Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Се урбанизира индустриско развојната зона Мауцкер. Советот на општина Охрид на последната седница го усвои ДУП за оваа зона која опфаќа околу 18 хектари земјиште. Како што истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, за брзо време, 14 те парцели ќе бидат достапни за сите компании кои сакаат да отворат нови или да ги прошират постоечките индустриски капацитети.„Нас особено ќе не радува фактот доколку локалните или охридските компании бидат заинтересирани за изградна на свои капацитети на овој простор, истите да аплицираат и истите да ги добијат, по што...
Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци
Post Views: 6 Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска.„Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...
Охрид се сеќава на ликот и делото на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков
Post Views: 11 Охрид се сеќава на ликот и делото на гемиџијата Марко Бошнаков на 107 годишнината од неговата смерт. Денес по тој повод пред неговата спомен плоча, делагација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот , Гордана Коњановска, претставници на политичките партии и директорот на ОУ Христо Узунов, Тони Симоноски со група основци, положија свежо цвеќе. Дејан Паноски во своето обраќање пред присутните истакна, дека денес уште еднаш треба да се потсетиме на охридскиот и македонски револуционер, Марко Бошнаков, роден во 1874 година во едно тешко време, а...
Охрид домаќин на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“
Post Views: 10 Преку заживување на земјоделските задруги ќе се подобри пласаманот и бенефитот на земјоделските производители во земјава. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ која денес и утре се одржува во Охрид. Цветков рече дека нашата земја има многу направено во однос на земјоделските задруги. Тој потсети дека задругарството во РМ се уште е во некој зачеток. За две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но...
Пастрмката се враќа во водите на Охридскот Езеро
Post Views: 10 Будното око на рибочуварската служба на концесионерот „Пастрмка 2012“, придонесе вештачкиот мрест на охридската пастрмка годинава да биде најуспешен во последниве десет години. Тоа значи постепено враќање и возобновување на овој уникатен вид риба во водите на Охридското Езеро.„Тоа се должи пред се не само на рибарската служба туку и на сите вработени кој што деноноќно ги чуваа плодиштата на охридската пастрмка. Тоа значи дека, иако секоја година го обезбедуваме, три години по ред учествуваме во вештачкиот мрест на пастрмката, оваа година успеавме да собереме 2,5...
Дебрца прави терен за развој на туризам
Post Views: 12 Од година во година се повеќе расте бројот на старите селски куќи кои се прилагодуваат за рурален туризам, каде на гостите им се нуди ноќевање и храна. Една ваква можност имаат и жителите од Дебрца, со оглед на атрактивната местоположба на општината, која се наоѓа во непосредна близина на Охридското Езеро. Но за жал како што информира градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски засега слаб е интересот на дебрчани за преадаптација на објекти за развој на руралниот туризмот.„Проблем е тоа што самите жители на општина Дебрца не пројавуваат некој интерес за адаптација на...
СДСМ бара стопирање на огласот за продажба на атрактивното земјиште под Плаошник
Post Views: 9 Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ бадијала сакаат да продадат атрактивно градежно државно земјиште под Плаошник, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Како што изјави портпаролот Александар Кузески станува збор за градежна парцела на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката во делот од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот зад црквата Св Јован Богослов Канео непосредно над куќите во месноста Канео. Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно...
Мал интерес за откуп на компири и јаболка во Дебрца
Post Views: 11 Мал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни...