Автор: Николоска Биљана
Post Views: 50Експериментирајќи со разни пијалаци и овошја, како и користејќи различни техники при приготвување вкусни коктели, вчера заврши осмото државно првенство на бармени. Во најдобро светло, според оценката на стручното жири кое специјално за ова првенство пристигна од Црна Гора, се покажа гевгеличанецот Методи Перунковски. Тој ќе ја претставува нашата земја на светското првенство во Софија, Бугарија. „Го достигнав врвот на моето барменско работење“ – возбудено изјави Перунковски.„Секој бармен би посакал да ја претставува Македонија на светското првенство, заради тоа што таму...
Се подновија делови од ОУ „Братство Единство“
Post Views: 43САД помогнаа во реновирање на ОУ „Братство Единство“. Денес се одржа свечена церемонија, со што со сечење на лента се одбележа завршувањето на реновирањето на ова училиште преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Помагаме за подобрување на условите во училиштата во Македонија со што фундаментално се подобруваат условите на учениците“, истакна Дејвид Кокс, координаторот за операции во Канцеларијата на атешето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје „Импресивно е што се можеме да постигниме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош за луѓето...
Бармените ја почнаа сезоната во Охрид
Post Views: 48Секој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го...
Расте бројот на заболени од астма
Post Views: 50Инфективна, медикаменозна, поленска, неурогена астма, се само дел од видовите на ова хронично заболување на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Класични симптоми се недостиг на воздух, визинг, стегање на градите. После заминувањето во пензија на д-р Љубица Андонова, која што ги постави темелите на алергологијата во Општа болница Охрид, со посебно залагање на првиот човек на болницата Д-р Љубен Арнаудов почна да работи кабинетот за респираторна алергологија во рамки на одделението за пнеумофизиологија, вели Д-р Славица Петрова. Таа нагласи дека астмата...
Голтаме антибиотици како бомбони
Post Views: 43Во повеќе од половина од сите случаи на респираторни вирусни инфекции непотребно била препишана антибиотска терапија. Ова е загрижувачки податок кој произлегува од истражување спроведено минатата година со кое биле опфатени 107 доктори од примарна медицинска заштита. Денес во Охрид на Првиот Симпозиум за рационална употреба на антибиотици, беа презентирани резултатите од досега обработени една третина од вкупно 12 000 прашалници со епизоди на акутна респираторна инфекција. Доктор Катерина Ставриќ, координаторот на Центарот за семејна медицина нагласи дека симпозиумот се...
Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град
Post Views: 45Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...
СЕММ: Повеќе медиумска саморегулација отколку државна регулација
Post Views: 50Советот на етика во медиумите на Македонија го претстави концептот на саморегулацијата во медиумите, чија цел е поголема професионалност и етички стандарди во новинарството. Во рамките на ова тело од пред четири месеци работи Комисија за жалби каде што граѓаните можат да поднесуваат претставки за непрофесионално и неетичко пишување или подготвување на прилози или емисии од новинари. Но тоа да не биде подоцна од 30 дена од објавување на написот или емитување на новинарскиот прилог или емисија.„ Ова тело е трипартитно и е составено од сопственици на медиуми, медумски...
Одбележан патронот на ОУ „Христо Узунов“
Post Views: 45Со низа манифестации и настани, оваа година општина Охрид ја одбележа годишнината од смртта на познатиот охридски револуционер, војводата Христо Узунов. Со пригодна реч и со доделување награди за најуспешните ученици на објавениот ликовен и литературен конкурс вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ годишнината ја одбележа основното училиште од Охрид што го носи името на Узунов. „Голема чест е да се прославува овој за нас значаен ден – 38 години постоење, растење и развивање, години исполнети со труд, работа, учење, подучување, закитени со многу награди и...







