Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Здружената опозиција Охрид, побара ТВ дуели

Post Views: 256 ВМРО – ДПМНЕ најмалку може да зборува за културно наследство во Охрид, изјави Дејан Блажески, кандидатот за советник од „Сојузот за иднината“. Тој нагласи дека Заводот за заштита на културни споменици, за жал на охриѓани, наместо да вработува археолози во моментов бил претворен во архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ кои им служат во текот на изборната кампања.„ До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?! Кога ќе биде вратен во нормална...

Продолжи со читање

Трајкоски сигурeн во победа за Дебрца

Post Views: 216 Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски.„Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца...

Продолжи со читање

Охрид мора да расчисти со непотизмот

Post Views: 175 Само навреди, лаги и закани слушаме кон и за противничкиот блок, изминативе 8 години од креаторите на програмата на охридските социјалдемократи. Падот на Охрид му го препишуваме на луѓето познати по тоа што програмата ја адаптирале во интерес нa еден потесен круг на луѓе, дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид, кажа Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Додаде дека Охрид мора да расчисти со непотизмот.„Градоначалникот  Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател...

Продолжи со читање

Петрески ќе донесе гасификација во Охрид

Post Views: 201 Александар Петрески, Кандидатот за градоначалник на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ е загрижен за нивото на езерото. Тој упати порака до Владата и ресорните министерства навреме да реагираат, бидејќи водата на Охридското Езеро е над максималната кота и предизвикува големи штети.  Петрески вети дека уште денес ќе преземат активности за почеток на санација на Мостот на желбите.„Знаете дека ноќеска од ветерот и водената маса дел од Мостот на желбите према Потпеш се сруши и еве јас сум тука не сум Австралија, меѓутоа повторно да не бидам јас одговорен ги повикувам...

Продолжи со читање

Попоски -„Да, Знам зошто! “

Post Views: 374 Чест и голема одговорност е да се биде советник во Охрид, бисерот на Македонија, рече Павел Попоски носителот на независната советничка листа бр. 38. Попоски нагласи дека неговата програма не се состои од празни предизбнорни ветувања, туку содржи неколку основни начела, за кои со целиот свој капацитет ќе се залага: За Охрид, модерен град, За туристичка сезона која трае, За стопанска перспектива, За развој на руралните средини, За социјална сигурност, За грижа на постарите лица, За спорт за сите, За Охрид, безбеден град.„Сметам дека убавините на Охрид треба многу повеќе...

Продолжи со читање

ДОМ ќе ги осветлува патиштата до верските објекти

Post Views: 199 Партијата на зелените, ДОМ, се претстави во Охрид. Нашето мото „Избери зелено, диши слободно“, има силна порака која со внимание треба секој од нас да ја протолкува, рече носителот на листата на кандидати за советници,  Летка Филиповска. Таа се задржа на неколку приоритети, за кои во иднина ќе се залагаат како сериозна партија и секако истата и ќе ја реализираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните.„Прв приоритет е зелени општини за здрав живот, општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и примента...

Продолжи со читање

Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

Post Views: 214 Враќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење. „За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе...

Продолжи со читање

Петрески по трет пат ја побара довербата на охриѓани

Post Views: 180 Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.  „Само премиер...

Продолжи со читање

Петрески – Подготвени сме за избори

Post Views: 175 Комплетно сме подготвени за настап на овие избори, најави Александар Петрески, кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојузот на иднината“ кој од охриѓани ја бара довербата за трет мандат. Вечерва со митингот на градскиот плоштад Петрески презентирајќи ја својата изборна програма и официјално ја отпочнува битката за градоначалничката функција. Петрески рече дека Охрид заслужува да има убаво лице, а не грдо како синоќешната слика на митингот на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ, каде што според него имало се, само охриѓани не.„Преку 300 автобуси беа...

Продолжи со читање

Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Post Views: 205 Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски...

Продолжи со читање

Ракометот во Охрид има светла иднина

Post Views: 350 Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката...

Продолжи со читање

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 248 Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и...

Продолжи со читање