Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

„Креативна работа во пост-комунистички земји“,

Post Views: 23 Во рамки на проектот „Креативна работа во пост-комунистички земји“, денес во Охрид се одржа  тркалезна маса.  Тука стана збор за истражувањата  на искуствата од креативна работа во три сфери, перформативната сфера музичари и театарски работници од една страна, модните дизајнери и шивачките и уметниците со нови технологии. Со претставници од сите сфери уште еднаш стана збор не само за нивните искуства и проблеми и задоволство од работата туку и како тие како уметниците и како работници, се гледаат во иднината, нагласи модераторот доц. Д-р Ана Алачовска,...

Продолжи со читање

Планински велосипедизам во Куратица

Post Views: 24 Селото Куратица нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Одалечено на 22 километри од Охрид во прекрасните предели на подножјето на Мазатар, утре ова село ќе ги пречека сите љубители на велосипедот, посебно планинскиот, кој е полн со предизвици. Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски вели дека како и минатите години и оваа година очекуваат голем одзив од сите заинтересирани велосипедисти и рекреативци кои во текот на утрешниот ден од 10 и 30 до 11 и 30 часот можат да се пријават за учество на државниот натпревар.„Целта е што поголемо...

Продолжи со читање

На јагулата и се заканува исчезнување од Охридското Езеро

Post Views: 10 Струшките риболовци се поретко ја среќаваат јагулата во водите на реката Црн Дрим. Тие стравуваат дека може да се случи овој вид засекогаш да исчезне, доколку не се изврши порубување со јагула, вели претседателот на концесионерот на  „Пастрмка“ Црн Дрим 1, Емил Матоски. „Имам информација дека последниве 5 години не се врши порибување со јагула, имало некој законски проблем, незнам точно зошто…треба да се обратите на друго место…интересна тема, не можело да се оберзбеди количина за порибување во последниве 5 години. Знаеме дека јагулата сама не може да...

Продолжи со читање

ФЗОМ: Ја зголемуваме грижата за нашите осигуреници во Охрид

Post Views: 13 Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, денес во работна посета на подрачната единица на фондот во Охрид. Тие остварија средба со осигурениците и со нивните вработени, со цел како што кажа директорот Стефаноски, дирекно во разговор да ги детектираат евентуалните проблеми и тесни грла во работењето на ФЗО, а во исто време и да ги отстранат, со исклучок на оние проблеми за кои треба системски промени. „Исклучително важно ни е, еден од нашите стратешки приоритети како менаџмент на Фондот е да направиме се што...

Продолжи со читање

Уреден дел од новата пешачка патека во Охрид

Post Views: 13 Дел по дел се гради новата современа пешачка патека. Охриѓани и бројните туристи кои во моментов престојуваат во туристичкиот бисер ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека, која планирано е да се протега од каналот Студенчишта до хотелот Парк, паралелно со езерската линија. Во фази, но според одредена динамика, ќе се гради патеката која има презентативен лик на најдобра пешачка во градов и пошироко, барем според коментарите од јавноста кои досега стигнаа на наша адреса, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.„Досега се...

Продолжи со читање

Рача, ново предградие на Охрид

Post Views: 7 Населбата Рача станува предградие на Охрид. Во моментов екипи на „Македонија Пат“, во соработка со ЈП „Нискоградба“ Охрид и „Градски гробишта“ работат на уредување на просторот на раскрсницата на влезот од Рача, како што обелодена директорот на Македонија пат секција Охрид Крсте Ташкоски.„Моментално правиме подготовка за асфалтирање на раскрсницата на регионалниот пат Охрид-Св Наум, при крај сме, од ЈП ја градат пешачката патека за влез на плажите и ЈП Градски гробишта поставуваат бекатони на островчињата па и кружниот тек се надеваме дека ќе биде готов утре, со...

Продолжи со читање

Иванден и моќта на лековитите билки

Post Views: 10 Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Ритуалите со билките претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања, вели за телевизија ТВМ,  билкарот Чедо Андрески. „За Иванден претежно се собира Ивано цвеќе, кое се реди меѓу алиштата, кое е корисно против молци. За иванден останато е од нашите предци, кантаријата и цветот на...

Продолжи со читање

И оваа сезона без јавни тоалети во Охрид

Post Views: 7 Туристите кои го посетуваат стариот дел на Охрид се соочуваат со проблемот на немањето јавни тоалети. Дека постојат вакви објекти, туристичките водичи не паметат уште од времето на стара Југославија, како што нагласи претседателот на  здружението на туристички водичи „Кеј“ Охрид, Климент Наумов. Тој додаде дека со локалната власт по два пати во годината се среќаваат, и на секој состанок го актуелизираат овој проблем, но досега нивните преговори не вродиле со плод.Ние како туристички водичи ставени сме во вкрстен оган, се наоѓаме на фронтовска линија помеѓу нашите...

Продолжи со читање