Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 49Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле.Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...

Продолжи со читање

strosmaer

Јосип Јурај Штросмаер го задолжи македонскиот народ

Post Views: 100Денес во Охрид се одржа чествување по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, познатиот голем народен добротвор. Иницијативата за едно вакво одбележување во Охрид потекна од  М-р Разме Кумбароски, изјави директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска. Таа истакна дека Штросмаер се што успеал да направи во животот било во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на Миладиновци. За животот и делотo на Штросмаер се обрати М-р Разме Кумбароски и...

Продолжи со читање

jajca

Јагнешко се купува само заради традиција

Post Views: 50Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат 365 денари за килограм. Во споредба со минатата година јагнешкото месо  е поефтино за 30 денари, информираат охридските месари. Гоце Каранџулоски од месарата „МИК“ Св Николе, вели дека поминало времето кога муштериите купувале по цело јагне за Велигден. Годинава не купувале ниту половина, само четвртина од јагнето колку да се...

Продолжи со читање

osvetluvanje

Модернизација на системот за осветлување во Охрид

Post Views: 56Чешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари ќе го модернизира јавното осветлување во Охрид. Постапката за избор на партнер за осовременување на уличното осветлување била долга како што нагласи Димитар Спасески секретарот на општина Охрид, бидејќи била водена по моделот на Јавно приватно партнерство.  Согласно физибилити студијата, Спасески кажа дека приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување и конкретно појасна што ќе биде заменето.„Замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски...

Продолжи со читање

sednica plaosnik

На локалитетот Плаошник ќе никнат зацртаните објекти

Post Views: 42Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник отвори широка дебата помеѓу охридските советници на денешната 38 седница на Совет. Дејан Блажески советникот на ЛДП обвини дека освен политичко експозе на градоначалникот не виделе никаква релевантна информација за Плаошник и како сето тоа ќе се одрази врз Охрид.„Почитувани видовте дека безидејни се, видовте дека зборуваат дека возобновуваат нешто а напротив градат гротескни градби, видовте дека манипулираат со најниските чуства на луѓето а тоа се верските...

Продолжи со читање

pesacka pateka

Течат градежните зафати за пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк

Post Views: 48Градежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза.„Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените...

Продолжи со читање

serdarot

Арифа Малоска се закити со Ловоровиот венец

Post Views: 58Ловоровиот венец го закити вратот на младата ораторка Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“. Со тоа заврши проектот „Ораторски средби“ кој годинава го организираше Одделението за култура при општина Охрид,  по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“. На 25-ти март пред 155 години во Атина со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев и се здоби со епитетот втор Хомер.„Мене најпрво ми беше мило што можам да учествувам на една ваква манифестација ова е најмалку што можам да направам за него бидејќи тој направи многу за македонскиот јазик и оваа...

Продолжи со читање

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 50Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата.„Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Продолжи со читање