Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Спортски ден на Горица1

Post Views: 6 Предизвиците на спортовите на вода, достапни за младите охриѓанчиња. И не само тоа, ОО на Црвениот крст во Охрид и неколку клубови, „Охридски Бранови“, „Еко Дром“ и „Акватика“ денес организираа спортски игри. Првиот човек на оваа организација Сашо Точков, ги појаснува причините поради кои се јавуваат како организатори. „Можеби е чудно зошто Црвен крст се бави со оваа работа, но морам да кажам дека со помош на наши пријатели од Шведска имавме една донација на реквизити, кајаци, велосипеди, рекети за тенис и сите тие ќе бидат во служба на овој еден нов сегмент во...

Продолжи со читање

Вонредна крводарителска акција

Post Views: 7 Екипи од станицата за трансфузиона медицина при заводот за нефрологија Струга, заедно со ОО на Црвениот крст Охрид, денес организираа вонредна крводарителска акција. Таа се одвиваше во Охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Акцијата е вонредна бидејќи во време на летни одмори се намалува бројот на редовни крводарувања, вели д-р Гоце Попоски специјалист по трансфузиона медицина. „Во летните месеци заради тоа што сме туристички места имаме зголемена потреба од крв па можат да даруваат крв во станиците за трансфузиона медицина во Охрид, Струга, Заводот за...

Продолжи со читање

Денес се празнува Св Наум Охридски

Post Views: 7 Православните верници денес го празнуваат споменот на Св. Наум Охридски, светецот што вршел чуда за време на животот и после смртта, основоположникот на охридската книжевна школа. Тој освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител. Чудата на Св Наум се претставени и на фреските од неговиот манастир на брегот на Охридското езеро кој од синоќа е исполнет со верници кои носат дарови и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и...

Продолжи со читање

Со пробивање на роковите ни го пробија трпенето

Post Views: 10 Се поголем е револтот кај граѓаните на ул „Сирма Војвода“ и дел од ул „Момчило Јорданоски“. Велат дека преминат е прагот на нивното трпение. Бараат од надлежните, да престанат да двааат празни ветувања и рокови за асфалтирање, да излезат од нивните канцеларии на терен и да донесат машинерија која ќе асфалтира. Пристапните патишта до нивните куќи и станови, како што велат, на само 15 минути од центарот на туристичкиот бисер, скоро 3 децении чекаат асфалт. Денеска група жители излегоа пред камерата на ТВМ со цел  да ги потсетат надлежните, на нивната, како што...

Продолжи со читање

Социјална правда сега! во Охрид

Post Views: 6   „Социјална правда сега! во Охрид. Тое е карван кој минува во 9 градови на земјава и ја следи социјалната состојба на осетливата група граѓани, нивните права, како и прашањата на невработеноста, на корисниците на социјална помош, туристичката сезона и сезонските работници. На плоштадот Крушевска Република кај чинарот, охриѓани имаа можност да погледнат шест сведоштва на нивните сограѓани од ранливата категорија, преку продуцирани снимки кои редакцијата Цивил Медиа ги сними минатата недела.  „Луѓе кои биле жртви на мобинг на работа луѓе кои се синдикалци,...

Продолжи со читање

„Силна алка“ -меѓународен камп

Post Views: 5 Едукативниот камп во Велестово преполн со гости. Таму во периодот од 25 – 29 јуни, за прв пат се одржува меѓународниот камп насловен – „Силна алка“. Истиот е во организација на ОО на Црвен Крст Охрид. Како што нагласи Весна Терзиоска од охридскиот Црвен крст, пред гостите се претставиле со нивната силна алка – спасителство на вода.„Целта е секоја ОО од регионот, вклучувајќи ја и ОО на Црвениот крст Охрид, да ја прикаже својата најјака страна, програма која што ја рабти во својата организација и по која што е препознатлива во својата заедница, да ги...

Продолжи со читање

Многу проблеми во туристичката населба Подмоље

Post Views: 5   Жителите од  туристичката населба Подмоље без вода, пристапни патишта, улично осветлување, недоволно контејнери. Ваквата состојба ја трпеле години наназад, како што и самите кажаа пред камерата на ТВМ. Тие денес јавно проговорија за овие проблеми. Според нивните изјави, тие сметаат дека се дискриминирани, а   реагираат дека надлежните воопшто не водат грижа за ова место и дека кренале раце од нивните проблеми. Еден од најгорливите проблеми е водата за пиење, за што се пожали Елица Нацевска која веќе 20 години живее во оваа населба.„Вода немаме од лани, мај...

Продолжи со читање

Охрид деновиве дише во спортски дух

Post Views: 5 Во Охрид се одржува петтиот Летен училишен спортски камп. Учесници на овој камп се над 250 талентирани ученици од основните и средните училишта кои се пласирале меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. Нив денес ги посети директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој се запозна со нивните активностите. Спасески нагласи дека во изминатиот период многу инвестирале во развој на училишниот спорт, но вложиле и во спортската инфраструктура што според него треба да претставува база за постигнување врвни резултати.„И...

Продолжи со читање