Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Три дена Општа болница без струја

Post Views: 227 Во петок 22 ви февруари како и за време на викендот охридската болница ќе биде исклучена од електричниот систем. Причина за тоа е приклучување на новото болничко крило на системот за електрично напојување, за што пак се наложило потребата од монтирање на нова трафостаница двојно помоќна од постоечката, вели првиот човек на болницата Љубен Арнаудов.„На 22.02 во петок од 07 до 17 часот ќе биде исклучена болницата од мрежата на ЕВН, но ние тој период ќе го покриеме со агрегатите кои ги имаме. 01:26 + 01:36 Тоа ќе се случува и во сабота од 07 до 16 часот. За недела работата...

Продолжи со читање

Се распаѓаат жардињерите на Железничка

Post Views: 210 Попуштаат жардињерите на „Железничка“. Кај некои од нив дури се гледа и металната конструкција. Ова е уште еден во низата проблеми кои ја следат оваа сообраќајница од нејзиното проширување па до денес. Главниот изведувач, „Алпина“ од Австрија, пред година дена ги направи жардињерите вдолж улица „Железничка“, но очигледно не издржаа долго, за кратко време истите се распаѓаат.Жителите  се обиделе уште минатата година кога истите се поставувале, тоа да му го укажат на главниот изведувач, но попусто.  Тие додаваат дека денес излегува на виделина лошо изведената работа...

Продолжи со читање

Михаилов: Петрески не ја дава салата за промоција на партиска програма

Post Views: 222 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов. „Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им...

Продолжи со читање

Грижата за Македонија пред се – Фронт на народот

Post Views: 211   Фронтот на народот, фронт на Македонија, одржа трибина во Охрид. „Апсурди на денешницата“, беше темата на која говореа истакнати професори, спортисти, уметници од земјава. Професор Виолета Наумоска истакна дека главната цел на трибините од ваков карактер е јавно да се зборува за апсурдите кои се случуваат во денешницата, како и да се истакне она што е заеднично за сите нас како граѓани на Македонија без разлика на која партија даваме поддршка, а тоа е грижата за Македонија.„Од тука е моето големо разочарување во опозицијата зад која што објективно, со 42 мандата...

Продолжи со читање

Апел до Тодоров

Post Views: 259 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај.„Нашата намера...

Продолжи со читање

Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј

Post Views: 211 Викенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20  милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне  елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод.„Значи идејата е повратниците од странство...

Продолжи со читање

Ќе се регулира поставувањето на пчелни сандаци во шумите

Post Views: 321 Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски, при неодамнешната посета на Охрид зборуваше за поддршката на Владата што им ја пружа на македонските пчелари. Воедно тој најави дека следуваат измени на законот за шуми, поточно овозможување да се поставуваат пчелни семејства во шумските подрачја, што досега не беше случај.„Мислам имаше еден донерегулиран простор каде што на шумските подрачја не можеше да се постават пчелни семејства. Сега со измена на законот за шуми и тоа ќе го воспоставиме, да ставиме ред точно кој се процедурите и на...

Продолжи со читање

Охриѓани во 2012 год поднеле 34 барања за информации од јавен карактер

Post Views: 208 Вкупно 34 барања на граѓани и невладини организации, влегоа во Извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за минатата година. Васил Ложанкоски од одделението за односи со јавност при општина Охрид, вели дека  општина Охрид важи за најтранспарентна во поглед на давање информации од јавен карактер. „Со оглед на тоа што во текот на 2012 година и изминатите 6 години од кога е во сила Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, можам да кажам дека општината Охрид во потполност го реализира овој закон и во рамките на законските овластувања...

Продолжи со читање

Се одржа 58 та седница на Совет, Охрид

Post Views: 212 Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. Главен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.  Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги легализираат...

Продолжи со читање

Дупло се зголеми висината на средствата во општинската каса

Post Views: 217 30 000 денари дневно на располагање на општина Охрид. Оваа предлог одлука изгласана од мнозинството на Советот, помина на денешната 58 седница. Зголемување на касовиот максимум за 100% неприфатливо е од два аспекти, реагираше Јованка Дамоска Секулоска од ВМРО – ДПМНЕ.„Нашите забелешки се однесуваат на дуплото зголемување на обемот на готовина од 15 на 30 000 денари и во однос на тајмингот кога се врши тоа зголемување на масата на пари затоа што сметаме дека Локалните самоуправи тоа го вршат пред почетоткот на буџетската година, во овој случај тоа може да се злоупотреби...

Продолжи со читање

Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов

Post Views: 227 Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали  за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници.„Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства...

Продолжи со читање

Паркинзите повторно на менито на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 205 Тендерот за стопанисување со паркинг просторите на улиците во Охрид, претставува криминално и коруптивно дејство на градоначалникот Петрески, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот Никола Митровиќ, потенцираше дека ова е чин на уништувње на градот од страна на градоначалникот.„Петрески се дрзна на два месеци пред заминување да распише тендер за стопанисување со паркинг простори на улиците на Охрид. Тоталното отсуство на знаење на Петрески и неговите тнр.експерти за сообраќај. Со овој чин го загрозуваат одвивањето на сообраќајот по улиците на Охрид претворајќи...

Продолжи со читање