Автор: Николоска Биљана
Post Views: 14 Стружани се жалат дека во летните месеци редовно се соочуваат со проблемот на водоснабдувањето. Од почетокот на јуни, па во текот на целиот летен период, жителите од делови на градот постојано се соочуваат со слаб притисок на вода кое трае и по неколку дена. Често се случува да немаме вода, а и кога ја има, таа е со слаб притисок, велат локалните жители, а посебно оние кои живеат од трет кат нагоре во станбените комплекси. „Многу е слаб притисокот, со пумпа вадиме вода. ова е туристичко место и не треба да има проблем, со водоснабдувањето“ Со истиот проблем се...
Превенирај го хепатитот-од тебе зависи
Post Views: 7 Сеуште во земјава нема, или оскудни се статистичките податоци за заболени од хепатитис. Досега во 2013 година дијагностициран е еден смртен случај од хепатитис Ц, во 2012, 2013 и 2014 по еден од хепатит Б, информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација, превенција и подобар третман, Хепта. Во организација на општинската организација на Црвениот крст, а во партнерство со здружението „Хепта“, денес во Струга и Охрид со низа активности се одбележува 28 – јули Светскиот ден за борба против хепатитисот. Како што појасна Билјана Мирчевска од невладината...
Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани, убиен во Струга
Post Views: 18 Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани убиен сред бел ден во Струга. На ул. Маркс Енгелс на само 30 тина метри од Полициската станица во Струга од автомобил во движење било пукано со повеќе истрели кон Асани. Тој со прострелни рани бил веднаш пренесен во струшката општа болница каде за жал само констатирале смрт. Местото на инцидентот веднаш беше обезбедено од полицијата во радиус од 50 метри а зголемено полициско присутво имаше низ целиот град. Блокирани беа неколку улици во центарот но и излезите од Струга. На местото на инцидентот во присуство на јавен...
Министерoт Спасов ги посети летувалците во Струга
Post Views: 15 Пристигна петтата група деца во струшкото одморалиште „Мајски Цвет“. Како што кажаа и самите, одлично биле згрижени во овој објект на струшкото крајбрежје и се чувствувале среќни и задоволни.Децата денеска ги посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој нагласи дека на децата им обезбедуваат 7 дена бесплатно летување, каде тие се дружат, учат да пливаат и поминуваат незаборавни моменти на Охридското крајбрежје. „За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги исполнат поволностите од проектот за...
Готова е Стратегијата на општина Струга
Post Views: 7 Готова е Стратегијата на општина Струга. Таа доаѓа како резултат на Програмата „Општина по мерка на граѓаните“, програма која се реализра во соработка со општината и Фондација Отворено Општество. Стратегијата е усвоена од Советот на општина Струга со партиципативно учество на граѓаните, институции и секторите на општина Струга.„Навистина беше добро што сите придонесоа за стратегиите да бидат успешни. За граѓаните што не знаат стратегиите се однесуваат на 4 области, развој на образованието, млади, социјална заштите, соработка ос граѓанскито сектор. Од истите...
Се чека ваљак од Битола за да се санира прекопот кај Подмоље
Post Views: 12 Дел од стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље, стои ископан речиси пет месеци. До ден денес од струшката секција на Македонија Пат оваа дупка ја немаат санирано, за што најмногу се револтирани возачите и такси превозниците кои овој патен правец го поминуваат дури и по неколку пати во денот.„Оваа дупка е катастрофална, слободно може да видите дека пред една недела сменав амортизер во вредност од 40 евра, точно заради оваа дупка, тоа мене никој не ми го плаќа, јас често пати на работа патувам Охрид – Струга. Навистина е страмота сега доаѓаат туристи и се...
Стружани пред Комисијата за родова еднаквост
Post Views: 9 Податоцитие на глобалнo ниво кажуваат дека сеуште постои нееднаква дистрибуција на ресурси, права и моќ, меѓу мажите и жените. Жените сè уште се соочуваат со нееднаквости во однос на можностите за вработување, добивање плата, пристап до правото на здравствена заштита и негово остварување, правата во бракот и семејството. Речиси во сите сфери на општественото живеење доминантна моќ најчесто ја имаат мажите, велат од Центарот на заедницата Струга, кои денес организираа средба на граѓаните со членовите на Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите...
Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром
Post Views: 12 Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром.Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Откажани се два лета од Истанбул.