Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Градежна експанзија во Струга

Post Views: 189 На Струга и се случува вистинска градежна експанзија. На секој агол од општината се гради, доградува реновира, модернизира. Во моментов Локалната власт ги привршува работите околу кружниот тек на влезот во градот на некогаш најкритичната раскрсница, која беше магнет за сообраќајни незгоди,  спојот на магистралниот пат со регионалниот пат Струга – Дебар, а интензивно се работи и на шеталиштето и кружниот тек во негова близина„Сите проекти се финансираат со одвоени, предвидени, средства зацртани со програмата на општина Струга. Што се однесува до финансиската конструкција,...

Продолжи со читање

Општина по мерка на граѓаните

Post Views: 219 „Општина по мерка на граѓаните“ е проект преку кој стружани полесно го наоѓаат патот до институциите. Овој проект го реализира Центарот на зедницата при општина Струга кој што центар претставува линк помеѓу граѓаните и општината, како што кажа Катерина Талеска координатор во Центарот. Таа потенцира дека изминатиов период работеле анкета, на која што нивните сограѓани се изјасниле што и е потребно на Струга и што би и и подариле на општината. Анкетатa се спровела на 100 испитаници од кои 60% биле албанци, а останатите македонци, и биле посетени неколку локации во...

Продолжи со читање

Струга пример за соживот

Post Views: 203   Струга пример за мултиетнички соживот. Струга била и останува пример за тоа, како комшии македонци, албанци, власи, турци, роми живеаат сложно, како куќни пријатели, соработници, еснафи  велат граѓаните. На прашањето, како го оценуваат соживотот во овој град после случувањата во Куманово стружани со размислување.„Постои и тоа многу добар, ми се чини дека нема некаде повеќе. Тоа кај нас е со години не само сега, и пред другите случувања исто беше вака и сега со овој случај ќе влее желба за подобвар соживот. Многу политичко прашање е ова, ние секогаш сме живееле...

Продолжи со читање

Бројни гости во Вевчани за првомајските празници

Post Views: 213 Вевчани за први мај исполнето со туристи но и домашни гости кои продолжениот викенд го користат за посета на ова негибнато парче природа. Местоположбата на оваа општина покрај чист планински воздух, нуди прекрасни места за излет. Едно од нив се Вевчанските извори во близина на селото, едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија. Луѓето кои еднаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се надишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода, како што нагласи првиот...

Продолжи со читање

Вевчани, успешна општина

Post Views: 208 Од општина со над 32 милиони долг, Вевчани стана една од најуспешните мали општини во земјава, која со домаќинско работење успеа во изминативе две години да реализира низа проекти. Еден од најзначајните проекти беше изградбата на новата училишна зграда која обезбеди достоинствени услови за учениците од оваа година кои години наназад учеа во руинирани објекти.„Децата веќе 8 години учеа во многу лоши услови во општинската зграда во простори од 12 квадрати во еден тоалет одеа, 260 деца. Значи една цела генерација од 8 години завршија тука во општинската зграда“ –...

Продолжи со читање

Едно лице рането при пукање во Струга

Post Views: 188 Денес на сред бел ден пукање во Струга. Едно лице е повредено со пукање од огнено оружје во спортската обложувалница „Спортлајф“ . Дел од стружани слушнале за настанот и се згрозени, тие  критикуваат дека во едно мало градче како Струга има премногу обложувалници и кладилници. „Рекла казала, само што кажаа луѓето дека е повредено едно лице но друго што е како е не не интересира толку. Полошо од вакви напади нема ниту пак ќе има и ќе го бараме комунизмот бидејќи демократијата е ваква и полошо ќе носи. Толку казина и обложувалници во еден мал град се отворени не е на...

Продолжи со читање

Прекуграничен саем за природни ресурси во Струга

Post Views: 196 Денес во Струга со органзација на прекуграничен саем на добри практики, се одржа завршниот настан од ИПА проектот, Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинакиот масив Јабланица -Шебеник преку активна вклученост на локалното население. Како што изјави раководителот на проектот Фросина Пандурска Драмиќанин, целта на проектот е да се придонесе кон промоција на позитивните пракси за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица – Шебеник.„Денес организираме т.н. ИПА прекуграничен саем на добри практики....

Продолжи со читање

Во Струга не се одржа најавената 26 та седница

Post Views: 201 Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет.„Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме...

Продолжи со читање

Промоција на новата ИПА Програма за прекугранична соработка

Post Views: 223   Денес во Струга беше промовирана новата ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р Албанија 2014-2020. Оваа програма во суштина е продолжување на претходната ИПА програма а целта е да се стимулира повеќе избалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој на прекуграничната област. Министерот за Локална Самоуправа Лирим Шабани, вели дека досега со вакви проекти се постигнала успешна соработка помеѓу двете земји, бидејќи биле реализирани 50 проекти во вредност од над 7 милиони евра. Тој воедно ги охрабрува сите субјекти од двете страни...

Продолжи со читање

Села: ДУИ да излезе од владата за да се стави крај на политичката криза

Post Views: 178 За да се стави крај на политичката криза во земјава потребно е ДУИ да излезе од владата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села.„Мислам дека ДУИ треба да излезе од владата, со тоа ќе се најде и политичко решение, спокојство кај граѓаните и стабилизација на ситуацијата во Македонија. Ако ДУИ излезе од Валда се знае дека ќе има техничка влада, нели за тоа цело време се зборува и треба да се најде некое решение“ – вели Села.Според него скандалот со прислушкувањето лошо се одразува врз државата и животот на граѓаните без...

Продолжи со читање

Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга

Post Views: 191   Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде...

Продолжи со читање

Во Југозападниот регион најбројни се микро претпријатијата

Post Views: 176 99% микро претпријатија во кои се вработени не повеќе од 10 вработени се најбројни во Југозападниот плански регион, изјави раководителот на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска.  Таа нагласи дека се организираат работилници со цел преку проектните активности да се дадат насоки на приватниот сектор за зголемување на економската ефикасност, а со самото тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции, да се креираат и нови работни места како и да се подобри животниот стандард на луѓето.„Тоа ќе го направиме преку неколку клучни активности, денес ќе започнеме...

Продолжи со читање