Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Oдбележан роденденот на А ден Долард

Post Views: 252 Културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска трета година по ред го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард. За неговиот животен пат и она што го оставил зад себе пред присутните зборуваше писателот Мишо Јузмески. Тој истакна дека Долард е истакнат по тоа што повеќе децении од својот живот потрошил работејќи на промоцијата на Охрид и Македонија меѓу холанѓаните.„Неговата активност или поточно кажано Охрид и Македонија како тема во неговото пишување се присутни од триесеттите години на минатиот...

Продолжи со читање

Одложен семестар на студентите од ФТУ

Post Views: 181 Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски  признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште.„Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за загревање...

Продолжи со читање

ОУ “Григор Прличев” го одбележа патронатот

Post Views: 190 ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев. Синоќа во преполнетата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев“ се одржа свечената приредба на основците од училиштето чиј патрон е големиот поет. Подготовките за приредбата, која што беше круна на дводневното чествување на делото на Прличев, траеле два месеци, изјави директорката на училиштето Силвија Мојсоска.  „Ние веќе два месеци наназад ги правиме плановите за одбележување...

Продолжи со читање

Охрид ќе субвенционира евтини авио летови

Post Views: 183 Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека наредната недела треба да биде објавен тендер за субвенционирани авио летови од Охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Станува збор за проект кој градските власти долго време го најавуваат. Тоа за почеток се однесува за летовите до Северна Италија, Цирих, Виена и Љубљана.„Доколку добиеме зелено светло од антикорупциска комисија со оглед на тоа што сега влегуваме во еден изборен период и доколку добиеме зелено светло во текот на наредната недела ќе објавиме тендер за субвенционирање на летови. Се надевам дека авио...

Продолжи со читање

Нов повик за волонтери

Post Views: 173 Нов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по...

Продолжи со читање

Советниците од опозицијата се сретнаа со Бакрачески

Post Views: 251 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес остварил средба со советниците од опозицијата. На средбата како што кажа градоначалникот биле изложени гледиштата и размислувањата за она што се случува во организацискиот дел и менаџирањето со општинската администрација и општинските јавни претпријатија. Опозицијата смета дека има селективност во поглед на спроведување на некои кадровски решенија во општинската администрација и јавните претпријатија како и селективност во поглед на организација на работата во општинската зграда во Косел, рече Бакрачески. Градоначалникот...

Продолжи со читање

Уништени столбчиња на Туристичка и Железничка

Post Views: 176   Дел од столбчињата на бул. Туристичка и бул. Железничка се уништени. Тоа го злоупотребуваат дел од охридските таксисти. Речиси секое утро или во вечерните часови охридските таксисти преминуваат преку пешачките острови од една на друга страна на бул Туристичка.Ваквата појава ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Од Локалната самоуправа веќе се запознати со проблемот. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека сообраќајната полиција треба да преземе мерки за прекршителите на сообраќаните правила во тој дел. Додека пак она што е во надлежност на Секторот за...

Продолжи со читање

Излезе брошурата Инвестирај во Охрид

Post Views: 284 Официјална промоција на брошурата „Инвестирај во Охрид“. Преку оваа брошура домашните и странски инвеститори добиваат можност на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за инвестирање во општина Охрид, на локалитетите, на индустриските капацитети, како и на плановите и развојните стратегии на општина Охрид, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.„Можам да кажам дека сум презадоволен од она што го постигнавме во изминатиот период во насока на изработка на оваа брошура и мислам дека сме единствената општина во Р. Македонија...

Продолжи со читање

Отворени денови на катастар во Охрид

Post Views: 180 Агенцијата за катастар на недвижности и годинава продолжува со своите активности во рамките на веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески на 05 и 06 февруари од 09 до 16 часот, заедно со тим од стручни лица од Секторот за внатрешна контрола ќе биде во посета на Охрид и Струга во своите подрачни единици. Според неговата агенда, директорот Трпески ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачните одделенија на тема дигитализација на катастарските општини и нивната важност. Исто така од Агенцијата за...

Продолжи со читање

Поправен семафорот на Туристичка

Post Views: 182 Утрово откорнат семафор висеше на раскрсницата кај Охридска банка. Екипите на ЈП НИСКОГРАДБА Охрид по кратко време го наместија семафорот. Екипата на ТВМ забележа дека вертикалната сигнализација на пресекот на бул. Туристичка и ул Македонски просветители наместо да им помага на учесниците во сообраќајот истата ги збунува. За среќа паднатиот семафор не повредил никој од пешаците, кои чекаат да поминат улица во тој дел на пешачкиот премин. {loadposition content9}  

Продолжи со читање

Калфите се враќаат во дуќаните

Post Views: 172 Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка. „За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот...

Продолжи со читање

Две нови мерки за наплата на сметки

Post Views: 177 ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица....

Продолжи со читање