Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дождот поплави влез од дуќан во Охрид

Post Views: 6 Поројниот дожд кој од утринава го зафати Охрид поплави и блокира влез пред дуќан на ул. Туристичка . Честите поплави, во подруми, пред влезови на објекти после врнежливо време не се нешто ново во градов. На еден таков проблем укажа нашиот сограѓанин Ментор Цаноски, кој цели 7 години при врнежи од дожд и снег се соочува со истата мака. Вели дека надлежните треба да го решат проблемот, а доколку не преземат ништо тој во иднина ќе треба да набави рибарски чизми за да може муштериите да го посетат неговиот дуќан.„При секои врнежи на дожд и снег водата од олуците нема...

Продолжи со читање

Фирмите тешко опстојуваат во услови на мала куповна моќ на граѓаните

Post Views: 8   И покрај потешкотиите со кои се соочуваат во бизнисот, охридските стопанственици се обидуваат да се одржат на пазарот. Славко Николовски од Млечаната индустрија „Лабрадор“за телевизија ТВМ открива дека во денешни услови не е лесно да се работи, треба голема одговорност, бидејќи се соочуваат со мал пазар а исклучително висока конкуренција и присуство на голем број на фирми кои се занимаваат со производство на млечни производи. „Потешкотија е и неможноста на овој пазар, односно малата куповна моќ која што ја имаат граѓаните и се поголемото осиромашување на...

Продолжи со читање

Економската клима во Охрид не поволна

Post Views: 6 Охрид не може да се пофали со поволна економска клима. Доц. д-р Александар Трајков од Факултетот за туризам и угостителство потсетува дека Охрид во минатото бил град во кој, во доходот учествувале повеќе големи производствени компнии кои пред се занимавале со извоз и ги пласирале своите производи во земјите од  поранеша Југославија, Европа па дури и во целиот свет. Додека пак  денеска имаме мал број производствени компании и во доходот доминираат фирми кои доаѓаат од услужниот сектор, како што е туризмот угостителството, транспортот, образованието, трговијата и...

Продолжи со читање

Зошто за краток период прегореа фенерчињата во Варош

Post Views: 8   Дел од автентичните фенерчиња кои пред нецел месец беа поставни на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео, не светат, забележуваат Варошани. Некои од нив сметаат дека фенерчињата не се поставени стручно бидејќи каблите на кои се поврзани биле ниско поставени и при врнежи од поголем снег би можеле да се навалат и да предизвикаат проблеми. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврди дека фенерчињата се стручно поставени по однапред утврдени фотометриски анализи.„Се добива впечаток дека на дел од улиците посебно во...

Продолжи со читање

Иницијатива за нова поштенска марка

Post Views: 8   Иницијатива за нова поштенска марка. Вработена во Македонски Пошти подружница Охрид неодамна предложи идеја за излегување од печат на марка посветена на лицата со ретки заболувања. Оваа идеја прифатена е од првиот човек на охридската подружица Сејфула Хани, кој одма се зафти со работа и веќе оствариле  средба со раководителот на Бирото за филателија. „Бевме добро пречекани и добивме поддршка од нивна страна за нашата инициијатива, иако тој на наше општо задоволство се ангажираше новата марка да влезе во програмата за 2016 година, но поради огромната зафатеност...

Продолжи со читање

Исчезнува рисот од НП Галичица

Post Views: 6 Популацијата на Балканскиот рис во Македонија, на критично ниво, односно пред исчезнување. Македонските експерти укажуваат дека според последната анализа во 2015 год што е направена на Европско ниво по земји, вклучувајќи ја Македонија, постојат сериозни закани за популацијата на рисот.„Проблемот со рисот во НП Галичица е поврзан со криволов и со недостиг на храна иако овде сакам да изјавам дека НП Галичица е единствен во Македонија од трите постоечки кои навистина го забранува ловството како една активност постоечка“ Од Македонското еколошко друштво кажаа дека на...

Продолжи со читање

Делови од Дебрца синоќа без струја

Post Views: 8   Силниот ветер кој синоќа на моменти дуваше со јачина од над 100 км на час, предизвика повеќе штети во охридско – струшкиот регион. Како што информира портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, од силниот ветер дошло до кинење на проводниците на 10 киловолтните далеководи во дистрибутивната мрежа, а како последица на тоа неколку села од Дебрца синоќа останаа без електрично напојување. „Повеќе населени места останаа без напојување, екипите се постојано на терен работат, веќе поголем дел од испадите се санирани, имаше повеќе проблеми и во делот на...

Продолжи со читање

Охрид СОС: Нема оправданост од изградба на Ски Центар на Галичица

Post Views: 9   Нема оправданост од изградба СКИ центарот на Галичица, бидејќи не постојат услови за тоа, сметаат од граѓанската платформа Охрид СОС. Овој преокт е само еден од петте развојни проекти за кои вчера во НП Галичица се одржа јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Според нив туризмот на НП  Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти. „Се помалку имаме снег на Галичица, а за да се идентификува извор на снег треба да...

Продолжи со читање