Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Пуштена во употреба улицата „Сирма Војвода“

Post Views: 8   Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, денес свечено ја пушти во употреба новата улица „Сирма Војвода“. Со тоа е решен еден долгогодишен горлив проблем на жителите на овој потег кој во зима газеа во кал до колена а на лето се давеа од прашина. Асфалтирана е површина од 1500 метри квадратни со квалитетен асфалт, со дебелина од 7 см  во должина од 250 метри и 6 метри ширина информираше првиот човек на градот Никола Бакрачески.„Остана да во наредниот период за не повеќе од еден до два месеци ќе биде поставено комплетно ново осветлување на оваа...

Продолжи со читање

Охридската полиција, даруваше крв

Post Views: 7   Со дарување крв, охридската полиција повеќе се доближува до граѓаните. Денес вработените во СВР Охрид  и Регионалниот Центар Запад гранична полиција, даруваа крв во рамки на 4-те редовни годишни крводарителски акции кои се одржуваат во службените простории на секторот. Во денешната акција беа собрани околу 30 единици крв, информираше полицискиот гласноговорник Стефан Димоски. Додаде дека е задоволен од одзивот на неговите колеги.„Во однос на реализацијата на оваа акција можам да кажам дека во текот на изминатата 2015 година беа организирани три крводарителски...

Продолжи со читање

Слатководниот рак се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 16   Охридскиот слатководен рак кој пред речиси две и пол децении исчезна од крајбрежниот дел на Охридското Езеро, се враќа. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод изјави, дека благодарение на самопречистителната моќ на езерото било овозможено дел од популацијата на ракот да живее во подлабоките води, така што во овој момент ракот од подлабоките се враќал во плитките  води.„Тоа не е во такви количини кои порано беа присутни. Од друга страна треба да се знае дека ракот е животно кои што се храни со животински отпадоци, треба да има детритус, животни кои што...

Продолжи со читање

Видео надзорот во охридскиот студенски дом драстично ги намали штетите

Post Views: 8   Сто проценти се намалени штетите во Студенскиот дом Никола Карев. Тоа се должи на одговорноста и посветеноста на менаџерскиот тим кои работат на подобрување на условите во студенскиот дом. Како што обелодена првиот човек на домот Маријан Ристески, минатата година бил поставен видео надзор, а со тоа значително се подобрила и  безбедносната состојба во објектот. „Она што беше проблем да се лоцира вината на студентите во заедничките простории. Објективно ние во самите соби правиме записник и вршиме контроли тука можеме да најдеме виновник во случај на утврдување...

Продолжи со читање

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

Post Views: 5   Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно...

Продолжи со читање

Изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК во мирување

Post Views: 9   Измина речиси половина година од поставувањето на камен темелникот за изградба на фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК. Од  тогаш па се до денес во технолошко индустриската зона помеѓу Охрид и Струга впечатокот е дека работитетешко се одвиваат. Амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, при неодамнешната работна посета во Охрид немаше нови информации околу реализацијата на оваа германска инвестиција, во нашиот регион.„И ние немаме нови информации. Според наши сознанија фабриката треба да се отвори во јуни, но немаме да додадеме нешто ново“.Но затоа пак...

Продолжи со читање

Подобри услови и за охридските студенти во студенскиот дом

Post Views: 6   Четири машини за перење и исто толку машини за сушење ќе ги задоволат потребите на студентите кои престојуваат во Студенскиот дом „Никола Карев“, Охрид. Овој проект ќе се спроведува преку МОН, а ќе започне од почетокот на наредната година. Како што изјави првиот човек на Студенскиот дом Маријан Ристески во периодов што следи треба да се спроведат постапките за набавка на неопходната опрема.„Со тоа се надмина еден голем долгогодишен проблем на студентите исе задоволи уште едно нивно барање. Државниот студенски дом располага со индустриски машини за перење и...

Продолжи со читање

ЗМАИ: Домашните фирми да добијат поволности како странските

Post Views: 12   Најголем дел од македонците ја подржуваат  идејата домашните фирми да добијат поволности како и странските директни инвеститори. Исто така голем бенефит за сите домашни фирми би било доколку се зајакне соработката на домашните фирми со странските директни инвестиции, истакнаа од Здружението на млади аналитичари и истражувачи. Тие на денешната трибина „Ефектот на странските директни инвестиции во технолошко – индустриските развојни зони врз македонската економија“,  која се одржа во Охрид ги изнесоа податоците од нивното последно истражување.  „ До сега во...

Продолжи со читање