Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Се вели дека виното е пијалок на боговите, храна за телото и душата преточено во чаша. И покрај тоа што ние сме винска држава, винската култура кај нас сеуште е на ниско ниво, смета Ангела Крстаноска од ФТУ Охрид. Најновите истражувања што ги спровеле студентите од факултетот покажале дека во охридските угостителските објекти постојат т.н. вински карти кои не се професионално сработени. Па оттука Крстаноска смета дека охридските ресторани мора да ја подигнат винската култура и мора да имаат богата понуда, почнувајќи од локалните, автохтони до светски познати...
Охрид освојува нови туристички пазари
Post Views: 25 Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на...
Пензионерките го одбележаа денот на жената
Post Views: 7 Традиционално и годинава ЗП на Охрид и Дебрца со низа активности пригодно го одбележаа Денот на жената. Во два дела, свечен и хуманитарен, охридските пензионери секогаш се добар пример како треба да се негуваат значајните празници, посебно кога станува збор за денот на жената 8 ми Март. Во името на општина Охрд се обрати заменик градоначалникот на општина, Ангел Јанев. „Јас ја поздравувам оваа нивна иницијатива тие секоја година не забораваат на понежниот пол, на повозрасната генерација, испраќаат една прекрасна порака, кон која и ние се надоврзуваме а тоа е...
Студeнската школа во Исео, достапна за охриѓани
Post Views: 9 Една недела предавања од нобеловци во прекрасното средновековно градче Исео на истоименото езеро во Италија. Општина Охрид се вклучува во афирмација на познатата меѓународна летна школа во Италија преку организирање на учество на студенти од Охрид. Поточно станува збор за учество на студенти кои завршиле економски науки или студенти кои следат мастер студии од областа на економијата , како што појаснува Антонио Балески од Секторот за ТЛЕР. Додава дека сите заинтересирани студенти во период од 20 – 27 јуни годинава, можат да бидат дел од глобалната конференција во...
Опаѓа интересот кај охриѓани за купување станови
Post Views: 11 Големите градежни компании не очекуваат пад на цената на становите. Инвеститорите во моментов се задоволни од продажбата на недвижнини. Како што за ТВМ телевизија истакна Драгана Чифлиганец, извршниот директор на реномираната македонска градежна компанија Адора Инженеринг, во Македонија имало голема побарувачка на станови посебно во Скопје. Како показател за тоа, таа посочи дека само минатата година продале 303 станови а компанијата ја посетиле над 2000 заинтересирани граѓани. Чифлиганец кажа дека задоволни биле и од продажбата на станови во Охрид.„Во Охрид во...
Охридската цреша до јуни годинава ќе биде брендирана
Post Views: 14 Годинава охридската цреша ќе расцути како брендиран производ. Таа се најде меѓу дел од производите кои ќе станат заштитен македонски бренд. Оваа постапка сеуште е во процес на регистрација, доставен е елаборат за заштита на земјоделски производ од страна на Земјоделската задруга охридска черешна, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Елена Тапанџиоска од секторот за квалитет на земјоделски производи вели дека до јуни треба да заврши целата постапка.„Ние формиравме комисија како Министерство, што го оценуваме елаборатот...
Во Охрид поскапе само венчавката
Post Views: 17 Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја. Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари. Дебарско кичевкиот митрополит г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со која раководи зголемена е цената само на венчавките. Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за...
Младите охридски фармери заинтересирани за бизнис во земјоделството
Post Views: 7 По 600 000 денари за младите фармери кои сакаат да отворат свој бизнис. Тие до крајот на март годинава, можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за добивање на овие средства. Станува збор за неповратната парична помош која се однесува на започнување на сопствена дејност. Како што изјави Билјана Ѓорческа, од Агенцијата за поддршка во земјоделството Р.Е. Охрид, еден од условите е младите земјоделци да не се постари од 40 години и да се регистрирани помалку од 18 месеци. „Мора да имаат постоечко земјоделско стопанство односно да бидат...