Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Јубилеј достоен за почит

Post Views: 159 Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев, претставува еден од темелите на цело образование кое што не е предвидено со законите за основнио и средно образование во Р. Македонија, изјави заменикот на градоналчалникот на Охрид, Ангел Јанев, на одбележувањето на јубилејот- 60 години од постоењето на оваа институција.„Ја користам оваа прилика да го честитам овој јубилеј со надеж и желба да го славиме и наредните години во една успешна соработка а ние од Локалната самоуправа и советот на Охрид ќе се обидеме со сите наши можности и средства да помогниме...

Продолжи со читање

Невропсихијатрија кубури со простор и кадри

Post Views: 213 ЈЗУ Општа болница Охрид денес излезе со официјален став во врска со обвинувањата на роднините на 44 годишната Билјана Туфеска дека истата пред два дена почина поради лекарска негрижа. Според директорот на болницата Љубен Арнаудов, тие досега не добиле преставка од блиските на починатата дека имаат некаква забелешка на работата на невро психијатриското одделение. Но сепак Арнаудов вели дека ја ангажирале Комисијата за внатрешна контрола на болницата за да го испита случајот и врз основа на тоа го заклучиле следново.„Технички се е уредно направено и нема пропуст. Пациентката...

Продолжи со читање

Најтешко е кога сиромаштијата и болеста одат рака под рака

Post Views: 163 Почина 44 годишната охриѓанка Билјана поради негрижа на доктор, обвинува нејзиниот сопруг Диме Туфески. Тој со солзи во очите раскажува дека неколку пати побарале помош во општа болница Охрид на одделението за неврологија но од таму секогаш ги враќале со изговор дека за Билјана нема место. Туфески ги повикува надлежните да му одговорат кој сега е виновен за смртта на неговата сопруга и дали некој треба да сноси одговорност за тоа.„Сум многу иритиран заради смртта на мојата сопруга. Иритиран сум поради тоа што докторката Васка што е на неврологија не сакаше да ја прими...

Продолжи со читање

Потпишан договор за 4 важни регионални проекти

Post Views: 166 Југозападниот плански регион ќе добие 11  милиони 421 000 за конечна реализација на 4 проекти кои се однесуваат на одведување и третман на отпадни води. Денес и официјално Германското техничко друштво за меѓународна соработка и Југозападниот плански регион потпишаа договор за финансирање на 4 инфраструктурни регионални проекти. Станува збор за основни проекти и ревизија за пречистителна станица во Трпејца, за колектор од Калишта до Радожда, пречистителна станица во центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување отпадни води...

Продолжи со читање

Грозданов: Ако Трудбеник не плати ги земаме становите

Post Views: 190 Само цврста гаранција на Градежната Фирма  Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот.„Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во...

Продолжи со читање

Додека двајца се караат третиот трпи

Post Views: 171 Пет стана на охриѓани на ул „Карпош Војвода“  заглавени во имотно правен спор кој се води помеѓу АССДП од интерес на РМ и АДГ Трудбеник. Како што кажаа засегнатите станари неколку месеци наназад живеат под закана за присилно иселување на како што велат, еден крајно некоректен и дрзок начин од страна на извршителот Душан Филиповиќ. Тие тврдат дека становите се нивна приватна сопственост и целосно се откупени од Трудбеник за што ја имаат потребната документација. Тие порачаа двете страни да си го решат спорот без непотребно да ги инволвираат фамилиите од 5 те спорни...

Продолжи со читање

Охрид ставен во Прирачникот на ООН

Post Views: 251 Охридското Езеро се најде во луксузниот прирачник за имплементација на светската конвенција за прекугранични води. Со тоа му се дава посебно значење на Охрид од страна на Светската заедница која што е концентрирана на управувањето со прекуграничните води. Според Дејан Паноски од Билатералниот Секретаријат Светската заедница дава до знаење дека е сензибилизирана и знае што се случува со охридско – преспанскиот регион, а воедно ги знае и потребите за заштита на квалитетот на водата и заштита на целиот слив на овој регион. Додава дека проблемите околу заштитата на Охридското...

Продолжи со читање

Ќе се прошири болницата Св Ерзмо

Post Views: 188 Интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, Охрид. Директорот на Св Еразмо, Митко Тилев, вели дека зградата на постоечката карабина веќе се адаптира за тоа.„Моментално ќе се направи карабинскиот дел кој ќе се отстапи спрема плановите на Министерството за здравство на Кардиолошкиот Завод каде што ќе се работи инвазивната кардиологија а со тек на време и рехабилитацијата на пациентите ќе се води во нашата болница. Тоа ќе биде заеднички центар...

Продолжи со читање

НИСКОГРАДБА прави план за враќање на долговите

Post Views: 199 НИСКОГРАДБА Охрид готви акционен план за враќање на долговите на претпријатието. Првиот човек на ЈП Сашо Донев обелоденува дека долгот на претпријатието е над 70 милиони денари што според него е голема сума на пари направена за краток временски период. Донев категоричен дека без финансиска инекција од Локалната самоуправа, претпријатието тешко дека може да застане на сопствени нозе, односно дека во моментов  политиката на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески работи во интерес на сите ЈП од градов, вклучувајќи го и ЈП НИСКОГРАДБА.„Ова ЈП доцни...

Продолжи со читање

Врачена Светската награда за хуманизам 2014

Post Views: 200 Во предвечерјето на Водици, на свечена церемонија во куќата на Уранија, градоначлникот на Охрид, Никола Бакрачески ја додели Светската награда за хуманизмот 2014 год. Добитник на престижната награда е истакнатиот бугарски сликар академик Светлин Русев, за сите негови посебни достигнувања во уметноста и хуманизмот. Бакрачески со посебна почит кон добитникот истакна, да се додели награда на човекот чии сликарски дела се ризница за целиот свет е голема чест.„Ми причинува посебна чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин...

Продолжи со читање

Бесплатен паркинг за Богојавление-Водици

Post Views: 179 Првиот човек на ЈП „Билјанини изври“, Ристе Мише, за нецел месец на охриѓани и бројните гости што го посетуваат градот за време на големите верски празници им овозможи бесплатен паркинг. Тој смета дека на тој начи допринесуваат организацијата на верските празници да биде полесна и беспрекорнаа воедно тој гест да остави добар впечаток кај гостите.„Како за големиот христијански празник Божиќ така и за престојниот празник Богојавление  – Водици ЈП „Билјанини извори“ одлучи на нашите сограѓани и гостите кои престојуваат во Охрид за овој празник користењето на паркинг...

Продолжи со читање

Препораки на Црвениот крст за Водици

Post Views: 232 Екипите на Црвениот Крст од Охрид за време на големиот верски празник Богојавление – Водици, ќе бидат присутни и на копно и во вода. При крај се подготовките за празникот и фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро. Утре 19 јануари уште од 7 часот изутрина, 8 тима на спасители на вода , нуркачи и активисти на Црвениот Крст, медицински екипи за укажување на прва помош на седум пунктови, ќе бидат на готовс од моментот на фрлање на крстот  па се додека не излезе и последниот скокач. Претседателот Сашо Точков укажа на што треба годинава скокачите по светиот...

Продолжи со читање