот. Зарем свитата на СДСМ- Охрид од чие 8 годишно дивеење ќе патат уште многу генерации во наредните неколку десеттици години има кредибилитет и...
СДСМ: Бакрачески во својот мандат, се што ветил не исполнил
Post Views: 15 Кружниот тек на пресекот на ул „Бистрица“ со Бул. Туристичка, чини близу 100 000 евра, а оној кај Охридска банка 200 000 евра, открива координаторот на охридските социјал-демократи Јован Стојаноски. Тој истакна дека за кружните текови нема сообраќајна студија ниту пак елаборат за сообраќајна издржливост, додавајќи дека граѓаните биле сведоци колку лошо биле направени последните два кружни текови. „Малку им е на господата од ДПМНЕ што не знаат да заработуваат од исплатливи проекти, па уште се дрзнуваат дополнително да ги задолжуваат граѓаните на општина Охрид, со...
Католиците утре го слават Христовото Воскресение
Post Views: 9 Католиците утре го слават најголемиот христијански празник Велигден. Според календарот на католичката црква денес е Велика Сабота, ден пред Христовото воскресение. Отец Оливер од охридската католичка црква истакна дека денес е крајот на 40 дневниот велигденски период, кој се состоел од пост и молитва се со цел дочек и прослава на Воскресението Христово. „Овој период имавме т. н вазмено тридневие кое се состоеше од Велики четврток, петок и денес го крунисуваме ова тродневие со воскресната света литургија која што ќе биде врвот на целиот тој период кој што...
Кампањата на ЕВН за енергетска ефикасност ги научи граѓаните да штедат
Post Views: 5 Активностите за заштеда на енергија зависат од нас. Продолжува платформата „Со примена на енергетската ефикасност во домовите до намалени трошоци и квалитетен живот. Охрид домаќин на работилницата за медиумите, чија цел е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека темата за енергетска ефикасност е многу важна и секогаш од неа може да се научи нешто ново. Тој посебно ја истакна улогата на кампањата од едукативниот серијал Енергетска...
Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот
Post Views: 5 Литературна средба, Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот. Оваа несекојдневна дружба со истакнатиот професор д-р Никола Бошале, се одржа во Прличевата одаја на НУ „Библиотека“. Генерално досега не се појавил автор во Охрид, кој ги собрал на едно место легендите и преданијата за Прличев, а мојот труд во кој изнесов три легенди кои ги пронајдов, нека биде појдовна точка понатаму за идните автори, кои се занимаваат со ликот и делото на големиот поет“, истакна Бошале во неговото впечатливо излагање. „Еден од мотивите што сум тука е...
Охридските ракометари очекуваат поддршка од публиката за победа
Post Views: 31 Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања. „Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да...
Бројот на заболени од туберкулоза се намалува
Post Views: 11 Се намалува бројот на болни од туберкулоза во земјава. Оваа болест за човекот е позната уште пред илјадници години. Но таа и денес иако се лекува, претставува водечка причина за смрт од заразни болести, велат медицинските работници. Секоја година, на 24 Март светот го одбележува Денот на туберкулозата. Тој се празнува со цел да се подигне свеста за огромниот терет поврзан со туберкулозата, вели Младен Божиновски од ОО на Црвен Крст Охрид. Светскиот ден на туберкулозата дава можност сите луѓе да се придружат во борбата против ТБ преку давање информации и...
Свлечиштето кај Извиднички Центар засега заштитено само со насип од камен
Post Views: 6 Нема градежни зафати околу санирање на опасното свлечиштето кое го нагризува патот кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар, Охрид. Пред платото на хотелот единствено што може да се забележи е тоа што на сред пат истоварен е камен, кој најверојатно треба да послужи за санација на ова критично место. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици убедуваат дека на тоа место се отпочнало со некакви градежни активности, но поради временските услови и високиот водостој на реката Далјан истите се стопирани. Како што пренесе портпаролот Љупчо Танески, ќе...