Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Непријатна миризба се шири од Р.Е. Механизација, Охрид

Post Views: 6 Секое утро и пладне на просторот кај Р.Е „Механизација“ од ЈП „Охридски Комуналец“ се одлагаат огромни количини отпад на отворен простор, реагираат жителите од населба Расадник. Додаваат дека посебно топлото време придонесува непријатната миризба од ѓубриштето да се чуствува и внатре во нивните домови. Одговор побаравме од првиот човек на ЈП, Елена Скрческа. Во кратка телефонска порака ни кажа дека одговор на прашањето околу депонирањето отпад во РЕ механизација ќе добиеме за ден два, најпрво да ја исчистеле депонијата кај Мауцкер. Проблемот се провлекува неколку...

Продолжи со читање

Нов фестивал во Охрид – „Охридски бисери“

Post Views: 5   Над 400 учесници се дел од фестивалот „Охридски бисери“, кој годинава за прв пат од 18 – 22 јуни се одржува во Охрид. Организатор е  Младинскиот културен центар од Охрид. Како што изјави претседателот на ова здружение Зоран Стрезоски, гостите на овој фестивал се од Европските земји, Чешка, Унгарија, Хрватска, литванија, Словенија, Русија, Турција. „Синоќа имавме отварање на прекрасната сцена на Долни Сарај, каде што во првиот дел настапија хоровите, а во вториот дел, фоклорните групи. На фестивалската вечер направивме еден извонреден перформанс со наша...

Продолжи со читање

Министерот Чавков очекува мирна и безбедна туристичка сезона во Охрид

Post Views: 6 Локалниот Совет за превенција одржа седница на која се дискутираше за мерките што ќе се преземат во пресрет на туристичката сезона во охридско-струшкиот регион. Како што истакна првиот човек на градот Ниола Бакрачески, безбедноста и јавниот ред во Охрид за време на туристичката сезона и тоа како им е важна на сите чинители во туризмот.„После спроведена координирана активност помеѓу сите субјекти за очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на постигнување на ред и мир безбедност и организација на сите предвидени активности кои чинат...

Продолжи со читање

Свечено затварање на Францускиот филмски фестивал во Охрид

Post Views: 7 Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде затворено 8-то издание на Фестивалот на француски филм во Македонија. За крај љубителите на филмската уметност ќе можат да ја погледнат проекцијата на филмот „Семејството Белие“, во режија на Ерик Лартиго. Имено, оваа проекција е единствена која годинава се прикажува во Охрид. Како што веќе информиравме свеченото отварање на фестивалот  трета година по ред се одржува во Скопје, а не во Охрид, а причините за таквата одлука не се познати. Во изминатите години Фестивалот финансиски беше...

Продолжи со читање

Фекалната канализација проблем во центарот на Охрид

Post Views: 8 Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода. Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна...

Продолжи со читање

Охридските пензионери денес славеа

Post Views: 6 Охридските пензионери денес одбележаа значаен јубилеј, 65 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца. Како што нагласи претседателот на ИО Ѓорги Трпчески, работата на здружението посебно дишла до израз после осамостојувањето на нашата земја, бидејќи презеле многу повеќе активности. Трпчески смета дека здружението значи нешто во охридскиот регион и треба повеќе да им се отстапи простор на локално ниво.„Тоа е во интерес на здружението, општината а и пошироко во земјава. Навистина сме едно почитувано здружение како што кажа претседателот. Постигнуваме резултати и на...

Продолжи со читање

„Здравје за сите“ во Охрид

Post Views: 6 Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот.„Од...

Продолжи со читање

При крај изградбата на кружниот тек на влезот во Охрид

Post Views: 8 Два дена нема работници и механизација на новото кружно решение кое Локалната самоуправа го гради на пресекот на ул „Бистрица“ со бул. „Туристичка“. Ова укажување доаѓа од мештаните на овој потег кои се обратија до нашиот медиум. Тие исто така се загрижени дали на овој потег ќе се направат и тротоарите бидејќи во ваква состојба пешаците како учесници во сообраќајот се принудени да се движат по коловзот. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој улици и патишта вели дека граѓаните можеби се нетрпеливи па оттука и нивниот револт е оправдан но работите на терен...

Продолжи со читање