Автор: Николоска Биљана
Post Views: 156 Поликлиничкиот центар Стоматологија Д-р Јолевски претставува една успешна охридска приказна. Денес со пригодна свеченост овој центар одбележа 25 годишен јубилеј. Во текот на целиот период успеавме да се промовираме како една врвна медицинска установа во Охрид, вели д-р Љубе Јолевски, сопственикот на Поликлиничкиот центар.„Денес одбележуваме 25 години од основањето на нашата стоматолошка ординација која ја основаа моите родители на 01 март 1989 година и отогаш пополека и континуирано се прошируваме. Денес ординацијата брои 8 вработени од кои 4 се доктори и 4 сестри...
Паноски: Политичката борба е споредба на сработеното
Post Views: 159 Очекуваме реални политички теми на прес конференциите на охридските социјалдемократи, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Дејан Паноски рече дека во предизборието нормално е СДСМ да покажат дека постојат, но барем тоа да го направат со издржани пресови.„Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие ги постигнаа, колку на број добри дела направија за Охрид, колку објекти од јавен интерес изградија, колкава добивка во работата на јавните...
Михаилов: Не може двајца, да избришат долг од 8 милиони евра
Post Views: 183 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, со експресна реакција на денешниот прес на ВМРО НП. Тој нагласи дека неколкумина луѓе во народна, мислат дека граѓаните не знаат кој 8 години управуваше со Проаква и какви штети му направи на ЈП. Проаква е едно од најзадолжените претпријатија а за тоа главни виновници се точно претходното раководство во кое што заменик директор беше потпретседателот на ВМРО – НП, додаде Михаилов.„Борбата за враќање на ЈП на нормални патеки враќањето на долговите е започната и ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески ќе направат се...
ВМРО- НП: Колекторот да стане државно претпријатие
Post Views: 167 Колекторот да го преземе и со него да управува државата. Ова на охридската владеачка гарнитура и го предложија од ВМРО – НП. Претседателот на партијата Ванчо Костоски, смета дека двете општини, Охрид и Струга, не можат да се справат со големиот долг кој го има МЈП Проаква Р. Е.Колектор по основ на потрошена електрична енергија. Додаде дека ретките природни богатства, како што е тоа Охридското Езеро признато на светско ниво, треба да биде на повисоко ниво, односно државата целосно да си ја преземе одговорноста околу неговата заштита.„Така што ние ова како идеја го...
Мини плоштад во Влашка маала
Post Views: 315 Се гради мини плоштад во влашка маала. Ќе се уреди еден агол на пресекот на ул Марко Нестороски и Питу Гули. Екипите на ЈП Градски Гробишта од пред три дена, по налог на Фонфот за комунален развој активно работат на терен. Треба да постават 80 м квадратни бекатон плочки, 70 м квадратни бетонски плочки од сопствено производство, 50 м кубни тампон и 100 м ивичњаци. Според најавите на директорот на Градски Гробишта Зоран Симоноски активностите треба да бидат финиширани за 10 дена. Жителите од влашка маала од Охрид, за десет дена ќе добијат убаво среден мини плоштад,...
Охрид ќе добие авто пазар
Post Views: 225 Во Охрид ќе се отвори авто пазар. Охриѓани повеќе нема да има потреба да одат во другите градови каде што се врши продажба или размена на нови или половни автомобили, делови и опрема. Иницијатор за реализирање на овој проект е ЈП Градски пазар Охрид. Од таму, според најавите на директорот Тони Коталески, сите услови за негово отварање треба да бидат исполнети до крај на месец март годинава.„Почнавме процес за формирање на авто пазар, прибираме документација формираме одделенија, се планира да се отвори и ќе се отвори авто пазар, планираме авто пазарот да биде на паркинг...
Нема вистина без отчетност
Post Views: 174 Нема вистина без отчетнос, нема успех без отчетност и нема иднина без отчетност. Според Никола Митровиќ портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ токму недостигот на отчетност на поранешната локална власт на СДСМ покажа дека од граѓаните на Охрид била криена вистината за работата т.е неработата на раководителите на СДСМ.„Токму немањето на чувство за одговорност кај СДСМ придонесе Охрид да настрада под налетот на урбанистичките штетни решенија, Охрид да потроши буџети без да се создаде дело. Отчетот беше мислена именка и за јавните претпријатија под раководство на СДСМ од кои...
Десеткувани тезгите на пазарот
Post Views: 223 Добар дел од тезгите во градскиот пазар се празни. Кризата по се изгледа почна да ги десеткува тезгите. На пазарот со кој стопанисува ЈП Градски пазар се повеќе се забележуваат празни продажни места, а во последно време дури и слободен простор со целосно отстранети тезги. Првиот човек на ЈП Тони Коталески вели дека има заинтересираност за закуп на тезгите и тврди дека 80% од нив се издадени.„Имаме негде 150 тезги за замјоделски производи , 50 тезги за бижутерија и 20 тезги за текстил. Од сите тие вкупно 80% се издадени на годишно ниво со закуп, 10% се со закуп за...
СВР Охрид и образовните центри во борба против дрогата
Post Views: 157 Образовните центри од градов и охридската полиција на фронт против дрогата и достапнпста до најмладата популација. Денес од охридската гимназија „Св Климент Охридски“ отпочна реализацијата на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, кој е продолжение на проектот „Дрога вистина и заблуди, кој СВР Охрид го спроведе во периодот од 2008 до 2012 година на подрачјето на општините кои ги покрива.„Овој проект денеска е всушност по барање на професорите бидејќи според она што досега го имавме како информација го имавме од реализација на проектот...
70 години од убиството на Кузман Јосифовски Питу
Post Views: 180 Денес кога се навршуваат 70 години од трагичната смрт на големиот народен херој Кузман Јосифоски Питу, за неговиот лик и дело зборуваше претседателот на ОО на СБ на општините Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески. Тој истакна дека Кузман Јосифоски Питу бил мозокот и идеологот на НОБ и многумина го споредувале со Гоце Делчев, односно она што бил Делчев за Илинденското востание, Јосифоски – Питу бил за НОБ.„Тоа е познато во есента 1941 година после почнувањето на народното востание на Mакедонија на 11 октомври, Кузман Јосифоски – Питу добива задача, западниот дел од...
Годишно собрание на охридските пензионери
Post Views: 199 Денес, Здружението на пензионери на општиите Охрид и Дебрца, ја одржаа 8 та годишна седница на Собранието. Претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески, во своет излагање пред медиумите нагласи дека годинава се соочуваат со еден сериозен проблем од финансиска природа.„На жалост, буџетот нас ни е скромен некаде околу 2800 денари кои што средства ги добиваме исклучиво од чланарината. Но, имаме навистина една непријатна состојба сметката ни е блокирана и мислам дека ќе имаме потешкотии во тој однос неосновано сме тужени од колегите инвалидски пензионери, кои не тужеа тоа...
Тезгите за свеќи и цвеќа заменети со дрвени бараки
Post Views: 219 Утре 22 февруар е задушница, ден кој Светата православна Црква го одредил за спомнување на покојните. По тој повод во тек се активностите околу одржување и уредување на градските гробишта со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата, вели директорот на ЈП Зоран Симоноски. Покрај редовните активности, чистење и хортикултурно средување на патеките и парцелите, менаџментот на ЈП, одлучло дрвените бараки да им ги отстапи на закупците на тезги кои продаваат свеќи и цвеќе.„Веќе ги поставивме правиме завршни подготовки ќе ги дадеме на фирмите или физичките лица...