Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Историскиот архив ги отвора портите за јавноста

Post Views: 11 Деновиве Историскиот Архив на РМ – одделение Охрид, се средува внатрешно и надворешно. Како што истакна првиот човек, Славица Јанкоска, која од неодамна е назначена на раководната функција на оваа установа, се зафатиле со ваквите активности во пресрет на актуелниот настан кој за прв пат го организира Историскиот архив на РМ, односно отворениот ден за јавноста кој ќе биде на 01, август годинава.  Таа нагласи, сите заинтересирани граѓани на Охрид, ќе можат да се запознаат со работата во Архивот, да го разгледаат објектoт во кој е сместен Архивот и да ја видат...

Продолжи со читање

При крај е уредувањето на плажата „Сараиште“

Post Views: 11 При крај е уредувањето на градската плажа „Сараиште“, во стариот дел на градот. Оваа место ќе претставува слободна плажа за охриѓани и бројните туристи кои ќе уживаат на ова прекрасно место во срцето на градот, вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.„На тој потег плажата е исчистена уредена поставени се инсталации за тушеви деновиве се очекува поставување на тушеви и соблекувални така што оваа плажа ќе биде соодветно уредена онака како што треба да можат граѓаните да ја користат во текот на летниот период. Напоменувам дека оваа плажа е бесплатна и е...

Продолжи со читање

Охрид доби одбројувачи за семафори

Post Views: 6 20 одбројувачи за семафори, доби општина Охрид. Оваа донација е од Републичкиот совет за безбедност на Македонија, во знак на добра и успешна соработка со општина Охрид, како што кажа претседателот на РС Стојче Стаменкоски. Одбројувачите ќе бидат поставени на пешачките семафори во градот и ќе имаат за цел подигнување на безбедноста на пешаците како ранлива категорија на учесници во сообраќајот, додаде Стаменкоски. „Општината ја препозна важноста и потребата од преземање на соодветни мерки за унапредување на безбедноста во сообраќајот и со денешниот настан ќе го...

Продолжи со читање

Aкадемик Ѓурчинов, одржа предавање за Живко Чинго

Post Views: 12 Да го сакаме животот и да го сакаме човекот. Човекот е најголема вредност, се друго е минливо, само она човечкото е вечно, кажал еден од најзначајните македонски писатели на дваесеттиот век Живко Чинго. Академик Милан Ѓурчинов денеска во Куќата на Уранија во Охрид  одржа предавање за делата на охриѓанецот Живко Чинго, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. „За Живко Чинго допрва треба да се пишува и мислам дека неговата вредност со текот на времето само ќе расте, посебно што има многу актуелни работи во неговото дело, тој претскажа многу нешта кои денес нам...

Продолжи со читање

Бекатонските крпеници се заменуваат со асфалт

Post Views: 12 Конечно бекатонските крпеници на дупките низ локалните улици во Охрид, се заменуваат со асфалт. И покрај укажувањата на експертите дека потоплнивањето на дупките со бекатон е опасно по безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Локалната самоуправа на Охрид речиси цела 2014 и половина од 2015 година ја применуваа оваа пракса.  Како што нагласи, портпаролот на секоторот за комунални услуги улици и патишта Љупчо Танески, деновиве ќе биде надминат и тој проблем.„Со денешната и утрешната акција, најпрво ќе бидат асфалтирани површини што беа покриени со привремени...

Продолжи со читање

Се крадат капаците на електричните столбови во Охрид

Post Views: 7 На дел од атрактивните и фреквентени локации во Охрид, подолг временски период инсталацијата на електричните столбови секојдневно претставува потенцијална опасност, за населението. Таа не е прописно заштитена бидејќи капаците се оштетени или пак импровизирано изврзани за електричните столбови, а на неколку бандери дури и ги нема. Одговорните од Секторот за комунални дејности улици и сообраќај Љупчо Танески, во неколку наврати кажа дека истите се мета на вандалско однесување од страна на несовесни граѓани. Додаде дека спровеле акција за замена на металните капаци...

Продолжи со читање

Проблеми во социјалната зграда во Охрид

Post Views: 19 Граѓаните од ранливата категорија на општина Охрид, отворено проговорија за проблемите со кои се соочуваат, пред претставниците на надлежните институции. Станарите на социјалните станови велат дека се среќни што имаат покрив над главата, но секојдневно се соочуваат со низа проблеми.„Многу сум радосна што сум го добила станот, самохрана мајка сум, 16 години бев под кирија, немам мака, освен да се смени претседателот на зградата и директорот што побрзо мерки да ни го пушти лифтот. Јас сум оперирана, имам дете болни и лифтот ми е потребен бидејќи живеам на 5 ти, а и...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец воведе трета смена

Post Views: 25 Јавната чистота во Охрид посебно за летната туристичка сезона една од приоритетните активности на ЈП „Охридски Комуналец“. Од минатиот викед градот се полни со гости, а тоа го чуствуваат и екипите на ЈП, кои во овој период собираат поголема количина отпад, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Веќе воведовме и трета смена така двете, комплет се исполнуваат возилата и третата ноќна смена го врти целиот град и подига отпад. Со оглед на тоа дека имаме доста високи температури ние почнуваме и со миење на улиците, почнувамје некаде од 23 и до 4 часот...

Продолжи со читање