Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Свети Климентовата награда во рацете на поетот Ѓорѓо Димоски

Post Views: 255 Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното  претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус.„Творештвото на Славе...

Продолжи со читање

Безбедни училишта

Post Views: 274 Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата.„Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на...

Продолжи со читање

Гасификација во Охрид?

Post Views: 268 Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење.„Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и...

Продолжи со читање

Јавните претпријатија на колена

Post Views: 219 Јавните претпријатија  се на колена или во тешка состојба. Тоа е генерална слика за работењето на овие п-јатија во целата држава  ане само во Охрид, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој кажа дека за бројните проблеми со кои се соочуваат ЈП било разговарано и на ЗЕЛС и со министерите и смета дека треба сериозно да се пристапи кон нивно решавање. Петрески воедно посочи и  кој, според него, е виновникот за ваквата состојба. „Кои се пред се не само од прекумерни вработувања туку од разни закони кои штетно влијаат врз работењето на претпријатието“-истакна Петрески.Советничката...

Продолжи со читање

ЛИДЕМ со нов претседател

Post Views: 239 Елена Смилеска Сметеноска е новиот претседател на подмладокот на охридските либерали, ЛИДЕМ. Таа беше  единствениот предложен кандидат за оваа позиција, која на вчерашниот состанок ја доби довербата од 42 делегати. Сметеноска потсети кои се нивните главни заложби.„Чест е да се биде дел од либерално демократскито тим. Како такви ние сме биле во првите редови на кампањи за добивање возачка дозвола на младите на 16 години -вели Сметеноска. Сметеноска потенцира дека во тек е формирање на нова кадровска поставеност во ЛИДЕМ, кои ќе ја заменат досегашната и ќе внесат освежување...

Продолжи со читање

Нова невладина на египќаните

Post Views: 306   Бесплатни економско – правни совети за сите египќани на општина Охрид. Тоа го понуди НВО „Форца Египќани“, која е новоформирана организација и од денес започна со своите активности. Кон нив се приклучи и НВО „Светла иднина 2009“. Двете НВО, потпишаа меморандум за соработка. Претседателот на НВО „Форца Египќани“, Петрит Хусеин, накратко појасна кои ќе бидат нивните заложби.„Соработката се заснова за заеднички напаори за остварување на уставно загарантираните права и салободи на египќаните, двете страни се согласуваат за заеднички настап за проекти и т н“-нагласи...

Продолжи со читање

Живот без пари

Post Views: 266 Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска.„Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска.Димоска...

Продолжи со читање

Ќебиња, донација за градинка

Post Views: 344 Зимата доаѓа, ќебиња секогаш се потребни. Детската градинка Јасна Ристеска доби 40 ќебиња. Станува збор за донација од семејството Настоски, наменета за децата од предучилишна возраст. Директорката на установата Марина Петроска Тодоровска благодарна на овој хуман гестот. Таа изрази посебно задоволство од иницијативата и ангажирабоста која ја покажуваат фирмите и поединците а се со цел да се подобрат условите за престој и воспитување на децата.„Тоа го поздравувам од мое име и од целиот колегиум и од дечињата, веќе добивме донација теписи за новите простории а еве денес...

Продолжи со читање

Мона продолжува со лекување

Post Views: 319 Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на  училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња  и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема  љубов за...

Продолжи со читање

Лајонистите и матичните лекари од Охрид во борба против дијабетесот

Post Views: 249 Лајонс клубот Охрид од Охрид,  во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки.  На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов  упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава....

Продолжи со читање

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Post Views: 475 Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...

Продолжи со читање

Одбележани „Денот на акција“ и 7 ми Ноември

Post Views: 232   Учениците од прво до осмо одделение во О.У. „Братство Единство“, денес покрај училишните обврски беа дополнително ангажирани. Тие со различни активности го одбележаа денот на ослободување на градот 7 ми Ноември а воедно го одбележаа и светскиот „Ден на акција“, на еко-училиштата и еко-градинките. Некои засадија цвеќиња, други танцуваа, трети изведуваа игри без граници и сите беа задоволни од сработеното. „Ние денеска садевме разни цвеќиња и горди сме што го разубавивме училиштето. Jас бев вклучена во активноста за садење на цвеќиња и ќе допринесиме за уредување на...

Продолжи со читање