Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Post Views: 258 Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации.„Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби...

Продолжи со читање

Македонската песна е посебно ценета во дијаспората

Post Views: 253 Музиката ми е работа, студирав за кларинет и саксофон  во Сиднеј, настапувам во неколку групи и за се тоа сакам да дознаат моите сонародници од Македонија, раскажува за ТВМ младиот иселеник во Австралија Љупчо Стојчевски. Тој после 7 години доаѓа во Охрид и Битола, да каже како нашите во Австралија ја промовираат македонската култура и музика. „Целта наша е да се промовира македонската култура и музика надвор од македонскиот народ и сакаме Македонија да дознае за тоа. Тука сум до септември а вечерва ќе одам на фестивалот на песна во амфитеатар во Охрид, сакам да видам...

Продолжи со читање

Вработените од Проаква бараат да им се платат придонесите за здравствено осигурување

Post Views: 189 Здравственото осигурување горлив проблем во МЈП „Проаква“, Охрид. Вработените се револтирани и реагираат бидејќи од април месец годинава доколку се разболат треба приватно да си ја платат сметката за лекување. Тие сметаат дека раководството треба да изнајде начин, нивното право на бесплатно лекување како осигуреици во фирмата каде што работат да им биде овозможено. Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека се соочуваат со сериозен проблем околу исплатата на придонесите,  кој проблем го наследиле од претходното раководство. Додаде дека и покрај тешката состојба...

Продолжи со читање

Ул „Петрино“ чека асфалт

Post Views: 300 Жителите на улицата Петрино речиси цела година чекаат асфалт. Оваа предизборно раскопана охридска улица, е дел од програмата за асфалтирање на улици и патишта на Локалната самоуправа што годинава треба да се реализира. Жителите забележуваат дека асфалтирањето на потег од 500 метри се одолговлекува и не знаеле до кога ќе трае истото. Тие наведоа неколку причини поради кои се чекало толку време за асфалтирање на улицата. Но, не ги оправдуваат надлежните поради доцнењето.„Малце подолго се одолговлече бидејќи уште од есенеска даден е налог оваа улица комплет со водоводно...

Продолжи со читање

Полициски службеници и родители во охридските кафулиња

Post Views: 196 Пиење алкохол, пушење цигари и останување во доцните ноќни часови, се најчестите прекршоци кои ги прават адолесцентите во угостителските објекти. Синоќа на терен излегоа „мешаните патроли“, составени од полициски службеници, родители, претставници на Локалната самоуправа, Училишните одбори, ЦСР и претставници од транзитниот центар за третман на деца на улици. Тие видоа како младите се забавуваат во главниот туристички центар како и тоа дали има пороци во нивниот живот. М-р Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид вели дека реализацијата на овој проект е од огромна...

Продолжи со читање

Меморандум за соработка со лицата со попреченост

Post Views: 258   СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.„Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да помогне...

Продолжи со читање

Улиците да се враќаат во првобитната состојба

Post Views: 208 Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна  на Локалната.  Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба....

Продолжи со читање

Трпејчани на сред сезона без вода и струја

Post Views: 202 Трпејчани два дена останаа без вода. Проблемот е сериозен посебно земајќи го во предвид фактот дека тоа се случува во екот на туристичката сезона, реагираат мештаните на оваа елитна туристичка населба. Тие се револтирани и поради како што велат немање слух кај надлежните трајно да се надмине проблемот кој се повторува. Дел од нив се охрабрија и пред камерата на ТВМ јавно проговорија. „Во кажувањето од водовод, наводно водоводната линија не била добро споена. Проблемот се жалаат дека е поради струјата немало добар напон му спаднале моторите што неможат да уклучат. Тука...

Продолжи со читање

Размена на лекарски искуства меѓу Австралија и Македонија

Post Views: 197 Лекари од австралиско-македонско друштво престојуваат во земјава. Денес беа во Охрид. Целта како што изјави д-р Зоран Бечвароски е да се запознаат со колегите од Македонија, како и да разменат идеи, искуства и практики. Акцент на средбата беше ставен на неонаталниот скрининг или раното откривање на  оштетувањата на слух кај новороденчињата и каква е неговата примена во Австралија и Македонија. „Дечињата мали откако ќе се порадат што порано треба да се открие проблемот со слухот. Во спротивно тоа само по себе носи свои последици, пречки во говорот и.т.н. Во Австралија...

Продолжи со читање

Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе

Post Views: 226   Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба.„Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот...

Продолжи со читање

МОФ во Охрид

Post Views: 240 Под мото „Проблематично екстерно оценување, потпиши се за да се прогласи за пилот“ младите активисти на Младинскиот образовен форум не запираат со барање поддршка од учениците и граѓаните, како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Координаторот на програмата, Бранкица Затаракоска, задоволна од одзивот на учениците, родителите но и на останатите граѓани. „На национално ниво собрани се над 17 000 потписи а во Струга се собрани околу 1500. Засега имаме добар одзив од граѓаните а има и такви кои се плашат да потпишат. Од Охрид се собрани околу 200 потписи...

Продолжи со читање

Променливото време ги наполни амбулантите

Post Views: 191 Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид.„Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“.  Не е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се...

Продолжи со читање