Автор: Николоска Биљана
Post Views: 345 Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. Екипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле...
Отворено прашањето со отпадот
Post Views: 313 Останува отворено прашањето за решавање на проблемот со отпадот во Југозападниот регион. Од ресорното министерство за ЖСПП информираат, дека според предвидениот план има осум регионални депонии, и секој регион донесува посебна одлука за регионална депонија. Од таму појаснуваат дека во најнапредна фаза во оваа проблематика се полошкиот и југоисточниот регион. Додека пак што се однесува до останатите региони, дел одлучиле за изградба на депонијата да ги искористат ИПА фондовите, а дел од нив, меѓу кои и струшкиот регион, сеуште немаат одлука кој концепт ќе го прифатат....
Спортско игралиште под тенда
Post Views: 328 Во дворот на ОУ. „Григор Прличев“, се подготвува терен за градба. Местото веќе е оградено и отпочнати се подготовките за уредување на тој простор. Охриѓани се љубоптни што ќе никне на тоа место. Дилемата ја разреши општинскиот гласноговорник Симон Илиевски. Тој нагласи дека училиштето ги започнало подготвителните работи за средување на овој простор и поставување на времена урбана опрема.„Тука ќе се гради фудбалско игралиште, мислам покриено игралиште, тоа е проектирано според урбаниастичкиот план е проектирано отворено, на барање на ОУ „Григор Прличев“, Советот на...
На чај во Охрид
Post Views: 393 Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини.„Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар.Турската...
Повеќе настани одбележани во еден ден
Post Views: 481 Одбележан 6 ти септември, денот на формирањето на шестата бригада. Борците и поддржувачите на делата на НОБ од охридско-струшкиот и регионот на Дебрца, денес во простории Сојузот на борците во Охрид се собраа за потсетат на неколку значајни денови од историјата на Македонија, со посебен осврт на формирањето на шестата бригада. Никола Стефаноски потпретседателот на Сојузот на борците, потсети дека не треба да се забораваат и секогаш треба да се одбележуваат настаните каде се втемелени бројни жртви.„Ние со посебен пиетет се однесуваме во одбележување на овие настани...
Искривен билборд
Post Views: 432 На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава...
Се враќа блинкерот во Охридското езеро
Post Views: 356 Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да...