Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Украдени 30 пловидбени знаци

Post Views: 8 Украдени 30 пловидбени знаци. Станува збор за езерска сигнализација која Министерството за транспорт и врски ги постави минатата година  долж ревиерата на Охридското  Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништа Горан Устијаноски, обвинува дека жалосна е сликата кога се посегнува кон добрата кои се наменети за зголемување на безбедноста во водениот сообраќај. Тој кажа дека од ваквиот несовесен чин, капетанија претрпела штета од околу 2000 евра.„ Станува збор за една дрска кражба посебно на предмети кои придонесуваат за безбедноста. Се работи за пловидбени знаци...

Продолжи со читање

Во тек е уписот за час за детски приказни по англиски јазик

Post Views: 4   Нов пристап кон англискиот јазик, час за детски приказни на англиски јазик. Волонтерите на Црвениот Крст, Охрид се подготвуваат за новиот пролетен циклус од оваа програма кој започнува на 28 февруари. Станува збор за програма која се реализира уште од 2009 година, како идеја на волонтерите на Црвениот крст Охрид и волонтерите на Мировниот Корпус од САД во Македонија. Како што истакна проф. Љубинка Трпеска, часовите се наменети за најмладите, односно за дечињата од 4-7 годишна возраст. Таа додаде дека оваа програма всушност не претставува класичен курс по...

Продолжи со читање

Дел од охридските советници незадоволни од одговорите на советничките прашања

Post Views: 4   Дел од охридските советници се незадоволни од писмените одговори кои ги добиваат на нивните прашањата упатени до Локалната самоуправа во Охрид. Вообичаена пракса е на седниците наменети за советнички прашања секој советник да има право да постави две а по договор и три прашања, со можност да добијат и писмен одговор, од страна на надлежните во општина Охрид. Оливија Пирузева Јанева, советничката на СДСМ  посебно е револтирана на одговорот кој го добила на прашањето кое се однесува за увид во документацијата за изградба на затворениот пливачки базен, па посочи...

Продолжи со читање

Година на големи инфраструктурни зафати најавува Бакрачески

Post Views: 12   Реализација на серија инвестиции за 2016 год најави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Дел од нив се нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа авотбуска станица, како и Дом за стари лица, се решаваат  потребите на градот за следните 30 до 50 години, вели Бакрачески. Една од поголемите инвестиции е изградбата на Дом за стари лица во населба Даљан, кој според...

Продолжи со читање

Одбележан патронот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 6 Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ се одржа синоќа во Центарот за култура Охрид. Свеченоста започна со прекрасната изведба на  легендарната “1762 Лето” од страна на училишниот хорот. Присутните гости во преполната сала ги воодушеви прекрасниот рецитал на трите наградени литературни творби од учениците, Дарјан Ангелоски, Христијан Мише и Сара Јолакоска…. Беа изведени повеќе музичко забавни точки а исто така членовите на драмската секција од школото изведоа фрагменти од претставата „Бегалка“. Синоќа свечената приредба по...

Продолжи со читање

Заедничко родителство и по развод

Post Views: 9   Заедничко старателство и одговорно родителство и по развод. Група родители неодамна покренаа иницијатива за измени на Законот за семејство. Оваа иницијатива беше поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“. Директорот Драги Змијанац за ТВМ изјави дека основната причина за отпочнување на иницијативата  како предлог закон за измена за воведување заедничко родителство по развод е да се надминат проблемите кои ги имаат родителите по прашање за уредување на времетраењето на видување на едниот или другиот родител кои се развеле по однос на чување, згрижување и...

Продолжи со читање

Охридските пчелари се едуцираа

Post Views: 7   Охридските пчелари секогаш се желни да научат нешто ново. Вчера на тема „Ридско планинското пчеларење“, се одржа трибина на која присутните имаа можност да ги слушнат искуствата на истакнатиот професор по пчеларство Ѓоко Зечевиќ од Србија. Како што појасна претседателот на Здружението на пчелари од Охрид, Тони Јосифовски на вчерашната трибина главен акцент бил ставен на брзиот развој на пчелните семејства да одговорат на главната паша, со цел да се добие поголем принос. Но, Јосифовски напомена дека присутни се и бројни проблеми кои час поскоро треба да се...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се гради Конгресен Центар

Post Views: 8   Туристичкиот бисер Охрид, ќе добие Конгресен центар. Нашиот град има потенцијал да го развива конгресниот туризам, а тоа може да се постигне со изградба на еден претставителен Конгресен центар, какви што постојат во речиси сите европски држави. Како што обелодена градоначалникот Никола Бакрачески изградбата треба да започне идната година во населбата Даљан на атрактивна локација покрај брегот на Охридското езеро. Бакрачески нагласи дека обврската за изградба на Конгресниот центар вклучувајќи и прибавување на потребна планска документација е на државното...

Продолжи со читање