Автор: Николоска Биљана
Post Views: 189 Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост...
Кукли за болните деца
Post Views: 259 Во малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.„Децата од градинките...
Мал процент од македонките прават ПАП тест
Post Views: 203 Македонско – канадско искуство од областа на онко гинекологијата. Со цел подигнување на свесноста за превенција од рак на грлото на матката, врвен експерт од Канада, одржа предавање пред охридските доктори за значењето на раното откривање на овој тип заболување кај жената. Македонија се соочува со слаба покриеност на женската популација за ПАП тестовите, што како податок го изнесе д-р Лори Елит онколошки гинеколог од Канада. „Како што дознав значи од официјални извори е дека покриеноста на оние жени кои што треба да направат ПАП е само 15 %, зошто, затоа што...
Охрид речиси полн за најлудата ноќ
Post Views: 183 Охридските хотели активно се подготвуваат да бидат добри домаќини за пречек на гостите кои решиле новогодишните празници да ги поминат во најатрактивниот туристички центар во земјава. Дел од нив имаат добар мотив за тоа, како што ни изјавија одговорните за продажба во дел од хотелите – постои голем интерес од страна на странските гости за пакет аранжманите кои им се понудени за време на новогодишните празници. „До сега имаме склучено договори со нашите партнери кои се наши долгогодишни соработници и се работи за партнери од Бугарија, Србија и за изненадување...
ВМРО-НП предлага проект за заштеда на средства
Post Views: 189 Намалување на трошоците за одведување на отпад, предлагаат од ВМРО – НП. Денес на прес конференција оваа политичка партија предложи пилот проект за селектирање на отпад во домаќинствата. Како што кажа претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски, целта е да се намалат расходите на ЈП „Охридски Комуналец“ кое дневно прави огромни трошоци по основ километража на камионите кои секојдневно депонираат отпад на депонијата Буково.„Значи еден камион да појде до Буково и назад е пеесетина километри а денот имаме десетина до дванаесет такви камиони ...
Улицата Јордан Мијалков во најава за изградба во 2014
Post Views: 241 Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено,...
Каргов во посета на ФТУ
Post Views: 242 Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. Тој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов.„Тие се едни од најфрекфентните...
ГРОМ пред охриѓани
Post Views: 198 Охриѓани покажаа голем интерес за Граѓанската опција за Македонија, која како структура во градов брои над 1200 членови, изјави Стевче Јакимоски лидерот на ГРОМ. Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа основачкото собрание на оваа политичка опција. Јакимоски истакна дека излегуваат со целосна понуда пред граѓаните на Охрид и неговите очекувања се дека како трета опција ГРОМ ќе го освежи црно-белиот политички амбиент во нашиот регион. „Во делот на економијата ГРОМ смета дека со вакви високи фискални расходи ставаме оловни нозе на нашето стопанство и...
Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок
Post Views: 262 Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика...
Проблемите од урбанизмот на видело
Post Views: 181 Шеесетина граѓани на Охрид беа денес во малата општинска сала на средба со стручните екипи од Секторот за урбанизмот. Натрупаните и со години нерешени проблеми од урбаната сфера сеуште ги тиштат охриѓани, но најакутен проблем според она што повеќето од нив го кажаа е легализацијата на бесправно изградените објекти. Некои од граѓаните излегуваа задоволни а некои не. Дел од нив со коментар како гледаат на ваквите средби. „Многу сум задоволен посебно што ни рекоа дека во петок ќе ги имаме документите в раце. Однапред се заблагодарувам на екипата што беше тука. Одобрението...
Три лица загинаа во сообраќајна незгода кај Елешец
Post Views: 184 Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден.„Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две...
СДСМ: Урбанистичките планови кои ВМРО- ДПМНЕ ги критикуваше, истите сега ги поддржува
Post Views: 168 Нема оправдана причина советничкото мнозинство да не го прифати барањето на СДСМ, и да не ги постави двете точки од урбаната сфера од дванаесеттата седница на тринаесеттата, реагираат од СДСМ Охрид. Како што кажа Христина Гоговска, раководителот на Центарот за комуникации, изненадени се како се променил принципиелниот став на ВМРО – ДПМНЕ кои цели 4 години за време на владеењто на поранешните градски власти од 2009 до 2013, биле исклучиво против сите детални урбанистички планови и гласале против, а сега со промената на власта на локлано ниво тие исти луѓе од ВМРО –...