Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Општина Дебрца погодена од невреме

Post Views: 248 Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на...

Продолжи со читање

Меѓународен камп „ЈЕСКО“

Post Views: 197 За прв пат годинава во Велестово, Црвениот крст од Охрид е домаќин на Меѓународниот камп „ЈЕСКО“. Тренинг центарот во оваа елитна населба е местото каде 5 дена ќе се одвиваат активностите на 32 учесници. За тоа во што се состои работилницата овие денови, појасна Весна Терезиоска потпретседателот на Црвениот крст Охрид.„Тоа е камп за развивање на моќта кај младите, се развиваат комуникациски и лидерски вештини имаме гости од Ужице и Крагуевац, исто така имаме учесници од Охрид.00:36 Охрид+00:43 Имаме 32 учесниц,8 ментори, 5 инструктори. Сакам да напоменам дека ова сакаме...

Продолжи со читање

Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Post Views: 207 Архивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи„Она што можам јас да го кажам како инспектор...

Продолжи со читање

Опасни шахти на ул „Железничка“

Post Views: 220 Опасни шахти на ул „Железничка“. Поголемиот број од ревизорните шахти се пропаднати односно дел од коловозот околу нив, а некои од нив се целосно уништени. Безбедноста на улицата е на лошо ниво поради тоа што шахтите се наквалитетно изработени, со месеци никој не ја санира состојбата иако тие го загрозуваат сообраќајот како и учесниците во него, реагираат мештаните од оваа улица.„Ете можевме да посведочиме каков е звукот кога кола ќе помине преку шахтата. Значи во ноќните часови не може да се спие, не од самата бучава не од возилата туку од ударот на шахтата. Откога...

Продолжи со читање

Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај

Post Views: 276 Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај. Министерството за култура годинава издвои 1 милион денари за првата фаза која како што ни открива директорката на Завод и музеј, Тања Паскали – Бунташеска предвидува санирање на ѕидните јужни платна кон езерскиот брег, од летната сцена на Долни Сарај. На ваков чекор се одлучиле по повеќегодишното укажување од опасноста од уривање на летната сцена, додава таа.„Оштетувањата беа настанати во голема мера со тек на време што не беше интервенирано на самите зидини, поточно дел од малтерите го имаа изгубено врзивното својство и камењата...

Продолжи со читање

Продолжува асфалтирањето на улиците во Охрид

Post Views: 182 Продолжуваат интензивните активности за асфалтирање на главните сообраќајници во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески изјави дека работат со полн капацитет и не застануваат додека не го исполнат зацртаниот план за реконструкција на улиците. Додава дека работите на терен откриле и дополнителни проблеми. „Токму денес се наоѓаме пред една од тие локации а тоа е дел од ул Јане Сандански во која што предвидуваме да асфалтираме околу 2000 квадрати, тоа е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица. Во иднина ќе се реконструираат и асфалтират улиците, Сирма Војвода околу...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на меѓународниот фестивал „Разиграно оро“

Post Views: 195 Охрид домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Неговото свечено отворање ќе биде утре, трети јуни од 20 часот, на сцената на Античкиот театар, а ќе трае до петок. Од оргазнизациониот одбор на фестивалот секретарот на фолклорното друштво „Филиграни“, Зоран Симјаноски, вели традицијата продолжува и од година во година фестивалот го зачувува приматот на најмасовна манифестација од тој вид во Македонија.„Оваа година по седми пат го одржуваме меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро 2013“. Го одржуваме епитетот на најмасовен фестивал бидејќи оваа...

Продолжи со читање

Хуманитарен концерт за малечката Елиза

Post Views: 190 Хуманитарен концерт за малечката Елиза. Во рамките на „Канео фест“, младите охриѓани Антонио Малчески и Александар Трифуноски, втората вечер на фестивалот ја резервираа за хуманитарен концерт. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за шест месечната Елиза на која треба да и се направи хируршка интервенција на окото за да прогледа, открива Антонио Малчески, техничкиот директор на фестивалот „Утре ќе се случува хуманитарниот концерт кој ќе започне во 21 часот ќе настапуваат побвеќе охридски звезди со охридски бенд и мислам дека ќе биде забавно и интересно...

Продолжи со читање

Се поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид

Post Views: 209 Се поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид. Децениската желба на луѓето од овие три града ќе биде реализирана, уверува градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додава дека во повеќе наврати на оваа тема веќе биле остварени разговори со градоначалникот на Струга и Поградец и идејата била силно поддржана.„Мислам дека постоеа некои пречки во законските регулативи на албанската страна, мислам дека постоеа закони кои го регулираа сообраќајот само во приморскиот сообраќај и не постоеше регулатива за регулирање на водниот сообраќај но колку што јас имам информација...

Продолжи со читање

Охрид знае како да се промовира

Post Views: 222 Хотелиерите и угостителите од Охрид, Струга и Поградец, на свој начин учествуваа во одбележување на Денот на езерото. Штандовите со рекламни материјали, но и штандовите со рибни специјалитети, домашни ракотворби, како и сувенири, покажаа дека трите крајбрежни града, има што да им понудат на туристите.  Угостителите од струшко Радожда ги имаа изложено дел од специјалитетите на нивната куќа. За нив ваквите манифестации биле од големо значење, но семтаат дека треба да има повеќе настани од ваков тип.„Ние како претставници на рибни ресторани, односно го претставуваме нашиот...

Продолжи со читање

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 218 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на „Ден на езерото“

Post Views: 236 Уметничка програма, забава, велосипедски караван околу крајбрежјето на Охридското Езеро, се само дел од содржините од заедничкото одбележување на Денот на Езерото, на трите соседни града Охрид, Струга и Поградец. Нашиот град годинава, домаќин на оваа манифестацијата. Промоција на целокупната туристичка понуда на охридското крајбрежје, е само дел од низата активности предвидени во рамките на одбележувањето на овој настан, изјави Ѓоко Апостоловски, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Воедно Апостолоски најави што ќе се случува во текот на...

Продолжи со читање