Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Нема да дозволиме никогаш да се влошат меѓуетничките односи во Р Македонија или некој да иницира и да ги потпали страстите. Ова го порача Реисул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи на денешниот работен состанок на муфтиите во Охрид, коментирајќи го последниот извештај на ЕУ во кој се посочува дека меѓуетнички односи во Македонија се многу кревки. Со оглед на тоа дека се наближуваат изборите, се наметнува прашањето дали партиите и политичарите би можеле меѓуетничките односи да ги искористат за задскривање на некои други работи. Реџепи со став.„Веројатно има органи и...
Граѓаните прашуваа, градоначалникот одговараше
Post Views: 10 Дел до граѓаните на Охрид и охридско денес имаа можност да бидат лице в лице со градоначалникот Никола Бакрачески. Тие прашуваа, градоначалникот одговараше. Граѓаните се интересираа за повеќе области од нивното секојдневно живеење, но најмногу беа заегнати со проблемите од комуналната сфера. Наш сограѓанин од ул „Сирма Војвода“, кој неколку пати јавно бараше асфалтирање на потегот помеѓу улиците Сирма Војвода и Момчило Јорданоски, денес доби ветување од првиот човек на градот дека локалната веќе работи на надминување на овој проблем и во најскоро време ќе...
Конечно Охрид добива базен
Post Views: 15 Отпочнаа градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Градоначлникот на Охрид Никола Бакречески, заедно со неговиот тим и стручните служби во Локалната самоуправа успеаа за година и пол да остварат едно големо ветување дадено на граѓаните на Охрид, да реализираат еден од најкапиталните проекти за градот во последниве десеттина години. Со овој проект ќе се врати духот на водените спортови, пливањето и ватерполото. Како што истакна Бакрачески, изминатиов период успеале да ги подготват сите потребни документи, од урбанистичко плански...
Пуштени во употреба реконструираните улици
Post Views: 8 Во текот на денешната обиколка на Охрид и охридско, прво ја посетија новоотворената Филмска академија каде што ги увидоа условите за работа на оваа институција. Следуваше свечено пуштање во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“, една од поважните сообраќајници во градов, која години наназад беше во катастрофална состојба. Се направи увид и на неодамна реконструираната улица „Илија Смически“ во село Лескоец, која им создаваше доста потешкотии во секојдневното функционирање на мештаните во ова село. Го посетија и Велгошти, каде што продискутираа за...
На охридските таксисти им е „тесно“, бидејќи сакаат да се паркираат во центар
Post Views: 11 Многу лиценци за такси, а малку паркинг простор. Охридските таксисти со забелешка до надлежните дека во Охрид се издаваат повеќе од потребното лиценци на такси возачите, без Локалната самоуправа да обезбеди доволно паркинг места наменети за нив. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески информира дека имале издадено 300 изводи од лиценци за вршење авто такси превоз, и смета дека во Охрид има доволно паркинг места, но проблем било што охридските таксисти ги посакувале само...
Локализиран пожарот во Куратица
Post Views: 7 Изгоре голема површина на нискостеблеста и дабова шума во Куратица, охридско. Мештаните и екипи на ТППЕ цели два дена се бореле со огнената стихија, која започнала од Прентов Мост и со брз интензитет се проширила кон шумата. Претседателот на М. З. Горан Ангелоски, вели дека доколку екипите од шумското претпријатие реагирале навреме штетата би била помала и пожарот ќе се локализирал за пократко време. Ангелоски информира дека за состојбата лично го информирале секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој веднаш ноќта пристигнал со противпожарната екипа од...
Американската зелена карта не е предизвик за охриѓани
Post Views: 10 Еден од начините што граѓаните сакаат да го искористат за заминување од државата е лотаријата за добивање на зелена карта за Америка. Во Охрид постои интерес, но не толку изразен, за оваа лотарија, посебно кај младата популација. Причините заради кои младите охриѓани сакаат да заминат од својот град најчесто се од економски. Вработување и подобар живот е одговорот што најчесто го дадоа нашите соговорници. Но за добар дел од нив Американскиот континент и не е некој предизвик.Поголем дел од нашите соговорници не сакаа да коментираат пред објективот на ТВМ.Инаку, со...
Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите
Post Views: 6 Во детската градинка „Јасна Ристеска во последно време кадарот што работи со најмалите деца често се менува. На ваквата практика реагираат загрижени родители. Тие велат дека за повеќе деца тргнувањето во градинка претставува стрес како за детето така и за родителот, пред се од аспект на оделувањето од родителот и навикнување на детето на новата средина. Укажуваат и на тоа дека децата непознатиот простор го доживуваат со низа емоционални реакции, како што е несреќно плачење и пасивност, остро протестирање, слабо јадење како и кратко и немирно спиење. Родителот...