Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Легализацијата и урбанизацијата, причини што не оди бизнисот на агенциите за недвижности

Post Views: 12 Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА  овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад.  Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има...

Продолжи со читање

Средствата за иновации, можност за нов бизнис

Post Views: 9 Добриот изум може да се претвори во успешна иновација. Компаниите и иноваторите денес во Охрид имаа можност да слушнат за финансирање на иновативните проекти и искуствата од регионот. Поддршката од државниот Фонд за иновации треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии, вели Катерина Кречева советник во одделението за подготовка на програми, додава дека преку тековниот оглас ќе се распределат 600 илјади евра за 20 компании. „Би скале да ги охрабриме сите заинтересирани компании или претприемачи кои што сакаат имаат идеја сакаат да развијат...

Продолжи со читање

Превенција за здрав бубрег

Post Views: 15 Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели  Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој  смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег.  Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања.„Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што...

Продолжи со читање

Една година нема автобус до Брежани

Post Views: 16 Веќе една година нема линиски превоз до селото Брежани, кое припаѓа во општина Дебрца. Мештаните велат, жалосно е што во 21 век немаат превоз до родните места каде што имаат куќи, обработуваат ниви а чуваат и по некој сандак со пчели. Тие апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи станува збор за повозрасна категорија на луѓе кои не се во состојба да застанат зад волан и да појдат до саканата дестинација. Брежанецот Цветко Суклоски вели дека градоначалникот на општина Дебрца треба да се ангажира и да пронајде превозник.„Бараме како прво да има барем еден...

Продолжи со читање

Туризам по мерка на гостите во Москополе

Post Views: 34 Али Маноку од албанското село Москополе, вели дека животото го научил на две лекции, да работиш повеќе или да го преспиеш животот. Тој во далечната 2004 година зедно со сопругата и неговиот син отпочнале бизнис.  Маноку вели, дека Москополе е единственото село во Албанија кое нуди различни можности на алтернативниот туризам, посебно поради големите културно историски вредности и големиот број на цркви. За менаџмент за успешен бизнис не треба школо, туку чуство кој бизнис може да биде профитабилен, додава тој. Па така денес Москополе или како што го нарекуваат...

Продолжи со читање

Ѓорги Трпчески доби уште еден мандат

Post Views: 11 Ѓорѓи Трпчески повторно ја доби довербата од 21 месен огранок за претседател на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца. Во една фер и демократска атмосфера од отворен карактер, од 26 до 24 февруари годинава се спроведе постапката за избор на нови раководства во Месните ограноци, Собранието и телата и органи на ЗП од Охрид и Дебрца. Без приговори и забелешки сите месни ограноци одлучија Трпчески и наредните 4 години да продолжи да ја води најголемата и најактивна пензионерска организација препознатлива по своето делување во повеќе сфери а посебно истакната на...

Продолжи со читање

Охриѓани тешко врзуваат крај со крај со месечна плата

Post Views: 11 522 евра или 32 143 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да го преживее првиот месец од 2015 та година. Најголем дел од семејниот буџет граѓаните трошат за исхрана и за подмирување на трошоците за домување и комуналии. Ова го покажуваат  новите податоци за Потрошувачката кошница, што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Четиричлено семејство со само еден вработен кој прима просечна нето плата за да ја наполни потрошувачката кошничка од 522 евра односно да го преживее месецот, ќе му недостигаат уште околу 160 евра. Според последните...

Продолжи со читање

Масажа-подарок за 8 ми Март, зошто да не

Post Views: 7   Во пресрет на осми март денот на жената, може да подарите ваучер за масажа или пак некој модерен козметички третман. Од  Салонот за убавина Изида Спа велат дека младите веќе ги надминале табуата дека масажите и негата на телото се луксуз и најчесто кај нив се обраќаат за различни изненадувања по некој повод.„ Во последно време младите прават девојачка вечер на приер наместо да одат во кафеана доаѓаат со гратиси за своите другарки велнес терапии и уживаат цел ден со шампањ што на крај сето тоа го прославуваат. Значи може и друг начин често се купуваат ваучери за...

Продолжи со читање