Автор: Николоска Биљана
Post Views: 49На која возрасна група треба да се даде институционална поддршка при транзицијата од образование до вработување. Ова беше една од темите на презентацијата на проектот за креирање на ефективни можности за младинско вработување која се одржа денес во кафетеријата „Славица“, во организација на Младинскиот Совет на Охрид. Како што истакна Димче Каневче целта е индивидуално да се слушне мислењето на оваа тема на секој учесник, настрана од можностите кои ги дава државата. „За жал констатацијата дека тие треба по завршувањето на своето образование да ја напуштат државата се почесто...
Охридските средношколци повторно на улица
Post Views: 47Охридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот.„Ние по втор пат излегуваме на...
Мала надеж за подобро утре на Линдита
Post Views: 54После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот, на Линдита не...
И Линдита заслужува среќно детство
Post Views: 38Болката на мајката е голема. Ова е мислата што му паѓа на ум на секој човек кога ќе ја види охриѓанката Шерифе Рамадан како секојдневно се бори со немаштијата која се надвиснала над нивниот дом, каде расте нејзината ќерка Линдита која боледува од церебрална парализа. Во една соба со влага, ходник, и купало од бетон цело искршено надвор од куќата, Рамадан вели дека нема никави услови за ја гледа нејзината ќерка. Суровата судбина ми даде болно дете, а и сопругот е со нарушено здравје па грижата за семејството паѓа на мој грб, вели пред камерата на ТВМ, Шерифе.„Момичето во...
Црните точки на Охридското Езеро ќе се решаваат и од македонска и од албанска страна
Post Views: 41Денес во Охрид се одржа завршна конференција на проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“ каде беа сумирани заклучоците од проектните резултати . Главната цел на проектот е да се помогне во управувањето со искористувањето на природните ресурси во сливот на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот, како што истакна Ѓоко Зороски од ЕД Грашница, Охрид. Заклучоците се дека, црните еколошки точки на Охридското Езеро како што биле пред 20 години делумно се решени меѓутоа...
Младите најдобро се разбираат меѓу себе
Post Views: 44Театарската група „Сенки и облаци“ која што работи преку креативната алатка Театар на сенки, деновиве е во Охрид. Преку оваа алатка учесниците од неколку градови во земјава со 6 дневен тренинг сакаат младите да ги едуцираат во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, како што вели координаторот на проектот Катерина Стефановска. „Овие млади по завршување на овој тренинг ќе бидат втората генерација на обучени тренери за работа со оваа креативна алатка Театар на сенки. Нашите активности се многу големи и сеопфатни. Минатиот месец имавме конкурс за изработка на кондом...
Охрид има недостаток на специјалисти
Post Views: 54Охридската болница веќе подолг временски период кубури со млади доктори, специјалисти, за да се потполни ваквиот кадровски дефицит, кој од ден на ден се повеќе доаѓа до израз на одделенијата од Општа болница. Иако Охрид може да се пофали со најсовремениот објект за медицинска заштита, недостатокот на кадри во овој центар претставува сериозен проблем. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, вели дека веќе почнале да вработуваат нови доктори и смета дека овие вработувања се доволно. Факт е дека во општината нема многу доктори, па оттука Арнаудов смета дека се потребни нови...
„Штрајкот – декадентно право на работниците
Post Views: 92Штрајкот како декадентно право на работниците. Вака беше насловен регионалниот семинар кој денес се одржа во хотел Климетица Охрид, во организација на УНАСМ. Претседателот Слободан Антовски истакна дека неолибералната политика во Европа се обидува да го спречи штрајкот како едно од основните права на синдикатите, но пред неполн месец меѓународната конфедерација на синдикатите заедно со работодавачите на Европа успеаа да го задржат правото штрајк на работниците во Европа.„Тука имаше расправа од големи експерти, штрајкот како последен модел на одбрана на синдикатите при...





