Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Опремена по сите светски стандарди, со најквалитетни продукти од здравата исхрана компанијата Бако денес свечено го прослави својот втор роденден во Охрид. Компанијата е основана во 2000 година и од тогаш па се до денес посветено работи на квалитет. Како што изјави првиот човек на компанијата Омер Фејзулоски и понатаму ја задржуваат нивната цел, преку нивната потрошувачко ориентална стратегија да дадат конкурентна понуда и уникатни производи. Ја остваруваме нашата визија и мисија да бидеме синоним,квалитет и вкус што не се заборава додаде Фејзулоски.„Ние знаеме...
Антовски: Во Македонија нема социјален дијалог туку социјален монолог
Post Views: 10 Долги години во Македонија од осамостојувањето до сега нема социјален дијалог туку социјален монолог. Жалосно е што партнерите кои што треба да го спроведуваат социјалниот дијалог не го прават тоа туку сосема други, истакна претседателот на УНАСМ Слободан Антовски. Тој нагласи дека неможноста да се спроведе социјален дијалог негативно се отсликува на сите нивоа, бидејќи на маса седнуваат структури на кои не им е грижа за работничката класа, па тоа е причината што младите бегаат од земјава бидејќи минималната плата која ги очекува не им нуди ништо освен гол...
Охрид домаќин на 12то Светско првенство во брза телеграфија
Post Views: 10 Светско првенство во брза телеграфија во Охрид. По 12 пат 170 претставници на национални тимови од 22 држави од целиот свет се натпреваруваат во Охрид по брза телеграфија. Радиотелеграфијата е хоби кое што во минатото беше употребувано професионално од страна на војската, полицијата, морнарицата поштите, но денес со напредок на современата техника ја употребуваат само радиоаматерите за лично задоволство и како дел од еден натпревар, појаснува Оливер Табаковски – претставник на меѓународната радиоаматерска унија.„Натпреварот се состои од четири дела,...
Пуштена во употреба реконструираната ул „Питу Гули“ во Охрид
Post Views: 6 Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба комплетно реконструираната улица „Питу Гули“. Оваа улица доби нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по цела должина. Како што кажа првиот човек на градот Никола Бакрачески, Локалната самоуправа дополниетлно се ангажирала за поставување на коловозната конструкција на сливници за одвод и изградба на нова комунална инфраструктура за соседните улици со што во иднина би се одбегнале прекопи на коловозот. „Ево денес само после два дена завршуваме уште еден проект за Охрид и тоа...
Отпочна изградбата на два нови кружни текови на бул „Туристичка“ во Охрид
Post Views: 12 Означен стартот на два значајни инфраструктурни проекти во Охрид. Едниот вкрстосување на бул „Туристичка“ со ул „Македонски Просветители“, другиот на крстосницата на „Туристичка“ со ул „Стив Наумов“. Со изградбата на овие кружни текови во многу ќе се подобри сообраќајната слика на овие два потези, но ќе се подобри и безбедноста во сообраќајот, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.„Тука сме на местото на започнување на еден значаен проект за сообраќајот на Охрид, започнување со работите за реализација на проектот за два кружни текови на раскрсницата помеѓу...
Охриѓани малку се запознати за ризикот од мозочен удар
Post Views: 9 Во Македонија бројот на мозочни удари е околу 6 000 новонастанати во текот на една година од кои 1 600 завршуваат со фатален исход. Симптомите на мозочниот удар мора секој да ги знае, бидејќи само со навремена реакција може да се спаси живот или да се намали инвалидноста. Д-р Маја Божиноска Смитческа, нагласи дека охриѓани малку се запознати со ризик факторите и мерките за превенција и заштита од мозочен удар. „Нажалост првичните покзатели се дека многу малку се знае за можочниот удар. Најмногу знаат луѓето кои имале некој во фамилијата или кои го прележале,...
Спасов ги посети пензионерите кои се на бесплатен викенд во Охрид
Post Views: 8 Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, денеска ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Охрид, во извидничкиот камп.„За оваа година овозможивме 3000 пензионери да можат да ја користат оваа бесплатна услуга, овој проект е дел од програмата на Владата на Р. Македонија. За негова реализација издвоени се околу 12 милиони денари. Би сакал во оваа прилика да ја искористам можноста и да ја информирам...
Каљоши: Потребна е поголема промоција на проектот „За секое дете – топол дом“
Post Views: 5 Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување.„Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат...