Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Продолжува политиката на Никола Бакрачески, „немаме за леб а трошиме на чоколадо“, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски изјави дека со тоа што на последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните, е само потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, а тоа граѓаните одамна го знаат.„Срамно е што градоначалникот...
Охриѓани за Новогодишната ноќ, дома и на плоштад
Post Views: 7 Празниците тропаат на врата. Пречекот на Новата година е време кога сите си посакуваме најубави желби. По некое не пишано правило, често на прво место посакуваме добро здравје, а потоа љубов, слога, мир, за повеќето вработување, а се тоа зачинето со „ нешто повеќе пари“. Повеќе пари не е нескромна желба, бидејќи добро е познато дека парите може да направат многу, пред се да го олеснат патот за остварување на останатите желби. Анкета„За Нова година останувам дома, новогодишна трпеза и тоа. Во Новата 2016 година посакувам добро здравје на сите“. „Со жена ми ќе...
Општинскиот Совет за безбедност со нови проекти
Post Views: 5 Клучот за зголемување на степенот на безбедност во сообраќајот е во континуирана едукација на најмладите, истакна претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот Стефан Димоски. Денес ова тело ја одржа последната седница за годинава на која беа заокружени сите активности на Советот во периодот од јуни до декември месец годинава. Со цел подигнување на нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот, како и подигнување на нивото на јавна свест, Советот реализира низа проекти од едукативен и превентивен карактер со цел да се елиминираат можностите од...
Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска
Post Views: 5Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата.Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг. „Како што доаѓа од година во година...
Бакрачески свечено го отвори младинскиот фестивал Џифони
Post Views: 7 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес во просториите на информатичкиот универзитет свечено го отвори патувачкиот филмски младински фестивал Џифони. Тој нагласи дека градот континуирано дава поддршка на ваквите настани со цел ширење на културниот производ и на филмската култура помеѓу младите во Охрид. Неговите очекувања се дека по завршувањето на интернационалниот младински филмски фестивал Џифони, дел од младите образованието ќе го продолжат во светот на филмот.„На почетокот сакам да ви се заблагодарам што им овозможивте на учениците од средните...
Охридскиот Совет го усвои буџетот за 2016, тежок над една милијарда денари
Post Views: 7 Буџетот на општина Охрид за 2016 година тежок 18 000 000 евра. По неколку точки од дневниот ред, советниците отворија широка расправа посебно по однос на третата точка која се однесуваше за Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид за 2016 година. Претстојната година ќе биде во знакот на сериозни инфраструктурни инвестициски зафати во Охрид, вели секретарот на општината Димитар Спасески. „Се на се очекуваме фуукционален буџет пред се кој ќе може да ги задоволи нашите потреби и буџет кој...
Католиците вечерва ја чекаат радосната вест за раѓањето на Исус Христос
Post Views: 11 Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ, центарот на сите празници, вели отец Оливер. Тој додаде дека Божикното славење е еден од најголемиот христијански празник и неговото славење според него било дводимензионално. „Едната димензија е славењето на Бога дека тој се роди како човек се роди за да ни каже дека...
Промоција на турско кафе и турски филм во Охрид
Post Views: 12 Промоција на турското кафе, повод за зближување на македонскиот и турскиот народ. Синоќа во просториите на центарот за култура „Григор Прличев“ Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Охрид го организираа настанот „Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм. Директорот на Институтот Јонуз Емре, Мехмет Самсакчи, истакна дека главната причина за одржување настани од ваков карактер е да се воспостават пријателски односи помеѓу двете земји Македонија и Турција, како и понатамошна заложба, преку заеднички проекти да бидат промовирани...