Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Од денеска почнуваат Божиќните пости. Во наредниве 40 дена сите православни верници со мирна совест можат да постат во знак на послушност кон Бога, кон кого, секој кој ќе пости, ја нуди својата духовна пожртвуваност и смиреност. Отец Љупчо Симиџиески за ТВМ ја појасни суштината на постот од аспект на телесно и духовно постење. Според него во овој период, молитвата кај православниот христијанин треба да биде застапена што повеќе, посебно во неделите кога започнуваат светите Божествени литургии.„Телесниот пост се пости во понеделник среда и петок без масло другите...
Се прошируваат гробиштата по цена на нивната функционалност
Post Views: 20 ЈП „Градски Гробишта“ Охрид неодамна донело одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402. Одлуката била донесена од страна на Управниот одбот на ЈП. Според неа 19 корисници се известени дека се изработени и ќе се продаваат гробни места на почетокот на секоја гробна парцела што е во непосредна близина на гробното место кое го поседуваат овие 19 корисници. Рокот за постапка по оваа одлука е 5 дена од приемот на дописот. Дел од корисниците на гробните места реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една ваква...
Домот за стари лица актуелна тема за охридските советници
Post Views: 10 Изградбата на Дом за стари лица во Охрид засега останува само на хартија.Нема никакви активности околу отпочнување со реализација на овој капителен проект кој претставува една од најсушните потреби на градот, забележува Виолета Мицкоска – советничката од СДСМ. Таа до градоначалникот се обрати со неколку прашања во врска со изградбата на овој објект како и за запазување на роковите околу отпочнување на неговата изградба.„До каде е изградбата за стари и изнемоштени лица незнам по кој пат го поставувам ова прашање, секако дека тој простор го дадовме односно го...
Членките на Женски Центар Бисера ја одбележаа неделата за грижа на стари лица
Post Views: 9 По тој повод ги посетија старите лица во Геријатриското одделеније во Општата болница во Охрид. Таму членките од ова згдружение поминаа пријатни часови во дружење со нив.
Албански граѓанин крадел покуќнина и возила по струшки села
Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани.А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница...
Свикана 48-та седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 7 Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година. На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за...
Во декември денови на Централниот регистар во Охрид
Post Views: 12 Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.
Бакрачески: Мора да обезбедиме нормално функционирање на колекторот
Post Views: 8 Водоводно – канализационата мрежа во делови на градот сеуште горлив проблем на охиѓани. Состојбата посебно кулминира при големи врнежи на дожд кога некои улици се претвораат во мали езерца. Не може да се заборави излевањето на фекалната канализација која се случи август месец, минатото лето, во туристичката населба Лагадин пред очите на странските туристи, посочува советничката на СДСМ Виолета Мицкоска. Таков е примерот и во Даљан каде често стигнуваат поплаки на жителите дека фекална канализација се излева и оди во речните канали и во езерото, додава...