Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Изложбата „Дивите билки од мојот крај“, денес во Охрид. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери, деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти. Тука се опфатени слики од флората и фауната на Плаќенската планина, Пелистер, Шар планина и делот од источна Македонија, вели Борис Стојаноски од Грашница.„Изложбата има за цел да го запознае месното со убавините и богатството на нашите планини. Поврзување на луѓето со природата е проект кој вмрежува неколку ЕД од...
Хотел Даљан на праг на сезоната со старите рани
Post Views: 11 Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. На излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата...
Ќе се уредува крајбрежјето од Воска до Даљан
Post Views: 11 Впечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам.Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на...
Средношколци од ЕМУЦ ќе заминат на пракса во Измир
Post Views: 8 Преку проектот ,,Иднината на мекатроника“ група од 9 ученици од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ под менторство на Проф. Љубица Смилевска Мојсовска добија можност да заминат на пракса во турскиот град Измир. Покрај главната цел, обука по мехатроника, учениците ќе имаат можност да го промовираат Охрид и нашата земја вели директорот Јане Цаноски.„Се работи за проект кој вклучува 14 дневна стручна обука на наши ученици во партнер училиште во измир Турција. Во рамките на овој проект учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, нови вештини и компетенции од областа на...
Доделени сертификати за бесплатните курсеви на 32 учесници
Post Views: 11 Одбележана 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Денес во НУ „Григор Прличев“ во просториите на библиотеката на пригодна манифестација беа доделени сертификати на 32 учесници за бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика, организиран од Локалната самоуправа при општина Охрид. Бакрачески во своето излагање до присутните се обрати со краток говор за значењето на нашиот Козма, познатиот Кузман Шапкарев, и воедно на учесниците им ги врачи сертификатите. „Водени од ентузијазмот на нашите предци и предизвиците кои ги...
После 40 години излегоа на површина проблемите во ОУ „Братство Единство“
Post Views: 9 После 4 децении испливаа на површина проблемите на О.У. „Братство Единство“. Азбесните кровови на училишните згради, водоводно канализациониот систем, санитарните чворови, асфалтирањето, осветлувањето, се само дел од проблемите за кои ова училиште веќе подолг период бара решение. Како што истакна директорот на училиштето Муамер Доко, со реновирање на двата објекти би се подобриле условите за работа и престој на нивните ученици и наставниот кадар. „Овие училишни згради се меѓу најстарите, кога реков дека централната зграда е пред 65 години, додека пак зградата во...
Внимавајте на дупките, ќе останете без гуми
Post Views: 11 Огромна дупка на патот од Крушје накај Ресен му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот.„На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги...
Охридското Водно, Чекоштина ќе добие нов лик
Post Views: 20 Охридското Водно, населбата Чекоштина ќе добие нов лик. Како што изјави Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при општина Охрид, планот за Чекоштина бил донесен некаде во 80 сетите години кој бил изработен по старите прописи. Додава дека согласно Законот за просторно планирање должни биле во рок од 4 години сите претходно донесени планови да се усогласат со новиот закон а во тоа влегува и планот за Чекоштина.„Таму е предвидено домување во семјени куќи, во станбени згради една локација за црква и таму ќе се реновира и изгради, предвиден е и еден дел зеленило...