Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Како младите да студираат во Австралија?!

Post Views: 200 Како младите луѓе да се образуваат, дообразуваат, да станат светски граѓани и легално да се вработат. Во Охрид беше извршена презентација на програмата за школување, обезбедување работа и емиграција во Австралија. Никола Митрески, претставник на австралиска компанија, рече дека со оваа програма веќе започнале од Битола како познат печалбарски град и младите од Битола покажале голем интерес. Додаде дека заинтересираност имало и кај младите охриѓани. „Во Охрид имаме голем интерес заради тоа што имаме многу млади луѓе кои што сакаат да го видат светот и во соработка со...

Продолжи со читање

Успешна година за Охриски Комуналец

Post Views: 182 ЈП „Охридски Комуналец“ годинава што измина ја оценува како успешна. Тоа се должи на максималната ангажираност на вработените од сите работни единици на ова ЈП зедно со менаџерскиот тим, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Ме радува фактот што за престојните новогодишни празници градот е преполн со гости, се надеваме дека уште поголем број на туристи ќе има за Божиќните празници за празникот Богојавление, со што нашите служби максимално ќе бидат ангажирани за хигиената во градот“. Работата на ЈП, посебно деошла до израз за време на празниците, бидејќи...

Продолжи со читање

Новогодишен лампион за возачите

Post Views: 158 СВР пријатно ги изненади возачите. Имено денес на ул Македонски Просветители, полициски службеници застануваа возила со цел да им подарат по еден новогодишен лампион. Дел од возачите беа збунети, но сепак пријатно изненадени. „Триесеттина години сум возач и прв пат пријатно сум изненаден од полицијата, ова не сум го доживеал“. Иницијативата ја покрена портпаролот на СВР – Охрид м-р Стефан Димоски, а ја реализира во соработка со полицискиот синдикат. Воедно тој на сите возачи и туристи кои моментално престојуваат во Охрид им посака многу здравје и успеси на личен и...

Продолжи со читање

ВМРО-НП, со забелешки за буџетот 2014 на општина Охрид

Post Views: 253 Буџетот на општина Охрид за 2014 тежи 960 300 000 денари. За неговиот износ кој е повисок за 170 милиони денари од оној во минатата година бројни забелешки, изнесоа од ВМРО – НП на денешната прес конференција. Ванчо Костоски претседателот на партијата истакна оти сака да ги потсети членовите на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ на нивните бројни критики кон минатогодишниот буџет кој бил нарекуван, предизборен, криминален, неразвоен.„Во буџетот се предвидени 120 милиони денари предвидени како приход кои што треба да влезат од кредит. И без нив сепак имаме зголемување...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески најави отчет за сработеното

Post Views: 177 Граѓаните на Охрид заслужуваат да видат што работи градоначалникот. Констатацијата дека најголем дел од напорите на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе 8 и пол месеци била насочена кон враќање на долговите, односно наследениот товар од минатата Локална Самоуправа е точна, категоричен е Бакрачески. Додава дека сработиле многу, но признава дека секогаш може и подобро.„Од тие причини како приоритет број 1 во изминатите 8 и пол месеци за мене како градоначалник беше репрограмирање на тие долгови, можности за договарање со компаниите и физичките лица на кои...

Продолжи со читање

Децата со посебни потреби од „Доброљубие“, добија новогодишни пакетчиња од ГРОМ

Post Views: 192 Младите и Унија на жени од Гром, денес ги посетија децата со посебни потреби, кои се згрижени во Дневниот центар Доброљубие во просториите на Црквата Св Ѓоргија Охрид. Како што наближуваат новогодишните и Божиќните празници кај секој од нас се буди желба за дарување и дружење, вели Ивана Кикеска од Унијата на жени.  Додава дека дечињата имаат скромни желби, посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат даваат безусловна љубов и благодарност. Со денешнва акција сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се...

Продолжи со читање

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 167 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе...

Продолжи со читање

Празничен ручек за социјалците

Post Views: 180 Сите заеднички да ја почуствуваме магијата на престојните празници. Новогодишни пакетчиња, топол оброк, дружба и забава, добија лицата од социјално ранливата категорија на граѓани на Охрид, од Црвениот крст и Локалната самоуправа. Во името на Локалната самоуправа новогодишните и Божиќните празници ги честита претседателот на охридскиот Совет д-р Гордана Коњаноска.„Локалната самоуправа е постојано со тенденција суштински да ги решава проблемите на сите ранливи категории односно на сите единки од нашето општество и тоа е во насока на подобрување на економскиот амбиент,...

Продолжи со читање

Новата атракција, лизгалиштето се најде на денешниот Совет

Post Views: 178 На денешната 16 седница на Совет градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека на барање на граѓаните донеле предлог измени во одлуката за воведување автобуски линиски превоз, односно после подолго време одлучиле да се воспостави линиски превоз на ниво на општина Охрид. Исто така градоначалникот Бакрачески ги зарадува и такси превозниците, бидејќи на барање на здружението на такси превозниците цената за добивање на лиценца од 40 000 денари намалена е на 10 000 денари. Новата атракција на плоштадот монтажното лизгалиште се најде и во дискусиите на денешната седница. Советикот...

Продолжи со читање

Вевчани се подготвува за карневал

Post Views: 185 Вевчани се подготвува за карневал. Многу забава, интересни содржини за сите од најмладо до најстаро, ветуваат организаторите на карневалот. Престојниот безграничен театар под маски, кој традиционално се одржува за Стара Нова година и празникот Василица, ќе биде во една беспрекорна организација и сосема поинаква од изминатите години, ветува првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. „Карневалот ќе трае повеќе и започнува на 10 и ќе трае до 14 јануари 2014. гостите ќе бидат дочекани од насделението сите капацитети ќе бидат отворени,а подготвени ќе бидат и вевчанските...

Продолжи со читање

Учениците од Братство изработија новогодишни честитки

Post Views: 167 Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието, „Токму денес ова што се случува во училиштето е една...

Продолжи со читање

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации

Post Views: 196 ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната...

Продолжи со читање