Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Само делата се вистина

Post Views: 214 „Само делата се вистина“. Излезе од печат монографијата на „Адора Инженеринг“, по повод 10 годишниот јубилеј на компанијата. На 150 страници од монографијата ги забележавме сите успеси од една плодна деценија успешна работа на полето на градежништвото вели Чифлиганец. „Направивме над 1250 елитни станови, 1600 модерни паркинзи и 200 – 300 деловни простори и успеавме за овие 10 години. Успеав да направам компанија со сите брендови овие 10 години на 20 то место по успешност во Р. Македонија“. Тајната на успехот според Чифлиганец е од ништо да се создаде многу. Во неговата...

Продолжи со читање

Се изврши примопредавање на кумството за Водици

Post Views: 387 Минатогодишниот кум Ванчо Чифлиганец му го предаде кумството на Стојан Ѓоргоски годинешниот кум на Богојавление. Ѓоргоски посебно задоволен од честа што здружението му ја дала поддршката тој да биде кум на манифестацијата Богојавление – Водици.„Адетот и за оваа година е исполнет. Многу благодарам на здружението Богојавление и посакувам и до година да се негуваат адетите од памтивек“-рече Ѓоргоски.„Кумството, капењето во охридските води и се што помислив на деловен и приватен план последните три години ми се исполна, рече Ванчо Чифлиганец, минатогодишниот кум...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец во акција

Post Views: 220 Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на  дожд, излегоа на терен  за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец.„И минатата година во месец јули откога увидовме...

Продолжи со читање

Охридска геријатрија полна со гости

Post Views: 525 Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение.„Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека...

Продолжи со читање

Нова иновација на Рац

Post Views: 261 Охридскиот иноватор со црногорскo потекло Ратко Ѓорѓевиќ – Рац, презентира нов изум. Тој овој пат направи прототип на склопка која може да заштеди дури 40 % електрична енергија. Оваа иновација е 12 по ред во последниве 15 години од кога со иноваторство се занимава Рац, кој пред камерата на ТВМ откри во што се состои суштината на работата на вредната според него склопка. „Овој склоп доколку се вградат во електронски конвектори, ова е најнова иновација не во Европа и во Македонија, ви гарантирам и во свет, бидејќи иновацијата работи со повратен напон“-вели Ѓорѓрвиќ.Досега...

Продолжи со читање

Фаќач на крст – едноставна но препознатлива убавина

Post Views: 357 Ангел Коруноски од Велес е авторот на делото „Фаќач на крст“. Станува збор за уметникот кој треба да ја изработи скулптурата од бронза, маж кој високо над главата држи свет крст, која треба да биде поставен на просторот помеѓу охридското пристаниште и котвата, поточно на местото од каде капачите тргнуваат по светиот крст за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Оваа одлука ја донесе Одборот за подигање на спомен обележја при Локалната самоуправа Охрид. „Направивме вистински избор, пред нас е еден импозантен автор кој пред се е докажан во земјава“,...

Продолжи со читање

Проаква еден ден без нафта

Post Views: 210 Дали МЈП „Проаква“ Охрид, се соочува со недостиг на нафта за греење? Дел од вработените во ЈП, реагираа дека вчера работеле во студени простории до 11 часот по што си заминале. Имено, радијаторите во административните простории биле ладни поради немање на нафта за греење. Првиот човек на меѓуопштинското претпријатие Златко Старкоски убедува, дека проблемот што вчера се работело само до 11 часот не бил во недостигот на нафта, бидејќи цистерната пристигнала во претпријатието истиот ден во 10 часот и 30 минути. „Вчера имавме ние еден мал проблем, ако може да се каже од...

Продолжи со читање

Моменти што ја одбележаа 2012 година

Post Views: 248 Моменти што ја одбележаа 2012 година.  Охридскиот градоначалник Александар Петрески од аспект на професионален план смета дека годината што измина е најтешка од осамостојувањето на земјата, земајќи ја во предвид општата економск криза во земјава и надвор од неа.„Во однос на службениот дел на 2012 можам да кажам дека беше исклучително тешка година, тоа го осеќаат и граѓаните и фирмите и компаниите и сите што работат и живеат и неможе ако за нив беше најтешка за општината и лично за мене да биде убава. Се научивме на инспекции на полиции се научивме на тоа да секојдневно...

Продолжи со читање

Хуман гест на Настоски

Post Views: 245 Пред божиќните празници, советникот Настоски, во домот на Симона Јовеска. Тој, следејќи ја состојбата на малата Мона која 5 години живее во светот на темнината, одлучи финансиски да помогне, за да може нејзината мајка да и обезбеди терапија. Независниот советник Љупчо Настоски, за Новогодишните и  Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Малечката Мона која од своето раѓање веќе 5 години живее во светот на темнината, ширум му ги отвори вратите на Настоски и го дочека со песна за Дедо Мраз. „Домот и семејството на малата Мона го чуствувам како свој“, вели Настоски...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти седницата за носење на буџет на Охрид

Post Views: 239 Буџетот на општина Охрид за 2013та донесен без опозиционите советници од ВМРО ДПМНЕ.  Тие сметаат дека буџетот е неразвоен и е тотално промашување. Координаторот на советничката група Дејан Паноски, со објаснување што ги натерало да ја напуштат општинската сала. Нивната намера не била преку блокади и разни сценарија да го оневозможат  донесувањето на буџетот, но забележале дека нивните политички ривали подготвуваат некакво сценарио.„Беше создадено од страна на мнозинството, од страна на Локалната самоуправа едно сценарио со телефонско повикување на луѓе за да присуствуваат...

Продолжи со читање

Новогодишен концерт на Лајонс Клубот Охрид

Post Views: 235   „Празниците можат да зависат од она што другите ќе го направат за вас, но за вашата Нова година да биде среќна зависи од она што вие и сите ние го правиме за другите“. Оваа порака ја упати претседателот на Лајонс Клубот Охрид,  Михајло Арнаудов, на синоќешниот хуманитарен новогодишен концерт, кој годинава го доживеа своето 4то издание и прераснува во една  убава празнична традиција. Арнаудов во дел од своето обраќање кон поширокиот аудиториум рече дека убаво е да се биде дел од една традиција, зачната од Лајонс Клубот Охрид, кој од година во година доживува своја...

Продолжи со читање

Преку забава до хуманост

Post Views: 222 Новогодишен хуманитарен хепенинг во Охрид. Средствата собрани од овој настан одат во рацете на ранливата категорија деца со посебни потреби. Пораката на првиот човек на градот Александар Петрески е дека сите сме исти, еднакви граѓани на Охрид. „И ево на овој начин со оваа хуманитарна акција во исто време правиме забава за најмладите деца а исто така и за ранливата категорија на деца со посебни деца. Акцијата е многу успешна како што гледате“-вели Петрески.Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, задоволен од хуманоста на децата. Неговите очекувања се дека...

Продолжи со читање