Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Општина Охрид ќе управува со Мауцкер и касарната

Post Views: 223 Во тек е постапката за отстапување на земјиштето на Мауцкер и касарната, на управување на општина Охрид изјави државниот секретар на министерството за одбрана Сашо Стефаноски за време на вчерашната работна посета на Охрид. Целта е  ресорното министерство да даде допринос во економскиот развој на Охрид, додава тој. „Тоа е наша одговорност како Влада на Р. Македонија. И ние тоа ќе го направиме преку две конкретни работи. Тоа е преку пренесување на корисничното право на објектите во локалитетот Мауцкер со што на општина Охрид ќе му се даде можност да формира индустриска...

Продолжи со читање

Кратко траеше радоста на Митреви

Post Views: 182 Кратко траеше радоста на семејството Митреви. Деновиве тие за жал повторно останааа под ведро небо да се снаоѓаат како знаат и умеат, без покрив на главата, струја, вода и основните елементарни потреби за нормален живот. Минатата година наш иселеник во Австралија, на ова семејство краткорочно им ја ублажи маката, така што за една година им плати кирија. Но за жал времето брзо лета и суровата реалност повторно ги притегна тие да се снаоѓаат како знаат и умеат. „Бев кај градоначалникот сега моментално сум на улица и да знајте дека таму и ќе останам. Ако може градоначалникот...

Продолжи со читање

Ќе се прошири каналот „Студенчишта“

Post Views: 261 Државниот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, при денешната посета на Охрид, најави проширување на каналот во делот со кој располага кампот за обука на вода. Тој воедно нагласи дека со општина Охрид имаат добра соработка која треба да се продлабочи.„Ќе имаме можност да поразговоарме со војниците кои што се тука сместени, да ги погледнеме условите во кои тие живеат и  работат се разбира да погледнеме што е она што ние како министерство за одбрана може да го направиме за овие луѓе во наредниот период да ја зголемиме понудата на овој камп и секако како...

Продолжи со читање

Во Македонија приватниот и професионалниот живот тешко се усогласува

Post Views: 193 Современиот начин на живот, брзото темпо и се подолгото работно време, влијаат врз општествениот, семејниот и љубовниот живот. Во трката за профит или егзистенција луѓето се помалку време имаат за семејството и социјализирање. Таа појава не ја заобиколува и нашата земја.  Слободан Антовски претседателот на УНАСМ  вели дека македонците тешко жонглираат со работните обврски, семејниот живот, и други интереси во слободно време доколку воопшто го имаат.„Ние како синдикат мора да се обидуваме и да бараме начини како тоа да биде во краен случај ова што се води како пропаганда...

Продолжи со читање

Демолиран штабот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 329 Искршени стаклата на влезната врата и прозорците. Вака осамна утрово штабот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. Успесите на Владата и Локалната самоуправа на некој не му се допаѓаат. Ваков е коментарот на првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, по синоќешниот настан на ул Димитар Влахов.  Михаилов најостро го осуди ваквиот вандалски чин, како и начинот на кој според него се поттикнува или манифестира политичка борба во државата.„Би сакале да изразиме длабоко разочарување од насилниците кои што пробаат на ваков начин да предизвикаат политички тензии кои во минатиот...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 194   Охрид го слави Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, делегација на Општина Охрид како и претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред бистите на македонските револуционери во градскиот парк. Во рамките на одбележувањето на денот кога точно пред 120 години во Солун беше основана Внатрешно Македонската Револуционерна Организација , општина Охрид организира и велосипедска трка која се одвиваше низ улиците на централното градско подрачје. Стартот...

Продолжи со читање

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 504 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија.„Издаени...

Продолжи со читање

Неизвесна судбината за изградба на Св. Димитрија, Октиси

Post Views: 170 Останува неизвесна судбината околу изградбата на црквата Св. Димитрија во Октиси, струшко. Судбината на овој верски објект беше доведена во прашање кога пред нецели два месеци жителите од муслиманска вероисповед спречија да се изврши осветување на темелите и покрај укажувањата на православните верници од селото, дека тоа место е црковно и нема да отстапат од намерата за подигање на Божји храм. Во врска со ова прашање досега се остварени повеќе средби со митрополитот дебарско-кичевски г- дин Тимотеј, струшкиот градоначалник Зијадин Села како и со струшкиот муфтија Селим...

Продолжи со читање

Божиновска: Ставовите на научните институции треба да се почитуваат

Post Views: 191 Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку  струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан можеа...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа меѓународен симпозиум за Дичо Зограф

Post Views: 490 По повод 140 години од упокојувањето на Дичо Зограф, МПЦ, односно Дебарско-кичевската епархија организира  Меѓународен научен собир. Митрополитот Дебарско – кичевски г-дин Тимотеј истакна дека преку научниот собир салкале уште повеќе да се расветли големото црковно уметничко дело на познатиот и голем македонски зограф Дичо Крстевич Зограф од Тресонче, на просторите на Македонија со посебен акцент на Дебарско- кичевската епархија. Г. Тимотеј додаде дека огромно е значењето на овој зограф посебно за Дебрско – кичевската епархија бидејќи неговите први и завршни творби...

Продолжи со читање

Охрид дел од глобалната акција за борба против гладта

Post Views: 172 Денес, 16 ти октомври е светски ден за борбата против гладта. Годинава под мотото „Помислете на нас“, охридските училишта како и неколку поголеми маркети, во соработка со Црвениот Крст, Локалната самоуправа активно се вклучија во одбележувањето. Акцијата воглавно се состои во собирање на прехранбени намирници, наменети за ранливата категорија на граѓани. Анета Јованоска од Црвениот Крст Охрид вели дека  списокот на лицата кои побарале помош од нив е загрижувачки и дека бројката надминува над 500.  Додава дека сепак барем еднаш годишно прават напори оние на кои им е...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски Комуналец“, ќе добие нови возила

Post Views: 208 ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ја обновува застарената механизација. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека најверојатно тоа ќе се реализира со средства од кредит на Светска банка. Од ЈП веќе ја изготвуваат листата на приоритетни возила кои треба да се набават. Ќе се обновува возниот парк на ЈП „Охридски Комуналец“. Старите дотраени камиони за подигање на смет постојано се расипуваат па од таму потребата за набавка на нови. Како што изјави градоначалникот  Никола Бакрачески, Локалната самоуправа при крај е со изготвување на документацијата за апликација до Светска...

Продолжи со читање