Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Локалната власт во Охрид подготвена за одржување на патштата во зимски услови

Post Views: 6 Локалната самоуправа, Јавните претпријатија подготвени се да ги одржуваат патиштата во Охрид во текот на зимската сезона. Оваа изјава доаѓа од заменик градоначалникот Ангел Јанев, на денешниот координативен состанок кој секоја година во организација на СВР Охрид се одржува пред почетокот на зимата. Јанев категоричен, дека со механизацијата за зимски услови со која располагаат ЈП, можат да се справат во охридскиот регион, но не и на други регионални фронтови, односно патишта. „Се она што е потребно за и околу одржувањето на магистралните патишта посебно во делот од...

Продолжи со читање

Поддршка од Центарот за социјална работа за семејството Демо Илбер

Post Views: 12 Центарот за Социјална работа Охрид, ќе му помага на семејството Демо Илбер. Како што веќе информиравме 10 членото семејство на Илбер неодамна добија решение за иселување, од бараката на ул „Кленоец“ во која живееа 15 години. Социјалниот работник Наташа Климоска за ТВМ изјави дека комплетно се запознати со состојбата на семејството Илбер, кои во Центарот веќе биле евидентирани како семејство под социјален ризик и било вклучено во системот на социјална заштита. Таа истакна дека нивните служби веќе се ангажирале да ја обезбедат потребната документација, со цел на...

Продолжи со читање

Општа болница Охрид лидер во здравството

Post Views: 8 Општа болница Охрид лидер во здравството. Тоа го покажале резултатите од дискретното истражување кое го спровело Министерството за здравсто, информираше првиот човек на болницата д-р Љубен Арнаудов. Поголем број од пациентите кажале дека се задоволни од медицинската нега, хигиената, болничките услуги и персоналот. Според Арнаудов вложувањата и несебичниот ангажман кој го правеле изминатите години, посебно со доградбата на новиот хируршки блок, како и со набавката на најсовремените софицистирани апарати во вредност од 2 милиони евра ги покажале првите резултати на...

Продолжи со читање

Охрид доби два современи центри за лицата со посебни потреби

Post Views: 11 Денес, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го означија стартот на градежните активности за реновирање на објектот во кој ќе бидат сместени двата Дневни центри, за лицата со пречки во развојот и за деца со аутизам. Имено во рамки на ОУ „Братство единство“ ресорното министерство и општина Охрид со заеднички сили ќе опремуваат простории со вкупна површина од 210 м квадратни, специјално наменети за лицата со посебни потреби. Градоначалникот Бакрачески истакна дека со тоа создаваат услови за непречено...

Продолжи со читање

Градоначалникот на Гевгелија бара отворање на нов граничен премин од Грција

Post Views: 6 Отварање на нов граничен премин, бара Иван Франгов, градоначалникот на Гевгелија. За надминување на бегалската криза општина Гевгелија очекува помош од ЗЕЛС. Како што нагласи Франгов, дневната фрекфенција на мигранти кои поминуваат низ градот е од 2500 до 6000 луѓе. Додава дека мигранската криза длабоко ја чуствуваат жителите на Гевгелија и во општината се соочуваат со двојно повеќе работа, како во делот на подигање смет, а со оглед  дека зимата тропа на врата треба да обезбедат повеќе електрична енергија за греење. „Пунктот што успеавме да го направиме заедно со...

Продолжи со читање

Нашата земја добива позитивни извештаи од ЕУ за процесот на децентрализација – Трајановски

Post Views: 4 Електронското одобрение за градба, едно од главните достигнувања на ЗЕЛС. Нашата земја во Дуинг бизнисот е на 12 тото место во светот додека пак во Европа на 10 место, обелоденува претседателот и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Процесот на децентрализација е процес кој трае и треба да се избориме за појака децентрализација за повеќе финансиски средства, за повеќе надлежности и усогласување на законски прописи, нагласува Трајановски.„Ние имаме релативно млада децентрализација од 2005 наваму, оваа година одбележуваме 10 години од процесот на...

Продолжи со читање

Булеварот „Туристичка“ во лоша состојба

Post Views: 5 Дупки, крпен коловоз и нервозни возачи е секојдневната слика за булеварот „Туристичка“, во Охрид.  И покрај тоа што оваа улица претставува една од најпрометните сообраќајници во општина Охрид, таа и понатаму останува горлив проблем како за возачите така и за пешаците поради лошата состоба во која се наоѓаат тротоарите долж булеварот. Од локалната самоуправа за телевизија ТВМ признаваат дека овој булевар не е комплетно саниран, но најавуваат дека наскоро ќе започнат со реконструктивен зафат.„Во тек е тендер за асфалтирање на пристапни патишта и улици на територија...

Продолжи со читање

Ќе се менува азбестниот кров на детската градинка „Сонце“

Post Views: 5   Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата. Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на...

Продолжи со читање