Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Денес во Охрид министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија потпишаа меморандум за справување со бегалската криза. Проблемот со напливот на бегалци од воените зони на Блискиот Исток во Македонија, Србија, Унгарија и Австрија е проблем на Европа, а не само на државите низ кои мигрантите транзитираат на нивниот пат кон Западна Европа. Ова беше генералниот заклучок кој што произлезе од денешната средба на министрите за внатрешни работи. Како што истакна министерот на за внатрешни работи на Р. Македонија, Митко Чавков, решението на...
Врските на Охрид со збратимените градови
Post Views: 11 Паркот на пријателството на потегот од Бела Виста до Парк или ќе биде вклопен , уреден и соодветно обележан при изградбата на третиот дел од новата модерна пешачка патека или ќе престане да постои. Паркот кој треба да симболизира трајно пријателство и соработка на Охрид со збратимените градови беше засаден на 8 декември 2012 година на патрониот празник на Охрид. Покрај секое дрвце стоеше обележје со натпис на повеќе збратимени градови. Паркот не заживеа, не се доуреди хортикултурно а во неколку наврати беше мета и на вандали. Но дали врските на Охрид со...
Годинава рекордно високи цени за ајвар и зимница
Post Views: 8 Крајот на август и септември, се месеци предвидени за подготовка на зимница. Почнувајќи од низалки со пиперки, туршија, ајвар, лутеница, малџано, пинџур и останато, македонците, традиционално во овој период од годината, се подготвуваат за зимскиот период. Некои не прават зимница, други пак ја прават во помали или поголеми количини, во зависност од длабичината на џебот. Како и да е, дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани.„Нема да правам зимница, годинава не е скапо, ама јас не можам за двајца...
Донација мебел за опожарениот стан на Јанкулоски
Post Views: 5 Пристигна мебел во станот на семејството Јанкулоски, кое пред 20 сетина дена загуби се што имаше во пожар. Штетата од пожарот беше голема, и на семејството ќе треба да му помогнат институциите, бизнис заедницата и граѓаните, истакна Екрем Каљоши директорот на ЦСР од Охрид. Додаде дека со нивно посредство во рамки на проектот „Топол дом“ успеале да ја завршат денешната активност и малку да им ги подобрат елементарните услови за живот.„Согледувајќи ја потребата на ова семејство за одредени потреби за домаќинство, хумани граѓани се пријавија да донираат мебел. И...
Со нова библиотека започна учебната година во с. Лескоец
Post Views: 10 Библиотека и нова реконструирана училница, денес, на првиот училишен ден добија учениците од ОУ „Ванчо Николески“, од село Лескоец. Нив во употреба ги пушти првиот човек на градот Никола Бакрачески. Бакрачески истакна дека училиштата во руралните средини на општина Охрид имаат потреба од помош и поддршка од Локалната самоуправа, но и од Министерството за образование, во поглед на обезбедување подобри услови, како што е енергетската ефикасност, замена на подови, санитарни јазли, прозори и врати, обезбедување на учебни помагала и реквизити, но и во делот на...
Стојановски: Земјоделците препуштени сами на себе
Post Views: 12 ВМРО-ДПМНЕ со години ја манипулира охридската и македонска јавност за низа лажни и неостварени ветувања, проекти кои секогаш се наведени дека ќе се реализираат во иднина, а никогаш ниту се реализирале ниту се отпочнало со нивно остварување, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Советникот Јован Стојановски нагласи дека дека останале многу нереализирани проекти кои биле застапени во програмата на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, а еден од нив бил и Откупно-дистрибутивниот центар со ладилник во село...
Поетска ноќ во Велестово
Post Views: 4 Велестово синоќа по 27 пат беше собирното место на македонските поети и сликари, вљубеници во поезијата и уметноста воопшто, во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Годинава настанот беше посветен на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски. Во името на градот на присутните, се обрати заменикот градоначалник Ангел Јанев. Тој истакна дека оваа средба слична на прославите на книжевните великани во Европа, е убав повод да се навратиме на делата на врвните претставници на македонската поетска реч.„Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од...
Дебрца подготвува нова дејност
Post Views: 9 Општина Дебрца подготвува терен за нова дејност, управување со гробните површини во селата. Како што веќе информиравме, во месец мај годинава, општинските јавни претпријатија кои управуваат со гробиштата, за три месеци под своја капа требаше да ги преземат гробиштата од селата и приградските средини, по препорака од Владата на РМ. Околку оваа проблематика, како ќе биде тоа уредено во општина Дебрца појаснува градоначалникот Игор Трајкоски„Сеуште кај нас тој проблем е во надлежност на Црковните одбори по селата, бидејќи и самите гробишта се на имот од црквата и на...