Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!, ги крена охриѓани на нозе

Post Views: 8   Охрид покажа дека има големо срце, за ретките болести. Во тек е интернационалната кампања  „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, која ја организира Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Претседателката на Алијансата Весна Алексоска, нагласи дека во сите градови во земјава се обидуваат да најдат организации или волонтери кои сакаат нешто да направат и да помогнат, што повеќе луѓе да се приклучат кон ваквите акции како и тоа што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост, топлина и емпатија за луѓето со ретки болести преку прегратка. ...

Продолжи со читање

Отчетно собрание на охридските пензионери

Post Views: 7   Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца, бележи успешна година. Тоа го покажува оценката од материјалното и финансиското работење, кое го изработило стручна служба како што информираше  претседателот на Собранието д-р Димитар Спасески. Денес пензионерите ја одржаа третата седница на која беше презентиран извештајот за нивната работа во 2015 год. „Здружението работело домаќински, рационално. Секако дека и плановите кои се носат за овој период 2016 – 2019  год ќе бидат успешни спрема предвидувањата од овие дејности. Секако здружението на...

Продолжи со читање

Злоупотребени слики од фејсбук на охриѓани

Post Views: 8   Пет охридски семејства – жртви на компјутерски криминалитет. Станува збор за злоупотреба на лични податоци. Пред два дена, на каналот Youtube осамна видео со порнографска содржина каде биле вметнати слики од деца и возрасни. Сликите, засега непознатиот сторител, ги симнал од профилите на оштетените на социјалната мрежа фејсбук. Засегнатите родители велат дека претрпеле голем шок и дека се соочиле со многу непријатни моменти. Посебно реагираат за злоупотребата на децата, од кои најмалото е бебе на 9 месечна возраст. Поголемите деца овие два дена одбивале...

Продолжи со читање

Охрид има потенцијал за спелео туризам

Post Views: 8   Охрид има можности за развој на спелео туризам. НП „Галичица“ кој е распространет помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, овозможува формирање пештери. Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници со сунѓереста структура и голема порозност. Александар Булески спелеолог од клубот Ботом Тајм, вели дека низ светов постоеле многу пештери кои биле претворени во туристички спелеолошки локалитети. Тие обично биле хоризонтални,  достапни, лесни за шетање, добро обезбедени,...

Продолжи со читање

Ќе се реновира Куќата на Робевци

Post Views: 7   Куќата на Робевци еден од најрепрезентативните објекти на староградска архитектура во Охрид, ентериерно ќе се реновира. Како што обелодена првиот човек на НУ „Завод и Музеј“, Охрид, Тања Паскали Бунташеска, реновирање не било направено уште откако е отворен овој објект, единствено реновирана била Златната соба. „Ќе има измени во поставките, значи најдолниот дел приземјето, повторно ќе функционира како лапидариумски простор со тоа што ќе биде реализиран неопходен санитарен јазол во приземјето, ќе биде направен нов пулт за продажба и за промоција на материјал за...

Продолжи со читање

ИмпроВокација, кабаретски спектакл, еднаш неделно во Охрид

Post Views: 11   Кабаретски спектакл секоја недела во Охрид. ЦК „Григор Прличев“ во соработка со дел од актерската екипа на охридскиот Народен театар промовираа новина која за прв пат се случува на овие простори, но и пошироко. Станува збор за проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.„Нешто што секогаш е различно, практично секое нивно излегување на сцената е нова премиера. Се работи за одредена интеракција помеѓу актерите и публиката, не е ништо веќе смислено, туку практично...

Продолжи со читање

Се поставуваат нови постојки во Охрид

Post Views: 9 Нови автобуски постојки се поставуваат во Охрид. Конечно градот ќе добие постојки како што доликува на главниот туристички центар. Во моментов на повеќе автобуски стојалишта речиси и да нема ништо, ниту покрив, ниту клупа каде да се седне а старите се веќе уништени од страна на несовесни граѓани. Акцијата отпочна денес а ќе продолжи и во наредниве денови информираше портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески.„На однапред утврдени 5 локации фирмата „Турбо инженеринг“ од Скопје веќе изврши определени покрупни градежни активности со...

Продолжи со читање

Се санира мрежата на детските игралишта во Охрид

Post Views: 10   Се поставува нова мрежа на заштитните огради на детските игралишта во Охрид. По налог на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици, техничко оперативни екипи на ЈП „Градски Пазар“ ја санираат мрежата на неколкуте детски игралишта во градов. Тоа е во рамки на новата дејност на претпријатието, вели портпаролот на Секторот Љупчо Танески. „Оваа дејност на ЈП е овозможена како резултат на промената на статутот на ова ЈП и проширување со упис на нови дејности како што се одржување и изградба на спортски повеќе наменски детски игралишта на територијата на...

Продолжи со читање