Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Имунизација со поливалентни вакцини и во Охрид

Post Views: 13 И во Охрид започна имунизацијата со поливалентните вакцини. Станува збор за петтовалентни и шестовалентни вакциини кои штитат од пет, односно шест заразни заболувања,   дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, жолтица од тип Б, и хемофилус инфлуенца кој предизвикува мененгитис. Д-р Зора Димитриевска, од  одделението за имунизација вели дека поливалентните вакцини се наменети за сите бебињата со полни 2 месеци па се до 18. Таа појаснува дека внесувањето на овие вакцини од страна на ресорното министерство во редовниот календар на имунизацијаизација, има...

Продолжи со читање

„Корендон“ пофали шест хотели на Охридското крајбрежје

Post Views: 11 Туроператорот „Корендон“ додели шест високи признанија на шест хотели на охридската ревиера, за нивната работа и постигнати резултати во 2014 година. Тие признанија се со цел  да се зголеми инвентивноста и професионалноста во хотелската дејност. Тоа е традиционална практика на „Корендон“, туроператорот, кој последните неколку години, во континуитет носи холандски и белгиски туристи во Охрид и Струга.  На листата најдобри се најдоа три охридски и 3 струшки хотели. За најдобра услуга признание е доделено на хотелот „Силекс“ , од Охрид. Хотелот „Макпетрол“, од...

Продолжи со читање

Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа

Post Views: 14 Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа, охридско. Со тоа се решава деценискиот проблем на месното население од ова село околу недостатокот на вода. Како што обелодена градоначалникот на Дебрца, Игор Трајковски ова село ќе добие не само резервоар туку ќе биде заменета и старата водоводна мрежа со нова.„Жителите на село Требеништа ќе добијат квалитетна вода за пиење во наредниов период. Резервоарот е со капацитет од 150 кубици што значи дека ќе има доволно резерва на вода и по природен пат ќе се снабдува самото село со вода. Досега имавме...

Продолжи со читање

Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади

Post Views: 10 На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и...

Продолжи со читање

Едриличарите од Охрид подготвени за илинденската регата

Post Views: 11 Охридското езеро утре ќе белее од едрилици. Се е подготвено за  традиционалната 46та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска, како што појасна претседателот на ЕК „Бофор“ и тренер во „Акватика“, Славчо Мошоски. „За ова натпреварување се подготвуваме веќе три недели, во тој период имавме школа за едрење, во која што...

Продолжи со читање

Високите температури ја затоплија езерската вода

Post Views: 15 Високите температури ја затоплија езерската  вода. Топлата вода добредојдена е за капачите, кои се релаксираат на охридските плажи. Дисплејот, односно мини хидролошката станица на која се отчитуваат податоци за нивото на езерото, температурата на водата во езерото и температурата на воздухот, деновиве бележи висока темепература на езерската вода. Дали тоа ќе има одредено влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, ТВМ го слушна мислењето на експертите од Хидробиолошки завод Охрид.„Охридското езеро и останатите природни езера се длабоки водени еко...

Продолжи со читање

Во нови простории продолжува успешната приказна на Охридска Банка

Post Views: 12 Празнична вечер на Охридска Банка. Еден од симболите на современиот Охрид е зградата на централата на Охридска Банка. Денес, таа е реновирана, обновена, енергетски ефикасна и  доследна на својата цел. Ова беше истакнато на вчерашното свечено отварање и сечење на цервената лента во новите простории.„Со тоа што инвестираме во Охрид одаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во место каде што се корените на Охридска Банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот. Со речиси 20...

Продолжи со читање

Пронајдена жива и здрава исчезнатата жена во Охридското Езеро

Post Views: 10   Полициските екипи кај хотел „Парк“, жива и здрава ја пронајдоа жената, која од најблиските беше пријавена дека синоќа околу 1 часот  по полноќ исчезнала и најверојатно се удавила во водите на Охридското Езеро.. Потрагата по жената, започнала утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово, при што биле пребарани над 20.000 метри квадратни површина во езерските води од трската до старото...

Продолжи со читање