Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Post Views: 13 Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека. „Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден...

Продолжи со читање

Волонтерите од Општа болница Охрид добија решение

Post Views: 13 77 волонтери од Општа болница Охрид, денес добија решенија за работа на неопределено работно време. Потпишувањето на договорите следува по носењето на Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство кој се изгласа во февруари годинава. Довчерашните волонтери не ја криеја неизмерна радост и солзи во очите, а имаше и такви кои донесоа торта за да биде блага работата. „Скоро 12 години бев волонтер со договор на дело. А сега моменатално сум многу благодарна од премиерот Никола Груевски, Никола Тодоров и нашиот директор што ни ја овозможија...

Продолжи со читање

Во Охрид има слободни работни места

Post Views: 8 Во Охрид има слободни работни места, но не може да се зборува за голема побарувачка на работна сила, информираат од Агенцијата за вработување Охрид.  Како што обелодена првиот човек на Агенцијата Јован Баткоски најпобарувани профили биле фармацевтските техничари, медицинските сестри, стоматолози. Директорот истакна дека во Агенцијата не воделе евиденција на слободни работни места, бидејќи најголемиот дел од вработувањата се реализирале преку самите работодавачи, јавни огласи, нивни веб сајтови или преку огласи објавени на други работни места, обично во јавниот...

Продолжи со читање

Правилно користење на водата за наводнување

Post Views: 7 Старите техники на наводнување мора да се искоренат, бидејќи водата за наводнување се користи неефикасно, сметаат експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна. Проф. Ордан Чукалиев истакна дека мора да се промент принципите на користење на водата, доколку сакаме поефикасно да ја користиме водата, бидејќи доаѓа до намалување на количината на вода која што може евентуално да ги пренесе загадувачите од земјоделското производство кон езерото.„Треба да се направи замена на старите техники, бразди, вештчки дожд со нови современи техники на наводнување како што...

Продолжи со читање

Велосипедско дефиле во Охрид

Post Views: 6 Неколку деца од предшколска возраст, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот, учествуваа во големото дефиле на велосипеди кое денеска се возеше по градските улици во Охрид.  Како што нагласи претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски целта е не само промоција на велосипедизмот, туку и подигнување на степенот на безбедност на велосипедистите во сообраќајот како ранлива категорија учесници во сообраќајот, како и елиминирање на сите можности за проблем при управување со велосипед. Димоски се осврна и на проблемот со моменталната велосипедска...

Продолжи со читање

Сезонско чистење на дното на езерото

Post Views: 9 Од пластика, стакло преку апарати за домаќинство па се до урбана опрема извадија од дното на езерото нуркачите од Амфора. Во рамки на акцијата под мотото „Покажи ја твојата љубов и грижа за езерото“, нуркачите го чистеа  крајбрежниот појас од  пристаниште до Канео. Станува збор за традиционална акција пред летната сезона во која учествуваат сите челнови на Клубот за подводни активности Амфора.„Целта на оваа акција е да се влијае на свеста на луѓето да не фрлаат. Обично тоа го фрлаат граѓаните на Охрид, целиот отпад не е од туристите туку од охриѓани. Не  можи...

Продолжи со читање

Воен авион на дното од езерото

Post Views: 8 Длабочините на Охридското Езеро кријат безброј тајни, некои откриени други пак не. Неколку месечната мисија за пренуркување на езерото од двете страни на  веќе финишира, а нуркачите има што да кажат. Тие стигнале до одлични сознанија за живиот свет и културното наследство во крајезерските градови од македонска и албанска страна. Како што вели Милутин Секуловски, меѓународниот инструктор по нуркање,  позиционирале одлични локации кои во иднина ќе допринесат за развој на подводниот туризам, а документирале и авион од Втората светска војна кој лежи на дното на...

Продолжи со читање

Власите насекаде во светот денес слават

Post Views: 11   Власите насекаде во светот, денес слават. 23-ти мај е Национален ден на Власите, кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со документ во кој им дава право да го користат својот мајчин јазик, да организираат школи на влашки јазик  да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, како што изјави Драги Коровешкски претседател на здружението „Луниња“.„Многу често се поставува прашањето на што се должи во тој момент признавањето на власите....

Продолжи со читање