Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Конкурс за раководни лица во Охрид

Post Views: 167 Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена. Со сите  ЈП во градов во моментов управуваат в.д директори. Во охридската јавност деновиве најактуелна беше состојбата во ЈП „Билјанини Извори“, каде вработените по оставката на Иван Цветкоски барале во најкус рок поставување на директор. Градоначалникот  со став.„Оставката ја имам разгледано и не се имам произнсесно по оставката. Значи се додека не донесам решение за разрешување сеуште таму директор е постоечкиот...

Продолжи со читање

Петрино се доасфалтира

Post Views: 242 Долгогодишната желба на жителите Петрино да добијат улица по сите стандарди, конечно се оствари. Тие навистина се соочуваа со голем проблем бидејќи нивната улица беше речиси неупотреблива за моторните возила, а пешаците со тешкотии се движеа по неа. Денес конечно Петрино беше доасфалтирана. Градоначалникот Никола Бакрачески признава дека рокот за асфалтирање на оваа улица е пробиен поради веќе познатите проблеми кои ги затекнале при раконструкцијата на оваа улица. Но потенцира дека цврсто ќе се држи до принципот, се што ќе се гради, доградува, реконструира и обновува,...

Продолжи со читање

Никнуваат нови мини депонии во Охрид

Post Views: 184 Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине .  А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која...

Продолжи со читање

Бела роза за почист Охрид

Post Views: 178 Активистките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид засадија  бели рози во паркот пред хотел „Гарден“. Ове е најновиот проект и прв од ваков вид во градов  кој членките на „Деница“ го спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа. Оваа иницијатива е само почеток на разубавување на градот вели Јулијана Василевска. Додава дека во иднина планираат низ целиот град да се засади белата роза и порача сите кои имаат дворови да се приклучат кон иницијативата на ЛК „Деница“ за поддршка на овој проект. „Оваа година Лајонс Дистрикт 132 започна една иницијатива која за среќа ние...

Продолжи со читање

Од Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава хумани

Post Views: 179 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа. „Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено...

Продолжи со читање

Митрески-На Галичица да се направи пункт за одржување на патиштата

Post Views: 180 На НП „Галичица“ се налага потреба од изградба на пункт за одржување на патиштата. Тука се наоѓа највисокиот патен премин во Македонија на 1600 метри надморска височина. Територијата на патот опфаќа две општини, Охрид и Ресен. Во границите на паркот има 18 села, од кои 14 на охридска територија и 4 на ресенска. Од ЈП „Македонија пат“, Јован Митрески, раководителот на секцијата Охрид, признава дека условите за одржување на овој патен правец се исклучително тешки не само за зимското оддржување туку и воопшто. „Изобилува со мошне стрмни и несигурни делови од патот, нормално...

Продолжи со читање

Тодоров отворено проговори за дел од проблемите во здравството

Post Views: 182 Доктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште  утре ќе го вработиме.  Ваков е коментарот  на министерот за здравство Никола Тодоров  за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети.„Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го вработиме....

Продолжи со читање

Здравствен дом Вевчани, одбележа два јубилеи

Post Views: 220 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво. „Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има поддршка...

Продолжи со читање

Повлечените точки од минатата седница не се најдоа на дневен ред и на денешната

Post Views: 204 Охридските советници се скараа. Причина, двете точки од областа на урбанизмот, кои пред два дена беа повлечени од дванаесеттата седница на Совет. Предлогот на советниците од Сојузот на иднината да се дополни дневниот ред на тринаесеттата седница со тие две точки не беше усвоен. Тунтев категоричен дека не се против урбанизација, бидејќи тоа е цивилизациска придобивка со која се средуваат работите за да нема хаос.„Јавноста очекува одговор од нив зошто 8 години се трубеше на сите можни начини, по сите медиуми, се правеа циркуси со прес конференции пред Ревиера, пред Домот...

Продолжи со читање

Kаква ќе биде судбината на ЈП „Погребни услуги“?

Post Views: 199 ЈП „Погребни услуги“ поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа неможе да го опслужува полигонот за обука на возачи кај градските гробишта. Надоместокот од 6 000 денари месечно од охридските авто школи очигледно не е доволен претприајтието да стои на здрави нозе. Поради тоа на вчерашната седница со одлука на Совет, полигонот беше отстапен на ЈП „Градски гробишта, кое понатаму ги презема сите обврски за негово оддржување. Исто така на ова ЈП претпријатие му беше отстапено и возилото фолсфаген. Дали тоа се сигнали дека згаснува ЈП „Погребни услуги“, Зоран Симоноски,...

Продолжи со читање

Институциите подготвени, за зимското одржување на патиштата

Post Views: 192 Општините Охрид и Дебрца подготвени за  одржување на патиштата во претстојната зимска сезона. Сите надлежни субјекти инволвирани во одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови преземаат мерки за поголема ефикасност, навременост,  подобра координираност и информираност за состојбите со снежни врнежи  на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.  Набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата...

Продолжи со читање

Tочките од урбанизмот повлечени-ќе почекаат да се врати опозицијата

Post Views: 194 Без присуство на опозиција во Советот на општина Охрид, нема да се разгледуваат и донесуваат точките на дневен ред кои се однесуваат на усвојување на важни за градот и граѓаните ДУП. Во иднина оваа практика ќе ја применуваат советниците од владеачката гарнитура во Советот. Точно во таа насока на денешната 12 седница две точки, односно предлог одлуки за донесување на ДУП, беа повчлечени од дневен ред, на предлог на Димитар Спасески секретарот на општина Охрид. „Во минатото бевме сведоци дека се се правеше за да опозицијата ги напушти седниците на Совет за да може да...

Продолжи со читање