Автор: Николоска Биљана
Post Views: 175 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија.„Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...
Корупцијата во Македонија на петто место
Post Views: 183 Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија изработен од МЦМС. „Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските приходи,...
Старата училишна зграда во Вевчани ќе прерасне во Музеј
Post Views: 336 Старата училишна зграда во Вевчани, изградена во далечната 1949 годна, ќе се реконструира и преадаптира. Многу вевчанци растурени насекаде низ светот биле заинтересирани за таа некогаш велелепна градба изградена од вевчанци со свои средства и доброволна работна рака, која ги потсетувала на незаборавните школски денови, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој кажа дека целиот проект за старата училишна зграда бил комплетиран, како инвестиција кошта 650 000 евра и веќе почнале да работат, а се надеваат дека тука и Владата ќи им излезе во пресрет .„Ќе ни помогне...
Зимско село и ски центар на Јабланица во Вевчани
Post Views: 205 Зимско село и ски центар на планината Јабланица ќе никне во месноста викана „Јанков Камен“ во Вевчани. Градоначалникот Цветомир Угриноски годинава очекува Владата на Р Македонија да даде зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот кој го изработува француска фирма. Како што нагласи Угриноски, физибилити студијата покажала одлична подлога изградба на преку 30 скијачки патеки на само 3,5 километри од селото каде ќе можат да скијат околу 4 500 луѓе.„Поволно е што таму има езеро и многу извори така да и кога нема снег во мај и октомври може да се прави вештачки...
Вевчанци за 20 дена ќе добијата спортска сала
Post Views: 155 Ќе се исполни одамнешниот сонот на вевчанската младина. За нецел месец свечено ќе биде пуштена во употреба новата сала, како што обелодени првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Новата современа сала ќе биде од големо значење за сите вевчанци бидејќи уште од ова лето планирано било да се формираат првите ракометни и кошаркарски тимови. Покрај овие спортови во салата ќе може да се игра одбојка и други спортови, вели Угриноски.„Спортската сала е од големиот тип сали, со 500 седишта, изградена е во 2014 година е во завршна фаза останаа уште да се постави...
Стружанец искасан од кучиња скитници
Post Views: 165 Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило едно куче кое агресивно тргнало кон него. „Јас во моментов станав и почнав да се враќам наназад демек земам камен да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа беше агресивно многу и ми се фрлаше во нозете да ме касни. И додека бев навален да земам камења секундарно се затрчаа 7-8 кучиња и му бувнаа и така сите почнаа да ме т6ргаат и касаат. Не дај Боже...
Премрзната жена извлечена од плевна во струшкото село Заграчани
Post Views: 183 Студот почна да го зема данокот. Во Заграчани струшко, во една плевна денес била пронајдена премрзната жена. Таа три дена останала без струја, огрев и храна. До неа случајно дошол медицинскиот тим на струшката брза помош. Директорот Марко Стрезоски вели дека веднаш интервенирале, на жената и дале храна и облека и ја префрлиле во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Дежурниот доктор Огнен Шешоски рече дека пациентката треба да биде под постојан медицински надзор бидејќи подолго време била во хипотермија.„Пациентката ја примивме во...
Нов лик на струшката гимназија „Нико Нестор“
Post Views: 191 Дел од старата зграда од ОСУ „Нико Нестор“ Струга деновиве за прв пат после неговата изградба во педесеттите години се реновира. Старата зграда со дотраена дограма и уништена фасада доби сосема нов лик. Како што изјави Никола Затуроски првиот човек на гимназијата, дел од средства обезбедиле од споствен буџет, додека пак бизнис заедницата им помогнала со средствоа во висина од 6 илјади евра. „Се пристапи кон санирање на цела оваа зграда во вкупна површина од 2100 метри квадратни, каде што се снаираа сите оштетени делови од фасадата и дојдовме до фасадно молерисување...
Трибина за дрвениот мост во Струга
Post Views: 199 Кај ни е мостот, дали ни треба, запрашаа стружани на денешната трибина, која ја организираше Центарот на заедницата на општина Струга. Станува збор за мостот изграден 1987 година оној кој се наоѓа меѓу централниот и мостот на поезијата или мостот на љубовта како што го нарекуваат стружани. Најпрво модераторот Христијан Томаноски одржа говор за значењето на мостовите.„Мостови меѓу брегови мостови меѓу живи и меѓу светови се е тоа едно исто бескрај кој одавна постои го знаат тоа жителите на градот бидејќи уште од палавите детски години ги носат со себе секаде по светот,...
Стружани недоволно информирани за мерките на Агенцијата за вработување
Post Views: 183 Ќе се подига нивото на квалитет на подрачната единица во Струга на Агенцијата за вработување на РМ. Директорот на агенцијата, Влатко Попоски вели дека наредниов период повеќе ќе бидат присутни во Струга и посветено ќе работат во локалната единица, со цел да се надминат проблемите, односно сите невработени лица навремено да добиваат информации во врска со програмите и активните мерки за вработување. „Низ нашето работење како Агенција утврдивме дека дел од нашите вработени не си ја вршат совјата работат односно многу малку инфорамации доаѓаат до оние граѓани кои што...
Охриѓани на операција одат во Струга
Post Views: 241 Голем број охриѓани се пациенти на Општа болница Струга. Дури една третина од нивните пациенти посебно на хируршкото одделение, биле од Охрид , изјави директорот на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Некои од нив со болки доаѓале во струшката болница за итна хируршка интервенција. „Во хируршко одделение до денеска се направени околу 820 интервенции хируршки, а што се однесува од тие интервенции 180 граѓани на општина Охрид што добиле услуга во нашето хируршко одделение значи нема тренд на пад после отварање на општа болница според мене и информациите што ги добивам....
Еден милион учесници бележи проектот на отворените забавни фудбалски школи
Post Views: 190 Вкупно 230 учесници од 23 земји во светот деновиве престојуваат во Струга на меѓународната конференција на отворените забавни фудбалски школи. Ова е историски настан бидејќи за прв пат ќе се формира Интернационален совет од сите земји учеснички нагласува Цено Алекснадровски, проект координаторот на отворената забавна фудбалска школа.„Богатството е онолку колку што имате луѓе околу себе и толку луѓе колку што познавате во светот. Затоа јас сакам да кажам дека нашата организација CCPE Open Fun Football Schools е една од најбогатите бидејќи со оваа мрежа штоја имаме...