Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа

Post Views: 275 Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро. Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето  мерки за санација на пукнатината од браната. „Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното...

Продолжи со читање

Се средува хаосот со таканаречените туристички водичи во Охрид

Post Views: 188 Општинскиот инспекторат со засилени контроли за сузбивање на појавата на нелегални туристички водичи. Досега не е изречена глоба, што значи дека не е најден нелегален водич вели, раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. Додава дека инспекторите постојано се на терен, посебно на најпосетуваните пунктови во градов од страна на домашните и странски гости.„ Се контролира најмногу стариот дел на градот, Св Наум, Заливот на коските. Овие локации се под најголем надзор од страна на нашите инспектори. Очекувам оваа година и ние како инспекторат но и туристичките водичи...

Продолжи со читање

Слаба наплата за гробарина

Post Views: 207 Слаба наплата за гробарина. Услугата за одржување на градски гробишта започна да се применува од 2011 година согласно одлука на Советот на општина Охрид. Директорот на ЈП Зоран Симоноски, вели дека околу наплатата на гробарината се појавиле многу нејаснотии кај лицата кои поседуваат гробно место.„Има некои нејаснотии кај граѓаните точно, имаме секојдневни приговори граѓани кои што идат за појаснување, за што се работи сакам да појаснам. Имаме голем број на гробни места поточно некаде околу 1200-1300, кои што не се внесени во нашиот компјуерски систем и за кои ние немаме...

Продолжи со читање

Општината ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинзи

Post Views: 224 Како што ТВМ неофицијално дознава, општина Охрид веќе ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје со кој што во моментов стопанисува ДООЕЛ „Сузуки“, Охрид. Согласно заклучокот на Советот на општина Охрид од 10ти Мај 2013 год, за раскинување на договорот за користење на паркинг просторот, досегашниот приватен субјект не ќе може да наплаќа за паркинг местата. Од Локалната самоуправа најавија подетални информации во текот на утрешниот ден. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Архивата од некогашната детска болница сеуште незаштитена

Post Views: 281 Државниот санитарен и здравствен инспекторат се  изјасни за ненадлежен во врска со документацијата од поранешната специјална детска болница во Охрид. Пред нецел месец ТВМ објави прилог за состојбата со архивата од оваа болница и поплаките од родители кои со години не можат да ги пронајдат историите на болест од своите деца, некогашни пациенти во таа установа. Тогаш од државниот архив на Македонија, подрачно одделение охрид, инаку местото каде требаше да се наоѓа документацијата соодветно архивирана, не упатија до Министерството за здравство како правен наследник на...

Продолжи со читање

Обнова на акцијаштвото

Post Views: 212   Обнова на акцијаштвото. За прв пат во Македонија започнува иницијатива за отворање на волонтерски работен камп или продолжување на  акцијаштвото кое започна во Охрид пред 30 години со организирањето на првата работна сојузна акција Охрид 1984 година. Денес во извидничкиот камп беше потпишана и декларацијата за афирмација на акцијаштвото и волонтеризмот на сите клубови учесници.„Ја поздравуваме и прифаќаме заедничката платформа на здруженија и клубови за доброволни работни акции и волонтеризам, ги поддржуваме напорите на ОН и меѓународната заедница за промовирање,...

Продолжи со читање

Нискоградба ќе обележува дел од улиците

Post Views: 192 ЈП Нискоградба Охрид на тест пред Локалната самоуправа. Иако од основањето на ова ЈП една од дејностите е изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта, улици и други објекти, ова претпријатие од годинава за прв пат ќе обновува дел од патната сигнализација на локалните патишта.„ЈП Нискоградба Охрид се вклучува во дел на обележување на градските сообраќајници. За почеток Локалната самоуправа го ангажира ЈП за просторот вон централното градско подрачје, од причина да ги види неговите технички и човечки перформанси со кои располага, информираат од Локалната“....

Продолжи со читање

Охридскиот затвор место за ресоцијализација

Post Views: 210 Охридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање здравствена...

Продолжи со читање

Златна матура на генерацијата 1962/63 год

Post Views: 179 Класен час на генерацијата 1962/63 година. Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени, вака денес изгледаше средбата на соучениците од петтата генерација на средното економско училиште од Охрид. Дотерани и елегантни, насмеани и среќни, тие го одбележаа златниот јубилеј – 50 години од матурата. Чуството е неописливо, ваквите јубилеи се поскапи дури од златото, вели класниот раководител Трајан Ласовски. „Искрено јас многу сум соживеал со учениците во тоа време кога се наоѓав во економското училиште и до ден денс ме бараат и тоа ме храни....

Продолжи со читање

Балканско првенство во џудо во Охрид

Post Views: 223 Спортскиот центар „Билјанини извори“ денес и утре е арена на џудо борбите. Околу 500 учесници од 9 балкански земји во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Организатор е македонската џудо федерација во соработка сo балканската џудо федерација. Секретарот Горан Мицкоски информира дека овој настан бил предвиден уште пред две години, согласно нивната програма. Додава дека изборот за одржување на бакланското првенство во кадети и јуниори во Охрид не е случаен, бидејќи сметале дека Охрид има што да им понуди на...

Продолжи со читање

Шести пат „Матурска парада“

Post Views: 278 Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат.Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...

Продолжи со читање

Грција – топ дестинација за охриѓани

Post Views: 191 Охриѓани не се откажуваат од летните одмори надвор од државава. Најпопуларен избор на туристичка дестинација годинава за нив се Грција, Турција и Шпанија, велат туристичките работници. Солена вода на убаво уредени егзотични песочни плажи, маслинови дрва, а сето тоа за ниски цени. Лептокарија, Крф, Олимпик Бич, Полихроно, Певкохори се само дел од аранжманите каде охриѓани веќе се решија да го поминат својот летен одмор открива Елида Битрак, менаџер на туристичка агенција. Оваа дестианција е најпримамлива посебно пред сезоната,  цените се многу ефтини, а во нив е вклучен...

Продолжи со читање