Автор: Николоска Биљана
Post Views: 12 Столбови од уличното осветлување на ул.АСНОМ, Карпош Војвода и др.места во градов неколку дена стојат со отворени капаци во делот каде што се спојуваат каблите од напојувањето. Опасноста е очигледна. Љупчо Танески од Фондот за комунален развој вели дека ваквата состојба не е нешто ново. За тоа имале и дојава од граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и нивните служби кои се грижат за јавното осветлување ја увиделе состојбата на терен.„Во изминатиов период сведоци сме на немили настани на уништување на определен број на реквизитите кои служат за јавното...
Променливото време ја наполни Итната медицинска помош во Охрид
Post Views: 34 Променливото време причина да се зголеми бројот на пациенти во Службата за итна медицинска помош во Охрид. Изминативе неколку дена во ургентната амбуланта имало двојно повеќе повици, а дури за три пати се зголемени прегледите во дежурната служба, обелоденува раководителот на оваа служба д-р Горан Симјаноски. Според него, најчесто во службата за итна помош се обраќаат пациенти со хронични заболувања, кардио васкуларни и респираторни заболувања, а временските промени најмногу ги чувствуваат лицата од постарата популација. Д-р Симјаноски појаснува кои се вообичаени...
Екс директорот на Здравствен дом Охрид сам се предаде
Post Views: 10 Митко Дабески, поранешниот директор на Здравствен дом Охрид по 4 месечно бегство, утрово и се предаде на охридската полицијата. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.„Осомничениот рано утрово околу 6 часот самоиницијативно се пријави во СВР Охрид по што веднаш е спроведен во Казнено поправната установа затвор, Охрид. Во врска со целокупниот настан во месец март распишана е централна потерница по сега осомничениот и сега притворениот“ – изјави...
Годишнините од матура повод за обновување на пријателства
Post Views: 8 Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и присетување на спомените од средношколските денови. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата. Еден таков повод синоќа регистираше камерата на Телевизија ТВМ, јубилејни 25 години на матурантите од генерација 1990. Марија Зимбова,која речиси секои 5 години несебично се вложува да ги собере на едно место некогашните другари од школските клупи, вели дека ни малку не е лесно да се организираат ваквите годишнини.„Подготовките...
Субвенции за уште 100 охридски семејства
Post Views: 8 Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари.„Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството...
Убиство и обид за убиство во Кичево
Post Views: 5 Четириесет и двегодишниот А.С. од кичевското село Другово, со нож го убил неговиот брат Арун С. (46), а потоа се обидел да ја убие и неговата сопруга. Осомничениот е приведен и како што информираат до СВР Охрид против него поднесена е кривична пријава за убиство на братот и за обид за убиство на снаата.„Тој вчера околу 16 часот на градскиот плоштад во Кичево го забележал неговиот повозрасен брат и неговата сопруга и им пришол од зад грб извадил нож и на својот брат му задал повеќе убоди во пределот на вратот и лицето, додека неговата сопруга тешко ја повредил во...
Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица
Post Views: 5 Конечно, долго најавуваниот проект, Домот за стари лица во Охрид, почнува со реализација. Градоначалникот Никола Бакрачески и менаџерите на АД „Илинден“ од Струга денеска и официјално потпишаа договор за купопродажба на земјиште, градежна парцела во населбата „Далјан“ на која треба да се гради современиот објект, Домот за стари лица. Бакрачески истакна дека еден ваков објект години наназад претставуваше насушна потреба на општината. „Несомнено ќе ги пресретне очекувањата на сите граѓани на Охрид а пред се на постарата популација на луѓе кој што од разни причини...
Преспанското Езеро има голема заштита на рибниот фонд
Post Views: 12 Годинава 5 милиони денари буџетски средства ќе бидат наменети за заштита на рибниот фонд на Преспанското Езеро. Речиси една година овој ревир е издаден под концесија со цел да се зашти еко системот на езерото посебно на преспанската белвица за време на нејзиниот мрест од мај до јунни месец. Овие средства ќе ги користи концесионерот на езерото и неговиот слив, како што изјави Јован Бојчовски државниот инспектор. Од самото доделување на рибниот фонд на концесија државниот инспекторат за земјоделство е во постојан надзор на Преспанско Езеро и постојано го следи...