Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Велосипедска трка за хумани цели

Post Views: 189 По повод „Денот на езерото“, 21 јуни, Велосипедскиот клуб „Еко Дром“, традиционално по четврти пат ја организира рекреативната кружна тура околу Охридското Езеро. Оваа тура Охрид – Струга – Поградец ,сеуште не може да да има професионален карактер, поради недостиг на финансиски средства вели Александар Јовановски од „Еко Дром“, но сепак како организатори се потрудиле годинава да воведат новина.  „Новинка оваа година е моментот и соработката која што нашиот клуб веќе подолг период ја има со Црвениот Крст од Охрид, дојдовме на идеја овој настан да добие малку...

Продолжи со читање

Охридските психолози откриваат поразителна статистика

Post Views: 187   Децата од 7-12 години најзаинтересирани за надворешниот изглед. За тоа зборуваат резултатите од психолошкиот осврт, кој беше направен во рамките на акцијата „За посреќно детство“. Иако пред младите охриѓанчиња беа претставени повеќе занаети, книговез, резбарство, автомеханичарство, изработка на свеќи, сепак младите заинтересирани за маникир, педикир, фризура и шминка, открива психологот Александра Џуклеска.„Загрижувачки е тој факт што децата многу малечки, значи сеуште не се влезени во пубертет, а пројавуваат толку голем интерес за надворешниот изглед. Тоа е многу...

Продолжи со читање

Ќе има ли двосменско работење во градинката?

Post Views: 186 Охридската Детска градинка го опипува пулсот на родителите за воведување на двосменско работење во установата. Идејата потекна од изборната програма на првиот човек на градот  Никола Бакрачески, вели в. д. директорката на градинката Роза Костеска.„Во моментов тече една анкета со родителите кои што веќе ност деца во градинката да видиме колкав е нивниот интерес. Исто така ги злоупотребивме вашите медиуми во една прилика во која што кажавме родителите кои што се заинтересирани да се обратат во службите во градинката. Кој е заинтересиран нека дојде во службите на градинката...

Продолжи со читање

Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Post Views: 206 Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти.„Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир,...

Продолжи со читање

Ценовник за секое такси возило

Post Views: 373 Црвена налепница со ценовник за секое такси возило. Локалната самоуправа реши да се справи со дел од охрисдските таксисти, кои на туристите им наплатуваат повисоки од утврдените цени, но и за оние таксисти, кои за охриѓани не го подмрднуваат своето возило од место за кратките дестинации. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека до Локалната самоуправа стигнале многу поплаки од граѓаните и туристите кои биле мета на неразумните таксисти.„Со цел да се спречи таа негативна појава за нашиот град и со тоа да се остави позитивен впечаток, ние како Локална...

Продолжи со читање

Почна градежната офанзива во Охрид

Post Views: 196 Почна градежната офанзива во Охрид. Ќе се асфалтираат и  реконструираат 8 поголеми улици во градот. Асфалтирањето почна од ул Радојца Новичиќ односно оттука почна реализиција на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Градежната машинерија и екипите на градежната компанија Гранит веќе се на терен.„Прва улица која ќе се асфалтира е Радојца Новичиќ во должина од 1840 метри и вкупна површина од 9200 квадратни метри. Понатаму ќе се асфалтираат улиците Петрино, со вкупна должина од 450 метри и широчина од 4,5 метри оваа улица Радојца Новичиќ е со ширина...

Продолжи со читање

Дали ќе згасне Погребално

Post Views: 184   Финалните анализи ќе покажат дали ЈП „Погребални услуги“, ќе продолжи со работа или ќе згасне, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на денешната средба со менаџерскиот тим, на ЈП Градски Гробишта и претставниците на охридското муфтивство. Како што е познато ЈП Погребални услуги повеќе од година дена ја изгуби лиценцата за работа, има 2 вработени и 8 члена на Управен одбор. „После преземање на мандатот, веднаш дадов налог на службите да извршат анализа на работењето на Јавните претпријатија, вклучувајќи го и ЈП Погребални услуги, јас се сложувам со...

Продолжи со читање

Се чистат муслиманските гробишта

Post Views: 189 Се чистат депониите и сметот, пред муслиманските гробишта. Целта, како што истакна првиот човек на градот, Никола Бакрачески е подеднаков третман на христијанскиот и муслиманскиот дел од гробиштата „Овој отпад е наталожен од времето на претходното раководство и како затекнат проблем, пристапивме кон негово решавање“ , додава Бакрачески.„Пристапивме со расчистување на депониите и сметот и средување на тротоарите, улиците, ивичњаците парковите во христијанскиот дел на гробиштата, сега почнуваме да го правиме истото тоа со муслиманскиот дел на гробиштаат и во таа насока...

Продолжи со читање

Ново училиште во Волино

Post Views: 182 Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес. „Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици. Досега учениците од село Волино настава...

Продолжи со читање

Градежен отпад се фрла насекаде

Post Views: 189 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут.„Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен...

Продолжи со читање

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Post Views: 194 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие.„Со напорите што ги направи концесионерот...

Продолжи со читање

Заев: Да ја спуштиме топката

Post Views: 194 Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат.„Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она што...

Продолжи со читање