Автор: Николоска Биљана
Post Views: 27 Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се...
Нема крај на социјалните проблеми за некои семејства во Охрид
Post Views: 7 Четири охридски фамилии стравуваат како ќе ја поминат зимата која доаѓа. Како што кажаа станарите при врнежи на дожд или снег куќата во која моментално живеат попушта. Таваните веќе се распукани, во одаите на дел од ѕидовите има и мувла а на средина од собите распослани се кебиња бидејќи од сите страни им капе. Станува збор за објект кој се наоѓа помеѓу охридската Маларична болница и ОУ „Григор Прличев“.„Овде живееме уште од поплавата кога беше во Воска. Ни кажаа за итен смештај и овде не остадоа. Се плашам, кога врне повеќе овде пробива бидејќи чатијата е...
Свети Архангел Михаил денес ќе ги посети болните
Post Views: 11 Православните верници денес го слават празникот Собор на свети Архангел Михаил односно светиот дух Архангел (ангел) Михаил, првиот ангел за кој се верува дека му е рамен на Бога. Аранѓеловден е втората најголема слава кај нашиот народ, пред Ѓурѓовден. Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица. Во народот исто така постои верување дека на овој ден не треба да се обавуваат никаки домашни работи, метење, перење,...
Лазареска: Зошто не се променети водоводните цевки на „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“
Post Views: 11 Охридските улици „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, биле некомплетно реконструирани. Ваквата забелешка ја изнесе советничката од редовите на охридските социјалдемократи, Жаклина Лазаревска. Таа кажа дека до неа се пожалиле граѓани од ул „Ристо Чадо “, кои тврдат дека цевоводот кој поминува од нивната улица е со азбестни цевки кои имаат одредено штетно влијание. „Дали за 700 – 800 метри односно за 800 евра не би било подобро да ги замените на Ристо Чадо со соодветни водоводни цевки. При пуштење и реконструкција на ул. „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, што за мене е добра...
Советнички прашања на 47 та седница на охридскиот Совет
Post Views: 8 Охридските советници прашуваа, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески одговараа. Денес се одржа 47 седница на Советот на општина Охрид со единствена точка на дневен ред, советнички прашања. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината. Тие се однесуваа на проектите од патната и комуналната инфраструктура, но имаше прашања и со политички примеси. Советникот од редовите на СДСМ Јован Стојаноски праша, кога може да очекуваме гасификација во Охрид како и тоа до каде е изградбата на фудбалското...
Грозданов најави изградба на две катни гаражи во Охрид
Post Views: 13 Две катни гаражи треба да никнат во Охрид. Според најавите на првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, отпочнувањето со реализацијата на овој капитален проект треба да се случи на почеткот од 2016 год. Очекуваме да изнајдеме заеднички јазик со нашите сограѓани, вели Грозданов. „Се тоа зависи од експропријацијата и од обесштетувањето на граѓаните којшто имаат имот таму и дооформувањето на оваа парцела. Поточно, ќе имаме проектирање, но и тендер, јавна набавка и доколку биде успешен јас се надевам дека...
Водата во Охрид и Струга исправна за пиење
Post Views: 6 Водата за пиење од градскиот водовод во охридското поднебје е исправна, истата редовно се хлорира и се вршат сите потребни анализи, тврди првиот човек на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид Томе Паскалоски.„Согласно правилникот за исправност на водата од 2008 год, значи Центарот за Јавно Здравје врши секојдневни анализи, вршат нашите вработени, анализи кои не се валидни пред другите органи, паралелно се врши контрола од Центарот за јавно здравје и два пати годишно се врши од републичкиот Центар за јавно здравје, водата е исправна на сите избирачки места со сите мостри...
Сообраќајните знаци во Охрид, мета на вандали
Post Views: 13 Уништени сообраќајни знаци не ретко може да се забележат на повеќето улици во градов. Искршени, искривени, исшкртани сообраќајни знаци можат да се забележат на повеќе улици во општинава, проблем што постои подолго време. Кружните текови посебно се на нишан на несовесните сторители, па така не ретко се случува на кружниот тек во непосредна близина на болницата, возачите, патот за Битола да го бараат во населба Бараки, како што кажаа жители од оваа населба. Од секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврдат дека не станува збор за погрешно поставена...